логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


БОЖИК


УТРЕНА


✜✣✜

Тропар, глас 4.

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, светот го озари со светлината на богопознанието; преку неа служителите на ѕвездите, се учеа од ѕвездата да Ти се поклонуваат Тебе – Сонцето на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти.


✜✣✜

Седален, глас 1.

Заради нас доброволно се положи во јасли бесловесни, како дете, долготрпелив Спасителе, а пастирите со ангелите Те воспејаа, викајќи: Слава и похвала на Христа нашиот Бог, Кој се роди на земјата и ја обожи природата на земнородните.

✜✣✜

Седален, глас 3.

Предвечниот и недостижен, едносуштен со Отецот, во утробата си Го носела по тело, Богородице, едното и неслеано божество на Троица. Твојата благодат, сепеана, засветли во вселената, затоа непрестајно викаме: Радувај се, Чиста Дево Мајко.

✜✣✜

Величание: Те величаме, животодавче Христе, Кој заради нас се роди сега од незаневестената и пречиста Дева Марија.

Избран псалм:

Воскликни Му на Бога, земјо цела. Воспојте го името Негово. Воздајте Му слава и похвала. Кажувајте ги сите Негови чудеса. Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои. Нека се развесели небото и да се возрадува земјата. Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име. Неговото дело е слава и великолепие. Тој му испрати избавување на Својот народ. Свето е и страшно името Негово. Од Сион, кој е врв на убавината. Нашиот Бог е горе на небесата; врши сѐ, што сака. Тој ќе ме повика: Ти си Мој Отец. И јас ќе го направам првороден Син. Повисоко од земните цареви. И нека Му се поклонуваат сите цареви. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!? Ти си Бог, Кој прави чудеса. Со Твојата крепка рака ги распрсна непријателите Свои. ( Те родив уште пред да постои ѕвездата Деница. ) Се заколна Господ и нема да се покае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков. Господ Ми рече: Ти си Мој Син. Јас денес Те родив. И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство. И краиштата на земјата – во Твое владеење. Во свитокот на книгата за мене е напишано. Твојот престол, Боже е вечен. Жезолот на правдата е жезол на Твоето царство. Затоа, Бог, Твојот Бог, Те помаза со миризливо масло на радоста. Зашто Твои се сите народи. Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин. Слава, и сега: Алилулаја (3 пати).

✜✣✜

Седален, глас 4.

Дојдете, верни, да видиме каде се роди Христос; да го следиме патот по кој врвеше ѕвездата со мудреците – источните царевите. Таму ангелите Го воспеваат непрестајно, пастирите свират песна достојна, велејќи: Слава во висините, на Оној што денес се роди во пештера од Дева и Богородица, во Витлеем јудејски.


✜✣✜

Канон, творба на господин Козма, чиј акростих е: Христос се вочовечи; она што беше, тоа и остана – Бог.


Песна 1.

Ирмос: Христос се раѓа, славета Го; Христос доаѓа од небото, пресретне Го; Христос е на земјата, возносете Го. Пеј Му на Господа, цела земјо, и весело пофалете Го, луѓе, зашто се прослави.


Човекот, кој некогаш беше образ и подобие на Бога, поради гревот стана подложен на распаѓање, и отпадна од божествениот живот, сега мудриот Создател повторно го обновува, зашто се прослави.


Кога Создателот виде како пропаѓа човекот, што Он со Своите раце го создаде, ги приклони небесата и слезе, откако се воплоти од божествената и чиста Дева, примајќи ја навистина целата негова природа, зашто се прослави.

Христос Бог, Кој е мудрост, Слово и сила, Син и слава на Отецот, скришно од небесните и земните сили, се вочовечи и нас нѐ обнови, зашто се прослави.

 ✜✣✜


Песна 3.


Ирмос: На Синот, роден пред вековите од Отецот нетлено, а во последно време воплотен од Дева бессемено – на Христа, нашиот Бог – да Му запееме: Свет си, Ти, Господи, Кој го издигна нашето достоинство.


Адам, чија прашина општеше со здивот божествен, и кого женската лага го одвлече од распадливоста, гледајќи Го Христа роден од жена, викаше: Свет си, Ти, Господи, Кој заради мене стана сличен на мене.


Христе, Кој прими облик на просто создание од кал направено, и Кој зеде учество во нашето бедно тело, кога му ја додаде божествената природа, стана човек и остана Бог, Кој го издигна нашето достоинство. Ти си свет, Господи.


Весели се, Витлееме, цару на градовите Јудини, зашто Пастирот на Израилот, Оној што е носен на плеќите херувимски, Христос, Кој од тебе јасно излезе и го издигна нашето достоинство, се зацари над сите.


✜✣✜


Ипакој, глас 8.

Небото Ти ги принесе првините не народите, Тебе, Младенецот Кој лежеше во јаслите, Кој со помош на ѕвездата ги повика Мудреците ( од Исток ); тоа што нив ги зачуди, не беа ниту скиптарите ниту престолите, туку Твојата крајна сиромаштија! А што можеше да биде победно од пештерата? Што - поскромно од пелените? А во нив засветли богатството на Твоето божество! Господи, слава Ти.

✜✣✜


Песна 4.

Ирмос: Како жезол и цвет од коренот на Јесеја, од нас фален Христе, Ти си процветал од Дева – засенетата Гора; си дошол воплотен од немажена девојка, невештествени Боже! Слава на Твојата сила, Господи.


Ти, Христе, што Јаков Те претскажа како очекување на народите, засветли од племето Јудино, дојде да ја поразиш силата дамаскова и користа самариска, и лагата да ја замениш со убавата вера. Слава на силата Твоја, Господи.

Мудрите проучувачи на ѕвездите, кои станаа ученици на зборовите некогаш изговорени од пророкот Валаам, си ги исполнил со радост, Господи, кога изгреа како ѕвездата од Јакова; дојдени при Тебе како првини на народите, Ти јавно ги прими. Слава на силата Твоја, Господи.

Како дожд на руното и како капки што паѓаат на земјата, си дошол во утробата на Дева, Христе, и дојдоа да Ти се поклонат, Спасителе, Етиопија и Тарс, и арабиските острови, кнезовите што ја држат Сава и сета земја. Слава на Твојата сила, Господи.


✜✣✜

Песна 5.


Ирмос: Како Бог на мирот и Отец на штедроти, Ти ни Го испрати Твојот Ангел на Великиот Совет, Кој мир ни дарува. Затоа, водени кон Светлината на богопознанието, од ноќта подранувајќи Те славиме, Човекољупче.


Послушен на заповедта Кесарева, Ти се запиша во бројот на неговите слуги, за да нѐ ослободиш, Христе, нас кои сме слуги на непријателот и на гревот; и, откако целиот осиромаши како и ние, го обожи нашиот земјен состав преку единство и општење.

Ете, како што беше некогаш речено, Дева Го зачна во утробата Бога, Кој се вочовечи, и пак останува Дева. Ние грешните, преку неа измирени со Бога, верно да ја воспеваме како вистинска Богородица.


✜✣✜


Песна 6.


Ирмос: Морскиот ѕвер го исфрли Јона од својата утроба, каков што го прими; и Словото, Кое се всели во Дева и од неа прими тело, низ неа мина и, онаа што Го родила без да претрпи распаѓање, ја сочува нетлена и неповредена.


Откако се воплоти во утробата, дојде Христос ншиот Бог, Кого Отецот Го раѓа пред ѕвездата Деница, Кој управува со пречистите сили, лежи во животински јасли, и се повива во пелени.


Синот се роди како мало дете, од смесата од која беше направен и Адам, и таков им се даде на верните; Он е Отец и началник на идниот век, и се нарекува Ангел на Великиот Совет, Бог крепок и семоќен Господар на сето создание.


✜✣✜


Кондак, глас 3.


Дева денес Го раѓа Предсуштествениот, и земјата Му нуди пештера на Непристапниот. Ангелите со пастирите Го славословат, а мудреците со ѕвездата патуваат, оти заради нас се роди младо дете – предвечниот Бог.


Икос: Витлеем ни го отвори Рајот; дојдете да ја видиме храната што во него тајно ја најдовме; дојдете да ја примиме рајската храна во пештерата. Таму се појави корен од кого, без наводнување, изникна опростување; таму се најде неископан кладенец, од кого во она време Давид, жеден се напи; таму Дева роди Младенец и веднаш ја запре жедта на Адама и Давида. Поради тоа, да појдеме при него, каде што се роди младо Дете – предвечниот Бог.


✜✣✜


Песна 7.


Ирмос: Момчињата, воспитани во набожноста, заповедта на злочестивиот ја отфрлија и од огнената закана не се исплашија, туку среде пламенот стоејќи пееја: Боже на татковците, благословен си.


Пастирите видоа чудесна светлина додека свиреа, зашто ги озари славата Господова, и еден ангел им викна: Запејте, зашто се роди Христос, благословениот Бог на татковците.


Додека ангелот сѐ уште им зборуваше, небесните воинства ненадејно извикаа: Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја; Христос заблеска, блгословениот Бог на татковците.


Каков е овој збор, рекоа пастирите; да одиме и да го видиме настанот, Христа божествениот. И, кога дојдоа во Витлеем, се поклонија и со Родилката пееја: Боже на татковците, благословен си.


✜✣✜


Песна 8.

Ирмос: Оросената печка го изобрази натприродното чудо: зашто таа не ги изгоре младите момчиња што ги прими, како што ни огнот на божеството не ја изгоре Дева, во чијашто утроба влезе. Затоа весело да запееме: Сета твар да Го благослови Господа и да Го превознесува во сите векови.

Ќерката вавилонска ги води во ропство синовите Давидови, но таа ги испраќа своите деца – Мудреците, носителите на дарови, да ѝ се помолат на ќерката Давидова, која во своите раце Го носи Бога. Затоа, радосно да запееме: Сета твар да Го благослови Господа, и да Го превознесува во сите векови.

Песната на харфите сионски беше заменета со тажачки, зашто децата Сионови не пееја во туѓа земја. Но родениот во Витлеем Христос ја разрешува сета вавилонска измама и ги ослободува гласовите на инструментите. Затоа, радосно да запееме: Сета твар да Го благослови Господа, и да Го превознесува во сите векови.

Вавилон го прими воениот плен и богатството на царството Сионово. Но сокровиштата вавилонски назад во Сион ги враќа Христос, заедно со Мудреците – проучувачи на ѕвездите, водени од една ѕвезда. Затоа, радосно да запееме: Сета твар да Го благослови Господа, и да Го превознесува во сите векови.


✜✣✜


Песна 9.


Припев: Величај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица, која е почесна и пославна од горните воинства.


Ирмос: Гледам необична и преславна тајна: небото (станува) пештера; Дева (го заменува) херувимскиот престол; јаслите се сместувалиште, во кои легна несместливиот Христос Бог, Кого, пеејќи Го величаме.


Величај Го, душо моја, Бога Кој по тело се роди од Дева.

Величај Го, душо моја, Царот Кој се роди во пештера.


Гледајќи го чудното движење на новата необична светла ѕвезда, која ги осветлуваше небесата, Мудреците по тој знак Го препознаа Царот Христа, Кој се роди на земјата во Витлеем, заради наше спасение.


Величај Го, душо моја, Бога Кому се поклонуваат Мудреците.

Величај Го, душо моја, Оној што од ѕведите им е навестен на Мудреците.


Мудреците се распрашуваа: Каде е новороденото дете Цар, Кого ѕвездата ни Го јави. Дојдовме да Му се поклониме. Ирод богоборецот, пак, се исплаши и сакаше да Го убие Христа.


Величај ја, душо моја, Чистата Дева и единствена Богородица, која Го роди Царот Христа.

Мудреците и пастирите дојдоа да му се поклонат на Христа, Кој се роди во градот Витлеем.


Ирод се распраша за времето на ѕвездата, која ги доведе Мудреците во Витлеем да Му се поклонат на Христа, со нивните дарови. Но, водени од неа назад во нивната татковина, го оставија исмеан свирепиот убиец на децата.


✜✣✜


Втор канон.

Припев: Дева денес Го раѓа Господа во пештера.


Ирмос: За нас би било полесно и побезбедно со стравопочит да молчиме, отколку со љубов грижливо да ти составуваме сложени песни. Но ти, Мајко, дај ни сила според нашата добра намера.

Припев: Денес Господ се раѓа како Младенец од Мајка Дева.

Ирмос: За нас би било полесно и побезбедно со стравопочит да молчиме, отколку со љубов грижливо да ти составуваме сложени песни. Но ти, мајко, дај ни сила според нашата добра намера.

Денес пастирите Го гледаат Спасителот повиени во пелени, и како лежи во јасли.

Денес недопирливиот Господ, како дете, е окружен од бедни пелени.

Денес секоја твар се весели и се радува, зашто Христос се роди од Дева Отроковица.


Откако ги созерцававме несветлите образи и тешко описливите сенки на Словото Кој, како новороден се јави од заклучената врата, и бевме удостоени за Светлата Вистина, достојно да ја благословиме твојата утроба, о Мајко Пречиста.


Небесните сили на светот му Го објавуваат родениот Спасител Господ и Владика.

Наместо Слава: Величај ја, душо моја, силата на Триипостасното и неразделно божество.

Наместо И сега: Величај ја, душо моја, Онаа што нѐ избави од клетвата.


Откако го добија предметот на својата желба, и Христољубивите луѓе се удостоија за доаѓањето на Бога, сега тие се утешуваат со бањата на повторното раѓање, зашто ти, Дево, ја даваш живоносната благодат да се поклониме пред славата Божја.

Припев: Величај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица, која е почесна и пославна од горните воинства.

Ирмос: Гледам необична и преславна тајна: небото (станува) пештера; Дева (го заменува) херувимскиот престол; јаслите се сместувалиште, во кои легна несместливиот Христос Бог, Кого, пеејќи Го величаме.

Припев: Дева денес Го раѓа Господа во пештера.

Ирмос: За нас би било полесно и побезбедно со стравопочит да молчиме, отколку со љубов грижливо да ти составуваме сложени песни. Но ти, Мајко, дај ни сила според нашата добра намера.


✜✣✜

Светилен.

Нѐ посети од висините нашиот Спасител: Он е Сонцето Кое изгрева и е посветло од секое сонце; а ние, кои сме во темнина и смртна сенка, ја најдовме Вистината, зашто Господ се роди од Дева ( 3-пати).

 

Подготви: Т.С.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная