Скопје,2ри август 2020 г.-храм на св.Јован Крстител, н.Бутел
На 2ри август 2020 година, во осмата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на св.пророк Илија,Страдањето на светите славни Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, свштеникот Јован Трпковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Бутел. На певницата молитви кон Бог принесе Стефан Гоговски, асистент при ПБФ„Св.Климент Охридски“-Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот го прочита Илинденско послание 2020 .
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сe заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
2ри август 2020 лето Господово