Повикувај се на Божјата милост ако сакаш да се одржиш
Да се плашиме, значи, од осудувањето. Оној којшто суди најтешко ќе падне, а оној, пак, кој се смирува, тој не може да падне, оти веќе се чувствува како најдолен и најгрешен. Божјата благодат и заштита ќе бидат со него, зашто тој на правилен начин Го бара Лекарот. Најтешко болен е тој што не знае дека е болен и следствено – не бара лек.