4ти декември 2020 лето Господово
Десет идеални никогаш, никому и никого
Никогаш
1. Не се препирај.
2. Не го повишувај гласот.
3. Немој да паѓаш со духот.
4. Не очајувај.
5. Не се прејадувај и не се опивај со вино.
6. Не лажи.
7. Не се гневи.
8. Не барај возвраќање и благодарност за доброто.
9. Не прифаќај и не отфрлај нешто категорично.
10. Не се возгордевај.
Никому
1. Не завидувај.
2. Не ласкај.
3. Не се одмаздувај.
4. Не му зборувај груби работи.
5. Не ветувај она што не можеш да го исполниш.
6. Не се фали.
7. Немој да му бидеш на терет. (Доколку е можно)
8. Не му го памети злото.
9. Не одговарај со зло на злото, туку со добро.
10. Не го посакувај она што не си го посакуваш себеси.
Никого
1. Не навредувај.
2. Не презирај.
3. Не се гнаси.
4. Не лути.
5. Не исмевај.
6. Не осудувај.
7. Не го сметај за полош од себе (туку обратно).
8. Не го оставај без должно внимание.
9. Не оговарај.
10. Не го претворај од смртник во свој идол.
Што сака и што не сака човек
Што сака човек:
Добар однос према себе.
Почит, љубов.
Бескрајно среќен и млад живот.
Слава, пари и богатство.
Сите можни задоволства и забави.
Среќа во семејството.
Вкусна храна.
Накит, убава и модерна облека.
Одмор. Патувања.
Многу имот.
Да има одлично здравје.
Брзо задоволување на своите желби.
Да остава добар впечаток на другите.
Што човекот не сака:
Грубост, потценување во односот према него. Невнимание.
Омраза и гнев од страна на другите. Да старее, да боледува и да умре.
Да биде во сенка и незабележан.
Сиромаштија и беда.
Досада и едноличност.
Семејни расправии и раздор.
Гладување.
Да биде лошо облечен.
Напорна работа.
Непрестајно престојување на едно место.
Да има малку.
Да доживува физичка болка и страдање.
Исчекување.
Да изгледа лошо.
*********
Парадоксот се состои во тоа дури и доколку човек би добил се што сака, тоа не му гарантира среќа. Од друга страна дури и доколку му се случува се она што не сака, тој може да биде среќен.
Владимир Константиновиќ Невјаровиќ
ТЕРАПИЈА НА ДУШАТА
Светотечка психотерапија
Подготви: Светлана Димовска
4ти декември 2020 лето Господово
П.П. 2011-01-22 05:29:11