Колку голема радост за нас е тоа што Господ, не само што ни ги простува гревовите, но и Самиот Себеси ? се дава на душата да Го познае, кога таа се смирува. И најбедниот може да се смири и да Го познае Бога со Светиот Дух. Не се потребни ниту пари, ниту имоти, за да се познае Бог, туку само смирение. Господ се дава Себеси за бадијала, само заради милоста. Порано јас не го знаев тоа, а сега секој ден и час, секоја минута, јасно ја гледам милоста Божја. Господ дава мир дури и во сон, а без Бога нема мир во душата. На мнозина, заради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие мислат дека многу знаат. И што им вреди нивното знаење, кога не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и заради што се губи. Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сe ќе ни покаже, како татко кој ги љуби своите деца и сe им покажува.
- Свети Силуан Атонски