Татко, згрешив против небото и пред тебе... (28.02.2016)
Раководени од благодатта Божја, ние веќе навлегуваме во средиштето на годишниот богослужбен циклус, во најубавиот период од годината, периодот на сладосниот Триод, кој постепено, еден по друг, ни ги открива хоризонтите на небото. Подготвителниот период кој започна од минатата недела, ни дава можност да се подготвиме за што подлабоко да го почувствуваме оној другиот период на Триодот, Големата Четириесетница.