† СОБОР НА СВ. АРХИСТРАТИГ МИХАИЛ И НА ДРУГИТЕ БЕСПЛОТНИ СИЛИ
„Денес радосно се веселат сите краишта на земјата, празнувајќи го чесниот спомен на Твоите архангели, Боже, - божествениот Михаил и богомудриот Гавриил; со нив се радуваат и сите ангелски чинови, зашто светот се запазува со нивната заштита“ (песна од Канонот на Утрена на Собор на св. Архистратиг Михаил и другите бесплотни Сили).