Излезе од печат книгата „Внатрешен човек: Огледи за мирјанското православно богопознание“ од проф. д-р Венко Андоновски (16.12.2021)
Но јас веќе ги имав читано Браќа Карамазови и Идиот, и веќе добро ја знаев срцевината на Достоевски – верата во Христа. Ја знаев и уште тогаш ја користев неговата максима: и кога би ми докажале дека вистината е надвор од Христос, јас и натаму би останал со него, а не со вистината. Ја користев повеќе од суетната потреба да покажам дека сум пред моите врсници во нешто, отколку како верна молитва на моето срце.