СЛЕГУВАЊЕ ВО АДОТ
Во текот на минатиот месец погребав шест деца од болницата, каде што секоја сабота служам Литургија. Пет момчиња: Женја, Антон, Саша, Алјоша и Игор. И една девојка – Женја Жмирко, седумнаесетгодишна убавица. Од неа на иконостасот во болничката Црква остана икона на светиот великомаченик Пантелејмон. Таа почина од леукемија. Умираше долго и мачно, не и помогна ништо. И овој месец не е ништо поразличен. Пет детски гроба за еден месец – тоа е статистиката