Golden Eye за директорот на фотографија Наум Доксевски
Директорот на фотографија, Наум Доксевски, ја освои наградата Golden Eye во категоријата Најдобара студентска работа, на фестивалот за филмски и ТВ сниматели Golden Eye, кој викендов се оддржа во Тлибиси, Грузија, за својот дипломски краткиот игран филм “Враќање”. Наум Доксевски е дипломиран филмски и ТВ снимател во класата на проф. Апостол Трпески на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како директор на фотографија досега има потпишано пет краткометражни играни и неколку документарни филмови.