ПРВА ЉУБОВ, ПРВА СВЕТЛИНА
Тргнав, надалеку да патувам,
Не знам ни самиот каде,
Но знам, „Зошто“?,
Не сум ко некој,
Што одговор не знае да даде.
Ја барам мојата прва љубов,
Меѓу сите љубови други,
Оти беше поинаква,
Неспоредливо привлечна,
Убава…
А како дојде?
– Не знам.
Од никаде ми се појави,
Така тивко, сама, неповикана.
Сето време,
Криејќи се длабоко во мене.
Како оганче, од кандилце
Како светлинка, од светулка.
Мојата прва љубов,
Моја светлина.
Првата светлина доаѓа,
Така тивко, сама, неповикана.
Сето време,
Криејќи се длабоко во нас.
Надалеку патувам,
А ветрот разлетал зборови разни,
И некоја чудна рима нуди,
Се колнам,
Пробувам, најдобро што знам,
Но, завршувам песни безброј,
Со стихови празни.
И не битно ми е,
Што поглед скаменет имам,
Во светлината топла на залезот.
Единствената пурпурна светлина,
Што пријатно грее,
Како пламенот во Неговите очи,
Што ја разгоре светлинката моја,
Која во момент,
благодат почна да точи.
И животот ми стана патување,
Кон првата љубов трагање.
Патувам, тагувам,
Се надевам, радувам,
За мојата прва љубов,
Моја светлина.