Чудата на Пресвета Богородица (II дел )
Подоцна, кога пак завладеало православно христијанство, истиот човек одново ја украсил својата црква со свети икони и со други украси и направил бања при црквата. Додека бил жив тој човек, ја чувал и ја украсувал црквата, а особено бањата што покажувала лековито дејство на оние што се миеле со чиста и цврста вера. Но кога умрел Антониј, бањата запустела и многу од мермерните плочи се разнесле, немајќи кој да се грижи за неа. Црквата му била доверена на еден свештеник да ја чува.