логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


    МОЦАРТ И ВЕРАТА


10 факти за композиторот по повод 230-годишнината од неговата смрт - 5 декември 2021 година


1. Неговото име значи „Возљубен од Бог“.
Моцарт е роден во австрискиот град Салцбург на 27 јануари 1756 година. На вториот ден по неговото раѓање бил крстен во Салцбуршката католичка катедрала „Св. Руперт и Вергилиј. Неговото целосно име е Јован Златоуст Волфганг Теофил Моцарт. Името Теофил (на италијански Амадеус ) значи „ Возљубен од Бог “ и исто така „оној што го љуби Бог“. Гледајќи ја неговата работа, не можеме да не се согласуваме со оние кои тврдат дека името на еден човек  ја открива неговата личност. Инаку, првите две имиња на Моцарт се имињата на почитуваниот од сите нас голем проповедник на христијанството - архиепископот Цариградски Свети Јован Златоуст. Немојте да се чудите - на денот на раѓањето на Моцарт - 27 јануари, се слави споменот на овој светител.


2. Длабоко религиозен
Во писмото до својот татко, композиторот напишал: „Ја признавам Неговата семоќ (на Бога), се плашам од Неговиот гнев, но ја гледам и Неговата љубов и сочувство кон Неговите созданија. Никогаш нема да ги остави своите раби. Сè се извршува по Негова волја.“ Како што споменавме, Моцарт бил  крстен на почетокот од својот живот. Во 1782 година тој и неговата сакана Констанца Вебер се венчале во виенската катедрала „Св. Стефан. Кога неговата сопруга ќе се разболи (според други извори - во чест на нивното новородено дете) [1], тој ветува дека ако се опорави, ќе напише  миса.  Така се појавува Големата миса во це-мол, К427. Навистина, постојат докази дека Моцарт бил масон, но тоа не го поматило неговиот однос кон Црквата. Исто така, треба да се нагласи дека некогашното масонство било различно од она од минатиот и сегашниот век.


3. Очигледна е религиозноста и во неговата љубов кон родителите
Моцарт ги сакал и ги почитувал своите родители - целосно во духот на петтата Божја заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајка си“ (сп. Излез. 20,12). За својот татко, Моцарт напишал: „После  драгиот Бог веднаш е таткото“. Таткото на композиторот одиграл огромна улога во неговиот живот - под негово водство го покажал својот талент. Заедно со неговата постара сестра Марија Ана (исто така талентирана пијанистка), малото чудо од дете Волфганг ги обиколи аристократските дворови низ Европа. Во писмото до својот татко за неговата болна мајка, композиторот напишал: „Мојата мила мајка е во рацете на Семоќниот - ако Тој сака да ни ја подари, како што сакам јас, ќе Му благодариме за оваа милост, но ако Тој посака да ја земе при Себе, тогаш залудни се нашите стравови, вознемиреност и очај - храбро да и се предадеме на Божјата волја со целосно уверување дека ќе ни биде од корист, бидејќи Тој не прави ништо без причина.


4. На црковна служба
Во Салцбург, Моцарт бил на црковна служба, а негов работодавец бил Џером фон Колоредо, кнежевски архиепископ на Салцбург (1772-1803). Надбискупот го назначил младиот Моцарт за концерт-мајстор на дворскиот оркестар. Незадоволен од оваа служба - и од строгите правила на службата (архиепископот не го пуштил да оди на турнеја) и од односот на Колоредо кон него - како слуга, композиторот ја напуштил оваа функција во 1781 година.


5. Еден од најпочитуваните и сакани луѓе на Моцарт бил свештеник  

Леополд Моцарт го однел својот 14-годишен син на Болоњската академијата во Италија кај  отец  Мартини, истакнат композитор и музички историчар, за да го научи на полифоните принципи на компонирање. За разлика од неговиот однос кон архиепископот Колоредо, кон отец Мартини Моцарт покажува големо почитување. Во своето писмо до сестраниот музичар и научник Моцарт напишал: „Се надевам дека Вашата милост  никогаш нема да ме остават на мојот пат и нема да  престанам да бидам тажен кога гледам дека сум далеку од човекот на светлината, кого јас  во најголем степен го сакам, почитувам и уважувам… “.


6. Автор на голем број религиозни дела
Под перото на композиторот се напишани повеќе од 15 миси (меѓу нив е т.н. Крунисување - едно од неговите најпопуларни сакрални дела), познатиот „Реквием“, 4 ектении, 2 вечерни, офертории, мотети и друго. Реквиемот е напишан  по канонскиот латински текст на заупокоената миса, почнувајќи со зборовите Requiem aeternam - „Вечен покој ( мир )“. Ова дело е лебедова песна на Моцарт. „Во него - , пишува православниот богослов Павел Евдокимов, „го слушаме гласот Христов, а нашето воздигнување ја стекнува литургиската вредност на Неговото присуство“. Нашиот тенор и професор по класично пеење на НМА “Проф.Панчо Владигеров” , доц. д-р Николај Моцов, кој учествуваше како солист во Реквиемот на Моцарт [2], споделува: „Ова дело не може да не ве допре и да не направи да ја почувствувате Божествената манифестација!  Зборот и музиката во совршена симбиоза, носат пораки кои не можете, а да не ги слушнете. Бог е еден, но Тој допира до луѓето на различни начини. Некои ќе го почувствуваат тоа со музика, други преку збор, други преку молитва! За мене, во Реквиемот на Моцарт ги имаме сите овие манифестации!“
https://www.youtube.com/watch?v=k1-TrAvp_xs


7. Бог и Моцарт
Делото на Моцарт е еден вид доказ за постоењето на семоќниот Бог. Освен преку Божјиот дар, на друг начин не би можеле да го објасниме појавувањето на таква генијална музика како неговата. Норвешкиот композитор Едвард Григ вели: „Моцарт е универзален гениј.  Да  зборуваш за него е како да се зборува за самиот Бог. Се разбира, правилното разбирање на овие зборови не треба да се бара во поистоветување на Моцарт со Бог   , туку во признанието дека творештвото на композиторот зрачи со Небесна убавина.


8. „Најхуманиот“ композитор
Во проповедта за Страшниот суд, митрополитот Антониј Сурожски  зборуваше за значењето на параболата за козите и овците (Мт. 25:31-46), велејќи: „Ако не си бил човечен, ако не  си бил просто човек , не си вообразувај, дека ќе се обожиш.“ Митрополитот нè предупредува дека без човечност нема вистинска служба на Бога. „Најхуманиот меѓу композиторите“ се зборовите на големиот диригент Рикардо Мути во обраќањето кон виенскиот класик. „На пример, Глук“, вели Мути, „неговата музика е прекрасна, возвишена, благородна, но чувствуваш колку тој е  аристократски и како тој гледа на вас “од високо”, како милостиво ви ја  дава својата музика: таа е негова и никогаш нема да биде ваша“. Додека Моцарт и се обраќа на публиката, кон  секој од нас како еднаков на себе.“ Англискиот режисер Питер Брук тврдел дека чудото на Моцарт се состои од  тоа што тој никогаш никој не осудил и со љубов ги прегрнал сите негови оперски фигури дури и злодејците[4] . Небаре за неговата музика пресуден е фактот што во секој еден,композитор пред сè гледал човек – неговата музика  подеднакво да ја  ценат и да  им се допаѓа и на софистицираниот естет и на обичниот слушател.


9. Неговата музика е возвишена
Отец Павел Флоренски тврдел дека Моцарт е свет кон кој Бах само води [5], а според поетот Јосиф Бродски, тој „претставува вертикален развој - бидејќи ширината нема ништо, сè е нагоре“. И навистина – музиката на големиот композитор укажува на Вечноста. Како да не постои смртната маска на композиторот [6], дека неговото тело било положено во гроб со неколку луѓе, дека местото на погребот и идентификацијата на неговото тело [7] не се со сигурност потврдени (нема надгробен крст или плоча) се сведоштва за Бог, кој е дух (Јован 4:24), дека му е задоволство да го поврзе името на Неговите избраници со нешто нематеријално. Што е тоа? Одговорот го наоѓаме во генијалниот виолончелист Ростропович, кој споделува дека музиката е нематеријална.


10. Ангелите и Моцарт

Несомнено, кога зборуваме за духовното и за нематеријалното, мислиме на ангелите. На нив се сетил и швајцарскиот калвинистички теолог Карл Барт, кој ја сакал музиката на Моцарт. Во неговото писмо со благодарност до композиторот читаме: „Не сум сосема сигурен дека ангелите, со намера да го слават Бога, го свират Бах, но апсолутно сум сигурен дека еден за друг го изведуваат Моцарт, а Бог се радува кога ги слуша. Вистина е дека овие зборови покажуваат голема доза на субјективизам и пристрасност, но тие исто така укажуваат на нешто важно: има нешто ангелско во музиката на виенската класика што носи небесна радост - она за кое апостол Павле напишал во својата Послание до христијаните во Филипи: Радувај се во Господа секогаш, и пак ќе кажам: Радувај се“ (Фил. 4:4). Радоста, која во случајот на Моцарт е отелотворена во музиката. Иако не сме ангели , ви предлагам заедно да уживаме во првиот став од сонатата за пијано бр. 16 во изведба на кинескиот виртуоз пијанист Ланг Ланг - музика полна со толку многу животна радост...
https://www.youtube.com/watch?v=jjz4OKQEA9c


Белешки:
[1] Моцарт и неговата сопруга имаат вкупно шест деца, од кои само две преживуваат до полнолетство.
[2] Во 2017 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Стара Загора Кипријан диригираше со оркестарот и хорот на Државната опера во Стара Загора,исполнувајќи го Моцартовиот Реквием. Николај Моцов е еден од четворицата солисти во претставеното дело.
[3] Кристоф Вилибалд Глук бил германски композитор кој живеел во 18 век.Тој е автор на голем број опери.
[4] Arvo Pärt: Разговори, истражувања, размислувања. Киев, 2014, стр. 58.


[5] Отец Павел Флоренски е познат православен свештеник, филозоф и научник, убиен во логорот Соловецки во 1937 година. Отец Флоренски многу ја сакал уметноста на Моцарт - тој дури ги свирел неговите дела на пијано. Наведените зборови за Моцарт се засноваат на сведочењето на верната генијална пијанистка Марија Јудина, која комуницирала со отецот.


[6] Неговата сопруга Констанца рече: „Фала му на Бога, оваа грда работа се скрши“ и ги фрли парчињата од маската.  - види Марков, В. Моцарт. Тема со варијации. // New Journal, Њујорк, 1956, № 44, стр. 95.
[7] Извршени се истражувања за черепот кој се претпоставува дека му припаѓа на композиторот.
[8] Барт, К. Благодарност до Моцарт. // Балтазар Г. В. фон, Барт К., Кјунг Г. Теологија и музика. Три говори за Моцарт. Москва: Библиски и теолошки институт на свети апостол Андреј, 2011 година, стр. 51.
Автор: Ивајло Борисов
Статијата му ја посветувам на мојот покоен пријател д-р Александар Касабов († 2021 г.), раководител на Музичкиот оддел  во Националната библиотека „ Свети Кирил и Методиј“


Превод и обработка -Simeon Stefkovski


Извор - bogonosci.bg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2017
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2534
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная