отец Александар Шмеман: Тивко и мирно живеење“ е кулминација на интелигенцијата
·
"Тивко и мирно живеење“ е кулминација на интелигенцијата, мудроста и радозналоста, и не знам како подобро да се изразам - заинтересираноста за сè. Смирението не значи да бидеш ни обесхрабрен, ни малодушен, а не значи да бидеш ни фанатик. Смирението е кралска и царска добродетел зашто смирението произлегува од мудроста, од знаењето, од допирот со целосниот живот.