логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Крштението е света тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе, кој бил унакажан од гревот. Исто така, преку крштението се влегува во Црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5). Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови. Со самото примање на крштението се станува член на Телото Христово – Црквата.

Тајната на Крштението ја востановил Самиот Спасител кога по Своето воскресение им дал заповед на апостолите: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Мат. 28, 19). Он и со својот пример го осветил крштението, примајќи крштение од Јован.

Тајната на крштението може да се изврши над секој кој има вера, а се кае за своите гревови. Тоа се гледа од зборовите на Самиот Спасител и на светиот апостол Петар. Спасителот вели: „Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен“ (Марко 16, 16), а апостолот Петар вели: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух“ (Дела 2, 38). Затоа возрасниот при крштевањето ја исповеда својата вера со читање на Символот на верата. А кога се крштеваат деца, кои не се во состојба да ја исповедаат својата вера, тогаш наместо нив тоа го врши кумот, читајќи го Символот на верата. Затоа и кумот зема обврска, да го научи кумашинчето, кога ќе порасне, на вистините на православната вера и на побожен живот.

Во чинот на крштение најважно дејство е трикратното потопување во вода на оној кој се крштева, при што свештеникот ги изговара зборовите: „Се крштева слугата Божји (се кажува името кое го дава кумот) во името на Отецот – амин, и Синот – амин, и Светиот Дух – амин“. Ова потопување означува погребување на стариот и воскреснување на новиот човек, зашто ја претставува смртта и воскресението на Спасителот (Рим. 6, 3-11).

Крштението не се повторува, зашто тоа е духовно раѓање; и како што човекот еднаш се раѓа, така и еднаш се крштева. Затоа и се вели во Символот на верата: исповедам едно крштение.

Право за вршење на оваа света тајна имаат епископите и свештениците, како наследници на светите апостоли. Во краен случај крштението може да го извршат и ѓаконите, па дури и обични верници, кои се крстени во православната црква. Во таков случај, крштеникот три пати се потопува во вода, при што се изговараат зборовите: „Се крштева слугата Божји (се кажува името) во името на Отецот – амин, и Синот – амин, и Светиот Дух – амин“. Ако крстениот на овој начин остане жив, свештеникот го дополнува крштението, вршејќи го цел обред на крштението, освен трикратното потопување. (Крштението се врши со потопување во вода; само во краен случај, ако нема вода, и во некоја друга итна ситуација, крштението може да се изврши со истурање вода одозгора или попрскување.)

 

Миропомазание       

 

Миропомазанието е света тајна во која преку помачкување со свето миро на одредени делови од телото, во името на Светиот Дух, му се даваат да крстениот посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, просветлуваат и усовршуваат во духовниот живот. Всушност со светото миропомазание верникот го добива Светиот Дух и Неговата благодат.

Овие дарови на Светиот Дух ја исполнуваат сета душа, ја просветлуваат и ја оспособуваат за правилно разбирање на главните вистини на верата и за животот во нив. За ова светиот апостол Јован им вели на христијаните: „А вие имате помазание од Светиот, и знаете сè. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината“ (1. Јн. 2, 20-21).

Во светата тајна миропомазание христијанинот се исполнува со силата на Светиот Дух и се запечатува во новиот духовен живот. Затоа светиот апостол Павле вели: „Бог е Оној, Кој нè утврди со вас во Христа и нè помаза; Он и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2. Кор. 1, 21-22). Оттука и ние сме „запечатени преку ветениот Свети Дух“ (Ефес. 1, 13). На тоа укажуваат зборовите кои се изговараат при вршењето на тајната миропомазание: „Печат на дарот на Светиот Дух“.

Во оваа света тајна се помазуваат: челото – за осветување и просветување на умот; градите – за осветување и просветување на срцето; очите, ушите, устата – за осветување и просветување на надворешните сетила; рацете и нозете – за осветување и просветување на севкупната дејност и однесување на христијанинот.

Помазувањето се врши со свето миро. Тоа е густа течност, составена од чист елеј, вино и многу други миризливи состојки, и осветена од епископите. Правото за осветување миро им припаѓа само на епископите, а правото за вршење на светата тајна миропомазание им припаѓа на епископите и на свештениците.

 Помазувањето се врши веднаш по крштението, или во случај, кога некој, кој бил крстен во Православната црква, ќе отпадне од верата, и ако сака пак да се врати во светата православна црква, бива приман назад во црквата преку миропомазание, за да се утврди во верата преку печатот на дарот на Светиот Дух.  

 

http://preminportal.com.mk/polezno-i-potrebno/2135-sveta-tajna-krshtenie-miropomazanie-prichest

 

ТАЈНАТА НА СВЕТОТО КРШТЕНИЕ. 

Што е крштение?      
О.  Крштение е миење на првородниот грев, а кај возрасните и личните гревови.
     
П.  Што ни донесува крштението?      
О.  Ни ги отвора дверите на царството небеско.   
   
П.  Каква е материјата со која се изведува оваа тајна?      
О.  Обична, чиста вода со ништо непомешана.    
 
П.  Која е формата на оваа тајна?      
О.  Следниве зборови: „ Се крштева работ Божји  (или рабинката Божја) (се кажува името), во Името на Отецот, Амин и Синот, Амин и Светиот Дух, Амин. Амин, го вели кумот.
      
П.  На што треба да се внимава во оваа тајна?      
О.  Кумот и свештеникот да се од православната католическа вера.
      
П.  Може ли обичен човек да крсти дете?      
О.  Може, но само во преголема крајна и смртна нужда, употребувајќи вода и велејќи ги зборовите: Се крштева работ Божји... итн
.      
П.  Дали во таков случај свештеникот е должен повторно да го крсти детето и да ги врши кршталните молитви и обреди?      
О.  Повторно да се крштава не е потребно, но неопходно е да го помаза со миро со одреденото чинопоследование.
     
П.  Може ли оваа тајна да се повторува?      
О.  Не.
      
П.  Зошто ние се раѓаме во грев?      
О.  Затоа што кога Адам згреши, тогаш и ние згрешивме со него, зашто како родени од него, постанавме грешници.
     
П.  Како ја стекнуваме благодатта Божја во крштението?      
О.  Со очистувањето на прародителскиот престап и со очистувањето на подоцнежните гревови напра- вени до крштението човекот постанува син Божји и наследник на благодатта на Светиот Дух.
     
П.  Можно ли е во една вода да се крстат повеќе деца?      
О.  Можно е, како што е тоа укажано во житијата на светите, особено во житието на свети маченик Севастијан (види Мин. 18 декември) .
     
П.  Што е потребно да внимаваме по тајната на крштението?      
О.  Бидејќи по крштението постанавме синови Божји, ние се одрекуваме од сите ѓаволски дела и ветивме дека ќе му служиме на Христа; според тоа сме должни до последната воздишка да го вардиме тоа што го ветивме на крштението.
     
П.  Колку вида крштенија има?      
О.  Три:
 
1) со вода,
2) со желба и
3) со крв.
 
Со вода се крштаваме според одредбата Христова, со желба и со крв се крштаваме преку мачеништвото при што го стекнуваме царството небеско поради нашето исповедување на Христа вистинскиот Бог и поради на шето  страдание.  Исповедувањето  и страданието придружени со желбата за крштение го заменува водното крштение во часот на смртта на маченикот.
Постави прашање

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная