логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СКИЦИ ЗА ЧОВЕКОТ

Обично се зборува кои услови треба да ги исполни Македонија за да стане членка на ЕУ. Но никој не зборува кои услови треба да ги исполни ЕУ за да стане Македонија нејзина членка. А има барем еден, без кој Европа не ја заслужува Македонија: ЕУ треба да научи да прави мезе. Да ја разбере метафизичката и чувствена содржина на тој изворно ориентален, а потоа и македонизиран ритуал. Без тоа, ЕУ и Македонија никогаш нема да се разберат. Со други зборови, Европа треба да го научи она што пред дваесетина години го научи Дејвид Боуен, симпатичен Британец, кој како од небо да падна на нашиот Филолошки факултет, како лектор по англиски јазик. Остана во сеќавањето како еден од најдобрите лектори на Катедрата за англистика (покрај веќе легендарните Пеги и Греам Рид и Ричард Гофран), но и како човек што, како и споменатите тројца, многу брзо се „помакедончи“ и разви силна љубов кон Македонија и Македонците. Овој тогашен младич, висок, сув како ластегарка и со тен карактеристичен за британската магла и пабовите, научи македонски за неколку месеци. Ја засака македонската жолта, засака една Наташа со која подоцна се ожени, а нѐ засака и нас, професорите на Филолошкиот факултет, како да сме негово семејство. Подоцна разбравме дека избегал од Британија зашто неговиот „медитерански“ темперамент не бил најдобро разбран од најблиските.

Лекторот Дејвид Боуен беше легенда на нашиот факултет. Од многуте анегдоти, ќе искористам само една. Кога учеше македонски, во тие први три-четири месеци, тој, за разлика од многу Македонци, сфати дека секоја јазична грешка скапо чини. Еден ден дојде во факултетското бифе со видливи траги од пет прсти на левиот образ. Седев со професорот Гане Тодоровски кога Дејвид седна и збунет ни раскажа што се случило. Тие денови низ Македонија маршираа странски мисии што се грижеа за мирот. Некои весници тенденциозно пишуваа дека тие војници се непријателски и ги предупредуваа македонските девојчиња да внимаваат, зашто странците нудат пари за да ги спознаат рајските сласти на љубовта, а најверојатно пренесуваат и сексуални болести. Е тоа утро, Дејвид застанал на трафиката кај МАНУ (сега е урната) и ја прашал убавата продавачка, на македонски (со англиски акцент), дали имаат цигари „57“ (му беа омилени). Таа му дала, тој тргнал накај Факултетот, но установил дека нема запалка.

Ама немал веќе ни пари. Затоа се вратил кај девојката и со оној негов секогаш конспиративен поглед, нетипичен за индискретните Македонци, ѝ рекол дека нема запалка. Па ја прашал дали таа има. А таа му плеснала таква шлаканица што образот му се вжарил до увото. Дејвид прашуваше: „Зошто девојката ми удри шлаканица?“ Јас и професорот гледавме во него збунето. И кога професорот го праша Дејвида што точно ѝ рекол, тој рече: „Ѝ реков дека немам никакво воспаление, дека немам пари, и ја прашав дали таа има воспаление, па да ми даде.“ И, кога по урнебесно смеење професорот му рече дека „воспаление“ не е запалка, Дејвид се плесна по челото. Девојката најверојатно помислила дека ја прашува дали е гинеколошки чиста и дека ѝ бара секс, иако нема пари. „Другпат барај кибрит, не запалка“, го посоветува професорот Гане.

Е тој Дејвид, тој македонољуб од Британија го барам секогаш во лицата на европските напудрени ментори што доаѓаат овде да ни солат ум како што ние солиме зелка пред да ја ставиме да се кисели во каца. И не го наоѓам. На нивните лица наоѓам само суета како хемороид пред пукање. Од нивните гримаси се чита дека нѐ сметаат за дивјаци. Имав една таква многу непријатна средба, на која под маската на „незадолжителен интелектуален разговор“ мене и група македонски интелектуалци нѐ пердашеше лично Кристијан Даниелсон, поради нашето македонољубие, кое нему му личело на национализам. А тоа македонољубие не беше ништо поголемо од она на Дејвид Боуен. Мизерија: човек на толку висока европска позиција, а не разликува патриотизам од национализам и шовинизам.

Дејвид брзо го замени вискито со македонска жолта и тогаш се соочи со еден од најважните културни кодови на Македонецот, мезето: симболот на неговата богата сиромаштија. Како од две-три градинарски култури да направиш раскош за сите папили и сетила на устата? Па уште да го ставиш во една колективна чинија од која секој црпе колку што му треба (не повеќе од потребното!), тренирајќи ја највисоката мудрост во животот – воздржаноста. Оти мудроста и не е ништо друго туку да го земеш само најнеопходното – сѐ друго е вишок што оптоварува и расчовечува. По тоа, мезето е спротивно на капитализмот, кој граба повеќе од потребното. И да – не е мезето во чинијата и во продуктите, ниту во нивниот број, ниту во нивната екстравагантност, туку во разговорот меѓу оние Што мезетат. Опуштено, со аргументи, со слушање на другиот. Мезето е највисока школа на демократијата: осет и чувство за другиот.
Никогаш нема да ја заборавам сцената кога Дејвид првпат направи мезе кај него дома. Откако нѐ послужи со македонска жолта, од кујната донесе огромна чинија со големина за мегапица. На неа, на четири страни, како да се тоа страните на светот, имаше ставено по една четвртина варено јајце, по една четвртина краставица и по една мала лажичка рендана свежа зелка.

Повеќе празно одошто полно. Гордо погледна и со некаков свечен поглед рече: „А?!“ Беше јасно дека лекторот ќе мора да оди на поправен испит. Ние, тројцата гости, го зедовме мезето, го зедовме и Дејвид за рака и влеговме во кујната. Потоа сето тоа го туривме во една длабока чинија. Нарендавме уште една цела зелка, исечкавме краставички, дотуривме уште три-четири варени јајца, и сето тоа го измешавме во заедничката чинија. Потоа се вративме и седнавме.
Дејвид брзо сфати дека неговиот прагматизам и западното индивидуалистичко воспитување пресудиле да направи не едно заедничко мезе, туку четири мали закуски. Сфати дека со тоа е промашена колективистичката филозофија на мезето. Брзо се разбравме, зашто ги имаше читано и „Ориенталзимот“ на Едвард Сајд и есејот на Клод Леви Строс за готвачкиот триаголник, па му беше позната тезата дека култното варено пиле послужено во Лондон ја отсликува културолошката штедливост на Британците, наспроти печеното прасе на балканскиот човек, кое е културолошка слика на расипништвото: хранливите материи се губат при печењето, за разлика од варењето. Мезето, пак, е нешто трето: расипништво на сиромаштијата, максимален минимализам, рембоовско растројство на сетилата речиси од ништо. Кога завршивме, Дејвид само рече: „Јасно, јасно“. Од тој ден стана мезе-мајстор.

Затоа, Европејците, пред да ја примат Македонија, ќе мора да се откажат од прагматизмот и од западниот егоизам, кој неоправдано го викаат „индивидуализам“. Далеку се тие од личност. За нив личност е човек што е послушно шрафче под контрола, вградено во огромната бирократска метафизичка машина наречена ЕУ. Не разбираат дека најсилните личности имаат смисла за колектив: за Другиот, различниот, за мезе. Ете, тој услов треба да го исполни ЕУ за да нѐ прими. Затоа, полека. Ќе им треба доста време. Да нѐ разберат и како луѓе и како култура, не само како политичка машина.

П.С.: Само што ја завршив колумнава, ја здогледав новата тетратка на син ми. На корицата е Елвис Присли, со цитат: „Талентот е она што може да ги продаде вашите чувства“. Е тоа е разликата. Кај нас талент е да ги изразиш чувствата, не да ги продадеш.

 28.07.2020 год.

 

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная