Охридската Архиепископија – главна тема на летните кампови по Веронаука во Бигорски и Рајчица
Деновиве во нашите две свештени Обители, Бигорската и Рајчичката, за огромна радост на најмладите од целата наша земја, започнаа летните кампови по Веронаука. Огромна радост, бидејќи децата со нетрпение чекаат да дојде периодот, во кој тие ќе можат низ наука, креативни активности и рекреација да се запознаат со основните постулати на православната христијанска вера.