Велики Петок – Царски часови со Вечерна, храм на св.пророк Илија, н.Аеродром, Скопје (06.04.2018)
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух.