„Радосна тага“ - Исповед на еден поранешен зависник
Во манастирот сум пола година и имав доволно време да размислам и да ги согледам сите пропусти во животот. Седејќи тука, заклучив дека најголема пропуст ми беше тоа што Го исфрлив Бог од мојот живот. Можеби ќе ви делува како да сум се мрднал од умот, но сè ова што го кажувам се вистинити настани од мојот живот. Уште од дете копнеев да бидам посебен и поразличен, па се обидував тоа да го направам на најразлични начини.