Монах Мојсеј Светогорец († 2014): Молчанието кое зборува (трет дел)
Oтците подвижници инсистираат да ставиме една полезна бариера на јазикот. Авва Амон вели дека горењето на срцето, духовната топлина се гаси поради завлекувањето со суетни зборови. Човек не може да има умилителна и чиста молитва навечер, ако цел ден го озборува целиот град. Суетното зборување го нарушува вниманието, ја намалува енергијата, го задржува духовното возвишување,