Архимандрит Андреј (Конанос) - Како стануваме лажни христијани?
Човекот, кој ни помага да се приближиме кон Бога – е мост. Но, не смееме вечно да стоиме на мостот – мостот не може да биде цел во нашиот живот. Ти одиш, и јас те држам за рака, за да не се сопнеш, да не изгубиш рамнотежа и да не паднеш. Но, колку тоа може да трае? Колку долго треба да те држам за рака, за да можеш да одиш? Твојата главна задача – е да се научиш да одиш самостојно. Ти можеш.