Божикно послание на Архиепископот Охридски и Македонски † СТЕФАН (04.01.2016)
Оној, Кој предвечно постои, се роди кога се исполни времето.[3] Бог ја прими нашата плот, нашето човечко тело, за да го возобнови и исчисти од гревот нашиот извалкан образ и, како созданија подложни на смртта – да нè обесмрти. На овој ден, Синот Божји воспостави нова заедница со целото човештво. Бог стана човек – се вочовечи, за човекот да го соедини со Себеси.