Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )
Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е Тој што принесува и Се принесува, Кој прима и Се раздава. Епископот вели: „ангел на мирот, чувар на нашите души и тела“, и секој човек е посетен, а секој демон отстапува – додека повторно не биде повикан. „Простување и разрешување“, и секој грев е простен – додека повторно не биде направен. „Сѐ што е добро и полезно за нашите души и тела“, и сѐ на добро се менува – додека ние не го промениме, по наше. „И направи го овој леб чесно Тело Христово, а што