На 28.04.2016 година, на Велики Четврток, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше вечерна со Василиева литургија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски, Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. По литургијата беше извршен маслосвет.
Извор: За Преминпортал, Синиша Георгиев, Тетовско-гостиварска епархија