Благовештение на Пресвета Богородица (епархиска слава на Кумановско-осоговската епархија)
На 7 април 2016 година, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој со Одлука број 58/15 од 27.11.2015 год. е прогласен за епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.