Владика Методиј: Колку останавме писмени? (25.08.2015)
Мислам дека нема пофашистичка идеја од тоа де се биде доволен во нешто. Доволно писмени. Што значи тоа? Доволно писмени за да не лаеме? Доволно писмени за да можеме да прочитаме каде е влез, а каде излез во автобусите, супермаркетите и слично? Доволно писмени за да стигнеме да ги прочитаме двата реда саб-тајтал на шпанските серии и српските реклами (кои од некои носталгични или метафизички причини немаме доблест да ги надсинхронизираме)?