Арх. Хризостом Пападаки: Украденото Бог не го благословува
Денес многумина се богатат на нечесен начин: Или преку крадење од некого, или преку кратење на платата на вработените, што е рамно на крадење, и потоа, стекнатиот имот (куќи, станови) бараат да им бидат осветени, мислејќи дека со тоа ќе им се прости гревот или уште подобро, би им се легализирал. Но, примерот кој следи ни дава јасно до знаење на сите, дека она што е украдено, не може да биде благословено, и поради тој грев, така стекнатиот имот не може да добие благослов Божји.