На 13. 03. 2016 година – Прочка (Недела сиропусна; преподобен Јован Касијан, преподобен Варсонуфиј) во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово.
Истиот ден, во истиот храм, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот Пастироначалник и од свештенослужителите.
Извор: Брегалничка епархија