Зoштo нарoдoт и слугитe пoвeрувалe, а кнeзoвитe и книжeвницитe нe пoвeрувалe?
Затoа штo нарoдoт и слугитe сe смeталe сeбeси за мали и нeпoзнати, та нeмалe ни лична гoрдeливoст, ниту пак завист кoн Христа. Нарoдoт и слугитe бeз злoба и прeдрасуди ги глeдалe бoжeсвeнитe чуда, и ги слушалe бoжeствeнитe збoрoви и сe чудeлe и сe радувалe. А кнeзoвитe и книжeвницитe сe смeталe сeбe си за први вo нарoдoт и вo свeтoт,
Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’.
Во средата, 25.02.2015, кога се слави споменот на Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски;Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски и Света Калија, во манастирот на Свети Прохор Пчински се отслужи Литургија на Претходноосветени дарови, на која верните, кои го понесоа подвигот на тримирот од тридневното лишување од вода и храна, се причестија со претходноосветените Христови Дарови.
Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот.
„ Безнадежноста е загуба на свеста дека Бог сака да ни даде вечен живот. Светот живее во безнадежност. Луѓето самите себе се имаат осудено на смрт. Животот на светот е устроен околу некоку човечки страсти, а духовниот живот се наоѓа на периферијата. Должни сме да направиме пресврт во ваквата состојба на работите, да го поставиме духовниот живот во срцето на нашиот живот.
Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.
Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува.
Во средата од првата седмица од Великиот Пост (25 февруари 2015г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
На 25.02.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со ереј Александар Стојановски и ереј Марјанчо Мадевски отслужи Литургија на предходно осветените дарови, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.
Господ му дал на човекот голем дар. Тој е слободен да избира: ако сака, влегува во рајот, ако не сака, не. Бог не го турка таму насилно. Ако повикуваш кон Бога, Тој ти помага, ако не повикуваш, не. Треба непрестајно да ја просиме, во секој миг, Неговата помош, Неговата милост, за да се смириме. Бог постојано не повикува: „Дојдете при Мене, сите изморени и обременети од гревот“,
Колку е докажана и безброј пати потврдена вистинитоста на сите Христови зборови! „Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“. Го знаат ова и го искусиле во своите животи сите христољубиви души; знаат тие дека не само земната храна го одржува животот на човекот, туку, уште повеќе, небесната – храната што ни доаѓа непосредно од Бога.
“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји,
излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo
благoдарнoст;
Ако ти кажам, да постиш почесто.се правдаш со слабоста на телото.
Ако ти кажам, дај им на сиромасите, ми велиш дека и ти си сиромав и имаш деца за гледање.
Ако ти кажам да доаѓаш редовно на црковните собранија (Литургија), ми велиш дека имаш разни грижи.
Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е пак, на молитвата да ѝ претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108, 7)
Господи, јас овој човек го носев сиот свој живот, затоа што ми беше жал да загине. Сега Ти прости му, заради мојата прошка“.
„Боже, прости ми ако некогаш сум неблагодарен!“
Тоа што многу силно ме растажува е нехристијанското срце, лошото срце, кое не сака да прости. Срце кое Му се противи на Бога, зашто не сака да прости и нема намера да простува, од една страна има дрскост и понатаму да ја изговара молитвата Господова; „....И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници...,“а од друга, со срцето и умот војува со ближниот.
За време на Велигденскиот пост, Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.СТЕФАН ќе богослужи или ќе присуствува на светите Литургии во следниве храмови: Недела Сиропусна (22.02.2015) – Архиерејска Златоустова литургија во манастирот
„Св.вмч. Георгиј“ – н. Кисела Вода