Во Четвртокот на 25 јули, околу 23:00, на часот на четириесеттиот ден од упокојувањето на старецот Јустин, тој ги утеши своите духовни чеда со чудо во внатрешноста на клетката во која тој ги помина последните три години од својот живот и каде што тој се упокои.
Ќелијата на старецот беше отворена за посетители од 25 јули. На фотелјата на старецот, од која тој ги слушаше исповедите, го благословуваше и помазуваше верните, сега стои голема фотографија од него.
Таа вечер на неговиот четириесети ден од упокојувањето кога некои монаси и мирјани се молеа во ќелијата на старецот, фотографијата почна да пушта миро точно на местото каде што неговата рака дава благослов.
Ова се повтори, исто така, и следното утро, кога некои верници се молеа во неговата ќелија, клекнати пред фотелјата во која Старецот ги слушал неволјите и страдањата на луѓето.
Овој прекрасен знак на верата и утех, (во ова време на апостасија), се случи за да се покаже дека старецот се уште се слуша и ни помага.
Извор: Mystagogy
Поврзана вест: http://www.johnsanidopoulos.com/2013/06/testimonies-of-miracles-following.html
Преземено од: http://www.prohor.org/%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%86-%D1%98%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%BF%D0%B0%D1%80/#comment-1435