логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас… Овие слова допираат до нашето срце, ја радуваат нашата душа, а и покрај нивното остварување, овоплотувањето ни се чини тежок подвиг.

Можеме да зборуваме за различни видови на љубов. Има едноставен, вообичаен опит на љубовта, кога членовите на едно семејство меѓусебно се љубат, кога таткото и мајката ги љубат своите деца, кога децата возвраќаат на таа љубов, кога љубовта, радосна и светла, ги соединува младоженецот и невестата. Ваквата љубов, која се јавува како радост и светлина, ја надминува сета темнина на вообичаениот живот. Сепак, и таа е кршлива и несовршена.

Веројатно знаете како родителите ги љубат нивните деца, и колку се децата беспомошни да одговорат на таа љубов. Oдговaраaт на моменти – но не постојано. Вие знаете како меѓу брат и сестра постои основна љубов, но таа нив нецелосно ги опфаќа. И затоа, да се зборува за тоа дека една таква едноставна, природна човекова љубов претставува исполнување на заповедта Христова, да се зборува дека таа претставува остварување на Царството Божјо на земјата, е сè уште невозможно.

Тогаш, за што зборуваме ние? Христос нам ни говори дека сме должни да се љубиме еден со друг – Тој не прави никаква поделба. Што сака со тоа да ни каже?

Христос, ми се чини, сака да ни каже дека ние сме должни, за секој човек што го среќаваме, познат или непознат, туѓинец, привлечен или не, да имаме на ум дека тој човек има вечна судбина. Овој човек Бог го привел од небитие во битие, за да го изврши Својот неповторлив придонес во животот на човековиот род. Овој човек, нам како на луѓе може да не ни се допадне, може да ни биде туѓ, може да ни биде неразбирлив – но тој бил од Бога повикан во овој свет, за Бог да направи нешто (преку него) што ние не сме во состојба да направиме во овој свет,

Дури и повеќе од тоа: тој е ставен на мојот животен пат, за да ми открие нешто. Најпрво, би ми ја открил мојата неспособност да гледам на секој човек како на икона. Умееме ли ние еден на друг така да гледаме? – Се плашам дека не умееме. Се плашам дека ги делиме луѓето на ближни, драги и, во најдобар случај, на туѓинци.

А, на тие „туѓинци“ треба да им обрнеме особено внимание, зашто тие ни го поставуваат прашањето: Ти со Христа си или без Него? Затоа што тој човек, кого Христос го возљубил до крстна смрт, ти не сакаш да го познаеш. Тој е за тебе туѓинец, неразбирлив, тебе не ти е грижа за него; кога тој не би бил на светов, тебе би ти било толку лесно и добро. Зарем тоа е христијанска љубов?

Ние сме должни да се навикнеме за секој човек кој го среќаваме да велиме: Тој е икона Христова, тој е образ Божји, овој човек е пратеник Божји. Тој е испратен, за да ме научи на нешто, за нешто да ми открие, за да ми постави прашање, за да ме приведе кон Бога. Некогаш умееме да го правиме ова одредено време; но некогаш не го правиме сè до моментот кога е веќе предоцна.

Си спомнувам за разговорот со еден руски свештеник, борец во Белата армија, којшто сите години на својот живот поминат во прогонство ги посветил на борбата против болшевизмот, којшто со целатасета своја душа го отфрлал Сталин. Во еден момент, дознал дека Сталин е мртов. И во истиот тој момент, со него се случило нешто неочекувано. Имено, тој си помислил: „а што ако Бог му суди на Сталин, онака како што јас му судев и како што сè уште не можам да престанам да му судам?! Го мразев. Кога Сталин ќе застане пред Него, нема ли Бог да се сретне со омраза и отфрлање, и тоа не на некое време, туку за вечноста?!“

И се сеќавам, ми кажа дека се соочил со таков ужас за себе си, што се втурнал во олтарот, се фрлил на колена, и извикал: „Господи, прости за омразата, која ја имав кон тој човек! Тој сега се наоѓа пред Страшниот Суд; Господи не ја примај мојата осуда против него…“.

Тоа е веќе крајност; во таква состојба никој од нас не е, и да не даде Бог некој да се најде. Но, кој знае? Колку луѓе постојат, кои ние не ги љубиме, не ги прифаќаме, туку ги отфрламе, иако не до таа мера…

Ете, да помислиме и со каков вид на љубов љубиме. Љубиме ли ние со онаква љубов со каква што децата ги љубат своите родители; со каква што невестата и младоженецот се љубат меѓусебно; со љубовта на неразделните пријатели кои никогаш не се соочиле со болка и одрекување? Или пак, љубиме онака како што љубат луѓето, окружени со туѓинци, за кои ближен не постои, кои својот ближен го сакаат сè додека тој не им навлегува во животот, кого тие го отфрлаат штом им се најде на патот…

Доколку можеме вака да мислиме за било кого (а уверен сум дека можеме да мислиме за многу луѓе околу нас), тогаш ние сè уште не сме разбрале што значат Христовите зборови: „Љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас“. Тој го возљуби секој еден од нас, не поради нашите добродетели, не поради нашата убавина, не поради нашата добрина, туку поради тоа што нам ни е толку потребна љубовта, за да можеме да постанеме луѓе, за да дојдеме при себе, за да можеме да постанеме нова твар, за да започнеме да живееме…

И ете, погледнете се еден со друг, макар и во оваа црква, макар и помеѓу вашите познати, и поставете си го прашањето: го љубам ли јас овој човек со таква љубов? Ако не, тогаш јас сè уште не сум започнал да љубам со љубовта Христова. И колку е тоа страшно! Колку е страшно кога ќе помислам дека кога ќе застанам пред Бога, околу мене ќе има луѓе, кои сум ги познавал целиот живот, и за кои ќе речам: „овие луѓе овде – ниту сум ги љубел, ниту сакам да ги познавам. Јас сакам да влезам во Твојот рај, Господи, а таму место за нив нема, како што за нив место нема ниту во моево срце на земјава!“

Да размислиме, дека заповедта Христова: љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас – не е едноставна заповед; таа од нас бара да направиме огромен пресврт во нашиот живот. Да размислиме. Да размислиме дури и за човекот, кој до нас сега седи: тој е мој ближен или обичен туѓинец? Тој постои ли за мене или не постои? А ако постои, во која мера? И како? Да размислиме за тоа. Затоа што, порано или подоцна ние ќе застанеме пред Христа, Кој ќе ни рече: „Јас за овој човек дојдов во светот, Јас за овој човек умрев на крст. И ако него го отфрлаш, тоа ти само Мојот подвиг на љубов го отфрлаш; ти си туѓинец за мене, поради твојот сопствен избор“. Амин.

Митрополит Антониј Сурожски

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/antonij-surozski-blizniot/ .

 19.06.2018 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная