Свети Макариј Велики - Состојба на подвижништвото (18.06.2017)
Како што на коработ, ако е добро опремен, со целата посада управува капетанот на бродот: тој на секого му кажува и му наредува што треба да прави; така и нашето срце има свој раководител и заповедник – тоа се умот и нашата совест, како и нашите помисли, кои нѐ осудуваат или оправдуваат. И светиот апостол пишува и вели: „Нивната совест им сведочи за тоа и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат“ (Рим. 2, 15).