логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Bogorodica.st.jpg

 

 Акатистот е пофална химна што се пее или чита “стоејќи“, од каде што и потекнува името“Акатист“- несједален, бидејќи во време на неговото читање или пеење не е допуштено да се седи (освен во случај на болест или немоќ).

Денес богатата ризница на Православието содржи голем број Акатисти посветени на: Пресветата Троица, Господ наш Исус Христос, Честниот Крст, најважните Евангелски случки, Пресвета Богородица и Нејзините чудотворни икони, Ангелските небесни Сили и многу Светии Божји.

Одредени Акатисти се читаат во одредени денови во неделата кои се назначени според името на Акатистот во содржината. Останатите Акатисти би требало да се прочитаат барем на денот на прославувањето на Црковниот празник и Светиите за кои се врзани, или спрема нашата потреба, желба и љубов која ја чувствуваме кон Бога и Неговите Светии.

 

 

 


АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД  НАШ ИСУС ХРИСТОС

 Episkop.Emilijan.Hristos

Кондак 1
Војводо и Господи, Поборнику наш и на адот Победителу: јас, созданието Твое и слугата Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофални песни Ти принесувам: Ти, Кој имаш неискажливо милосрдие од секоја беда ослободи ме мене, кој повикувам:
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Икос 1
Создателу на Ангелите и Господи на Силите! Отвори го мојот колеблив ум и јазикот мој, за пофалба на пречистото име Твое, како што некогаш на глувиот и немиот слухот и јазикот им ги одврза, па зборуваа повикувајќи вака:
Исусе сечудесен, на ангелите восхитување; Исусе сесилен, на прародителите Избавување!
Исусе преслатки, на патријарсите Величање; Исусе преславен, на царевите Окрепување!
Исусе сељубив, на пророците Исполнување; Исусе прекрасен, на мачениците Окрепување!
Исусе претивок, на монасите Радост; Исусе премилостив, на презвителите Сладост!
Исусе семилосрден, на постниците Воздржание; Исусе сеслатки, на преподобните Радование!
Исусе пречесен, на девствениците Целомудрие; Исусе предвечен, на грешниците Спасение.
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 2
Како што во она време Господи, Гледајќи ја вдовицата како силно плаче, се смилостиви и синот нејзин кој на погребение носен беше, го воскресна; така и кон мене смилувај се Човекољупче, и воскресни ја од грев осмртената душа моја, која Ти повикува: Алилуја!
Икос 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Филип велеше: „Господи покажи ни Го Отецот“. А Ти му одговори: „Толку време си со Мене, зарем не позна дека Отецот е во Мене и јас во Отецот?“ Затоа јас, неопитен со страв Ти повикувам:
Исусе, Боже предвечен; Исусе, Цару сесилен!
Исусе, Владико долготрпелив; Исусе, Спасе премилостив!
Исусе, Пазителу преблаг мој; Исусе очисти го гревот Мој!
Исусе, земи ги беззаконијата мои; Исусе, отпушти ги неправдите мои!
Исусе, Надеж моја, не оставај ме; Исусе, Помошнику мој, не отфрлај ме!
Исусе, Создателу мој, не заборавај ме; Исусе, Пастиру мој, не погубувај ме.
Исусе, сине Божји, помилуј ме!
Кондак 3
Исусе, Ти, Кој со Вишната Сила апостолите ги облече додека во Ерусалим седеа; и мене соголениот од секоја добродетел, со Топлината на Светиот Дух облечи ме, и дај ми со љубов да Ти пеам: Алилуја!
Икос 3
Имајќи богато милосрдие, Исусе, митарите и грешниците, и неверниците ги призва. Не отфрлај ме сега и мене, на нив подобниот, туку како бесценето миро прими ја оваа песна:
Исусе, Сило непобедлива; Исусе, Милост бесконечна!
Исусе, убавино пресветла; Исусе, љубов неискажлива!
Исусе, Сине на Бога живиот; Исусе, помилуј ме мене грешниот!
Исусе, почуј ме мене во беззаконија зачнатиот; Исусе, очисти ме мене во гревови родениот!
Исусе, вразуми ме мене непотребниот; Исусе, освети ме мене темниот!
Исусе, очисти ме мене, скверниот; Исусе подигни ме мене блудниот!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 4
Внатрешна бура од сомнежи помисли имајќи, Петар почна да тоне. Но, гледајќи Те како во тело по водата одиш, Исусе, Те позна Тебе вистинскиот Бог, и добивајќи рака на спасение рече: Алилуја!
Икос 4
Слушајќи, Господи, како по пат минуваш, слепиот извика: Исусе, Сине Давидов, помилуј ме! А ти кога го повика, очите му ги отвори. Така, просвети ги, со милоста Своја духовните очи на срцето мое, и мене кој воспевам и викам:
Исусе, на небесните Создателу; Исусе, на земните Искупителу!
Исусе, на отпаднатите Истребителу; Исусе, на сета твар Украсистелу!
Исусе, на душата моја Утешителу; Исусе, мое Веселие; Исусе, на телото мое Исцеление!
Исусе, Спасе мој, спаси ме; Исусе, Светлино моја, просвети ме!
Исусе, од секоја мака избави ме; Исусе, мене недостојниот спаси ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 5
Како што во дамнина, со Божествената Крв Своја од клетвата законска нè избави, Исусе, така избави нè од стапицата во која змијата нè заплетка со плотски страсти, со блудни искушенија и со зло униние, нас, кои Ти повикуваме: Алилуја!
Икос 5
Кога Го видоа отроците еврејски во човечки образ, Оној Кој со рака човекот го создаде и разбраа дека Он е Владиката, поитаа со гранчиња почит да му оддадат, воспевајќи: Осана! Ние пак, песна Ти принесуваме, повикувајќи:
Исусе, Боже вистински; Исусе, Сине Давидов!
Исусе, Цару преславен; Исусе, Агнецу непорочен!
Исусе, Пастиру прекрасен; Исусе, Пазителу во младоста моја!
Исусе, чувару во младоста моја; Исусе, Пофалбо во староста моја!
Исусе, Надеж во смртта моја; Исусе, Животу по смртта моја!
Исусе, Утехо моја на Судот Твој; Исусе Желбо моја не посрамувај ме тогаш!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 6
Проповедите и словата на богоносните проповедници исполнувајќи ги, Исусе, на земјата се јави, и несместив со луѓето поживеа земајќи ги на Себе болестите наши. Така, со раните Твои исцелени, научивме да Ти пееме: Алилуја!
Икос 6
На вселената $ заблеска светлината на вистината Твоја, и се сотре прелеста демонска; а идолите, Спасе наш, не поднесувајќи ја силата Твоја, паднаа. Ние пак, спасение добивајќи, Ти воспеваме:
Исусе, Вистино, Која прелеста ја одгонува; Исусе, Светлино, Која секоја светлост ја надминува!
Исусе, Цару, Кој секоја крепост ја надминува; Исусе, Боже, Кој во милост секогаш пребива!
Исусе, Лебу животен, насити ме мене гладниот; Исусе, Извору на разум, напој ме мене жедниот!
Исусе, Одеждо на веселие, облечи ме мене гнилежниот; Исусе, Покрову на радоста, покриј ме мене недостојниот!
Исусе, Подателу на оние што бараат, дај ми плач за гревовите мои; Исусе, Наоѓачу на изгубените, најди ја душата моја!
Исусе, Ти, Кој им отвараш на оние што чукаат, отвори го бедното срце мое; Исусе, Искупителу на грешните, очисти ги беззаконијата мои!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 7
Сакајќи од вечност сокриената Тајна да ни ја откриеш, како овца на колење беше воден, Исусе, и како јагне нем пред оние кои го стрижат. И како Бог од мртвите воскресна, со слава на небесата се вознесе, а со Себе нè подигна нас, кои воскликнуваме: Алилуја!
Икос 7
Нешто навистина прекрасно ни покажа Творецот нам, јавувајќи ни се. Бессемено од Дева се воплоти, не кршејќи го печатот од гробот воскресна и при апостолите низ врата затворена со тело влезе. Затоа, восхитувајќи се, да запееме:
Исусе, Слово несогледливо; Исусе, Сило несовладлива!
Исусе, Сило недостижна; Исусе, Мудрост недостапна!
Исусе, Божество неописливо; Исусе, Господство неизмерно!
Исусе, Царство непобедливо; Исусе, Владичество бескрајно!
Исусе, Крепост највисока; Исусе, Власт вечна!
Исусе, Творецу мој, биди милостив кон мене; Исусе, Спасителу мој, спаси ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 8
Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од сустниот свет и умот свој кон божественото да го издигнеме. Оти Бог затоа на земјата слезе, за да нè вознесе на Небесата нас, кои Му воспеваме: Алилуја!
Икос 8
Сиот беше меѓу земните и од небесните не отстапи, Безмерниот, кога заради нас доброволно пострада и со смртта Своја нашата смрт ја умртви, и со воскресението живот им подари на оние, кои што пеат:
Исусе, Сладост на срцето; Исусе, Крепост на Телото!
Исусе, Светлост на душата; Исусе, Бистрино на умот!
Исусе, Радост на совеста; Исусе, Надеж сигурна!
Исусе, Памет предвечна; Исусе, Пофалбо висока!
Исусе, Славо моја возвишена; Исусе, Желбо моја, не отфрлај ме!
Исусе, Пастиру мој, побарај ме; Исусе, Спасителу мој, спаси ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 9
Сите ангели на небесата непрестано Го слават пресветото Име Твое, Исусе: Свет, Свет, Свет, воспевајќи Ти, Ние пак, грешните на земјата, со усни валкани воспеваме: Алилуја!
Икос 9
Красноречивите говорници како риби безгласни пред Тебе ги гледаме, Исусе, Спасе наш, немоќни да објаснат како Ти, истовремено си и Бог неменлив и човек совршен. Ние пак, од Таинството восхитени, со вера воспеваме:
Исусе, Боже предвечен; Исусе, Цару на царевите!
Исусе, Владико на владетелите; Исусе, Судијо на живите и мртвите!
Исусе, Надеж на безнадежните; Исусе, Утехо на нажалените!
Исусе, Славо на сиромашните; Исусе, не суди ми по делата мои!
Исусе, по милоста Твоја, очисти ме; Исусе, одгони го унинието од мене!
Исусе, просвети ги моите мисли срдечни; Исусе дај ми сеќавање на смртта!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 10
Сакајќи светот да го спасиш, Истоку на истоците, кон темниот запад – природата наша дојде, смирувајќи се Себе до смрт. Затоа се превознесе името Твое над секое име, и од сите поколенија небесни и земни слушаш: Алилуја!
Икос 10
Цару предвечен, Утешителу, вистински Христе, очисти ме од секоја скверност, како што ги очисти десетмината прокажани, и исцели нè како што ја исцели среброљубивата душа на Закхеја митарот, за да Те воспеваме во умиление, извикувајќи:
Исусе, Азно нетлено; Исусе, Богатство непотрошливо!
Исусе, Храна силна; Исусе, Питие неицрпно!
Исусе, Облека на бедните!
Исусе, Застапнику на вдовиците; Исусе, Заштитнику на сираците!
Исусе, Помошнику на трудбениците; Исусе, Наставнику на оние што патуваат!
Исусе, Кормилару на оние што пловат; Исусе, Пристаниште на оние што бура ги носи!
Исусе, Боже, подигни ме мене паднатиот!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 11
Пеење сеумилно Ти принесувам јас недостојниот, и како Хананејката Ти велам: Исусе, помилуј ме! Зашто имам не ќерка, ами тело што во страсти луто беснее и во јарост пламти. Исцеление дај ми мене, кој Ти воспевам: Алилуја!
Икос 11
Светозарен Светилнику на оние кои во мракот на неразумноста се, Кого Павле порано Го гонеше, од Кого ја слушна силата на гласот богоразумен и ја просвети душевната бистрина, и мене просвети ми ги темните зеници на душата, која повикува:
Исусе, Цару мој прекрепок; Исусе, Боже мој пресилен!
Исусе, Господи мој бесмртен; Исусе, Создателу мој преславен!
Исусе, Наставнику мој предобар; Исусе, Пастиру мој сештедар!
Исусе, Владико мој премилостив; Исусе, Спасе мој премилосрден!
Исусе, просвети ги сетилата мои од страсти помрачени; Исусе, исцели го телото мое со гревови раносано!
Исусе, очисти го умот мој од помисли суетни; Исусе, запази го срцето мое од похоти лукави!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 12
Благодат дај ни од сите долгови Ослободителу, Исусе, и прими ме мене кој се каам како што го прими Петар кој се откажа од Тебе. И повикај ме мене очајниот како Павле кој некогаш Те гонеше, и почуј ме мене, кој Ти повикувам: Алилуја!
Икос 12
Воспевајќи го Твоето вочовечување сите Те славиме и со Тома веруваме дека Господ и Бог Си, Кој со Отецот седи и повела на живите и мртвите да им суди. Затоа удостој ме со делот десно од Тебе и мене, кој Ти повикувам:
Исусе, Цару предвечен, помилуј ме; Исусе, Цвету благоухаен, намирисај ме!
Исусе, Топлино блага, огреј ме; Исусе, Храму предвечен, засолни ме!
Исусе, Одеждо светла, украси ме; Исусе, Бисеру скапоцен, заблескај ме!
Исусе, Храму скапоцен, просвети ме; Исусе, Сонце на правдата, озари ме!
Исусе, Светлино света, осветли ме; Исусе, од болест душевна и телесна избави ме!
Исусе, од рака противничка избави ме; Исусе, од огнот неизгаслив и од сите маки вечни ослободи ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 13
О, пресладок и семилостив Исусе! Прими ја сега оваа наша мала молба, како што од вдовицата двете лепти ги прими и сочувај го наследството Твое од видливите и невидливите врагови, од навала на иноплеменици, од болест и од глад, и од секоја неволја и од смртни рани, и од идните маки избави ги сите што Ти извикуваат: Алилуја!
(овој кондак се чита 3 пати)
Икос 1
Создателу на Ангелите и Господи на Силите! Отвори го мојот колеблив ум и јазикот мој, за пофалба на пречистото име Твое, како што некогаш на глувиот и немиот слухот и јазикот им ги одврза, па зборуваа повикувајќи вака:
Исусе сечудесен, на ангелите восхитување; Исусе сесилен, на прародителите Избавување!
Исусе преслатки, на патријарсите Величање; Исусе преславен, на царевите Окрепување!
Исусе сељубив, на пророците Исполнување; Исусе прекрасен, на мачениците Окрепување!
Исусе претивок, на монасите Радост; Исусе премилостив, на презвителите Сладост!
Исусе семилосрден, на постниците Воздржание; Исусе сеслатки, на преподобните Радование!
Исусе пречесен, на девствениците Целомудрие; Исусе предвечен, на грешниците Спасение.
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Кондак 1
Војводо и Господи, Поборнику наш и на адот Победителу: јас, созданието Твое и слугата Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофални песни Ти принесувам: Ти, Кој имаш неискажливо милосрдие од секоја беда ослободи ме мене, кој повикувам: Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

Извор: Православен молитвеник на МПЦ-ОА

  

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 


Aleksandar.N.sv.HaralampijКОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се,
зашто царски престол Си.

Радувај се,
зашто Го носиш Носителот на с¢.
Радувај се,
ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се,
утробо на Божественото воплотување.
Радувај се,
низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се,
низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас
неразбирлив е за душава моја,
зашто за рождество низ бессемено
зачнување зборуваш воскликнувајќи:
Алилуја!

ИКОС 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот,
Дева кон Тајнослужителот повика:
‘Кажи ми како е можно Син
од чиста утроба да се роди?’
А тој со страв одговори ова велејќи • го:
Радувај се,
на Советот неискажлив Тајнице.
Радувај се,
на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се,
на чудата Христови Началнице.
Радувај се,
на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се,
лествицо небесна по Која Бог слезе.
Радувај се,
мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се,
чудо многусловено од ангелите.

Радувај се,
многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се,
Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се,
начинот никому не Си му го открила.
Радувај се,
Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
Радувај се,
Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!

Aleksandar.N.sv.Haralampij


КОНДАК 3
Силата на Севишниот
за зачнување Ја осени Неискусобрачната,
и плодната утроба Нејзина
нива беспрекорна стана
за оние што спасение сакаат да жнеат,
пеејќи непрестајно:
Алилуја!

ИКОС 3
Имајќи Дева утроба Богоисполнета
при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,
познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува,
и со игра како низ песна
на Богородица • воскликна:
Радувај се,
лозо со Ластар несовенлив.
Радувај се,
на плод бесмртен стекнување.
Радувај се,
Сотворителке на Творецот човекољубив.
Радувај се,
Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
Радувај се,
ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
Радувај се,
Трпезо Која обилно очистување носиш.
Радувај се,
зашто рајската сладост ја расцутуваш.

Радувај се,
на душите пристан им приготвуваш.
Радувај се,
преслатко молитвено кадење.
Радувај се,
на сиот свет очистување.
Радувај се,
кон смртните Божјо благоволение.
Радувај се,
на смртните кон Бога дерзновение.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 4
Имајќи во себе бура на помисли сомневачки,
целомудрениот Јосиф се збуни
гледајќи Те, неискусобрачна,
за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна;
кога дозна дека од Светиот Дух е
Твоето зачнување, рече:
Алилуја!

ИКОС 4
Ја слушнаа пастирите ангелската песна
што го воспеваше плотското пришествие Христово,
та поитаа како при Пастир,
да Го видат кај лежи како Агнец непорочен,
одгледан во утробата на Марија,
запеаја и вака • прословија:
Радувај се,
Мајко на Агнецот и Пастирот.
Радувај се,
Трло на овците словесни.
Радувај се,
неволјо за демоните невидливи.
Радувај се,
отклучување на портите рајски.
Радувај се,
се небеско со земното се радува.
Радувај се,
се земно со небесното ликува.
Радувај се,
на Апостолите усто непремолчлива.

Радувај се,
на страстотерпците смелост непобедлива.
Радувај се,
на верата цврсто утврдување.
Радувај се,
на благодатта светло познавање.
Радувај се,
низ Тебе адот се разголе.
Радувај се,
низ Тебе во слава се облековме.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 5
Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда,
Мудреците блесокот нејзин го следеа,
и имајќи ја неа за светилник небесен
со неа крепкиот Цар Го бараа;
и пристапувајќи при Недостижниот,
се израдуваа пеејќи Му:
Алилуја!


ИКОС 5
Гледајќи Го отроците Халдејски во рацете на Дева
Оној што со рацете луѓето ги створи,
и сознавајќи дека Он е Господарот
иако образ на слуга прими,
поитаа со дарови да Му послужат
и на Благословената да • воспеат:
Радувај се,
Мајко на Ѕвездата незалезна.
Радувај се,
зоро на Денот таинствен.
Радувај се,
Ти огништето на прелеста го изгасна.
Радувај се,
Ти тајниците на Троица ги просветлуваш.
Радувај се,
Ти мачителот нечовечен од власта го турна.
Радувај се,
Ти Човекољубецот Христос, Господ, Го покажа.
Радувај се,
Избавителке од варварското робување.

Радувај се,
Очистителке од мрачните дела.
Радувај се,
Ти го изгасна огнот идолски.
Радувај се,
Ти пламенот на страстите го уништи.
Радувај се,
Наставнице на верните кон целомудрие.
Радувај се,
на сите родови веселие.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 6
Проповедници богоносни бивајќи
Мудреците во Вавилон се вратија,
исполнувајќи го пророштвото Твое
Те проповедаа насекаде, Тебе, Христа,
оставајќи го Ирода ко во бунило,
кој не знае да пее:
Алилуја!

Aleksandar.N.sv.Haralampij

ИКОС 6
Блескајќи во Египет со светлоста на Вистината
ја испади лагата на мракот,
а идолите негови, Спасе,
не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа.
Оние што избавени беа
• воспеваа на Богородица:
Радувај се,
на луѓето исправување.
Радувај се,
на демоните понижување.
Радувај се,
Ти силата на прелеста ја победи.
Радувај се,
Ти лагата идолска ја уништи.
Радувај се,
море, фараонот духовен што го удави.
Радувај се,
камену, жедните за живот што ги напои.
Радувај се,
огнен столбу, што ги води оние во мрак што се.

Радувај се,
покрову поширок од облаците.
Радувај се,
храно манната што ја заменуваш.
Радувај се,
Ти Која на сладоста света ‹ служиш.
Радувај се,
земјо ветена.
Радувај се,
од Која мед и млеко истекува.
Радувај се Невесто Неневестна!
КОНДАК 7
Кога Симеон требаше
од овој прелестен свет да се престави
Ти врачен му беше како младенец,
а тој Тебе и како совршен Бог Те позна;
затоа восхитен
од неискажаната премудрост Твоја, воскликна:
Алилуја!

ИКОС 7
Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот
нам, на од Него створените.
Од бессемена утроба излезе
и Неа нетлена каква што беше Ја зачува,
та чудо гледајќи, да • воспееме повикувајќи:
Радувај се,
цвету на нетлението.
Радувај се,
венецу на воздржанието.
Радувај се,
образот на воскресението го заблеска.
Радувај се,
ангелскиот живот го објави.
Радувај се,
дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се,
дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се,
Ти Која во утробата Го носеше
Избавителот на пленетите.

Радувај се,
Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се,
на Судијата праведен умоление.
Радувај се,
на многуте согрешенија простување.
Радувај се,
на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се,
љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 8
Откако го видовме надумното раѓање
да отстапиме од светот
и умот свој кон небесата да го воздигнеме.
Зашто затоа великиот Бог на земјата
како смирен Човек се јави,
сакајќи кон висините да ги привлече
оние што Му пеат:
Алилуја!

ИКОС 8
Сиот меѓу нижните беше Логосот
неизглаголив, и од вишните ни најмалку не
отстапи; зашто слегувањето беше
Божествено, не промена на место туку
рождество од Дева, Која Бога Го роди и
непрестајно слуша:
Радувај се,
место за несместливиот Бог.
Радувај се,
врато на чесното таинство.
Радувај се,
за неверните гласу сомнежен.
Радувај се,
за верните преславна пофалбо.
Радувај се,
пресвета колеснице на Оној
Кој почива врз Херувимите.
Радувај се,
преславно селение на Оној
Кој почива врз Серафимите.

Радувај се,
зашто спротивностите ги соедини.
Радувај се,
зашто рождеството и девственоста ги обедини.
Радувај се,
низ Тебе гревот првороден се разреши.
Радувај се,
низ Тебе рајот за нас се отвори.
Радувај се,
клучу на Царството Христово.
Радувај се,
надеж за благата севечни.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 9
Секое естество ангелско се зачуди
од великото дело на Твоето вочовечување;
зашто недостапниот Бог
Го гледаа како Човек на сите пристапен,
Кој нам ни сопостои и од сите слуша:
Алилуја!

ИКОС 9
Благоглаголивите говорници
како риби безгласни ги гледаме
пред Тебе, Богородице,
зашто не умеат да кажат
како Дева остана и возмогна да родиш.
Ние, пак, од таинството восхитени,
верно воспеваме:
Радувај се,
на Премудроста Божја живеалиште.
Радувај се,
на Промислата Негова сокровиште.
Радувај се,
мудрите немудри ги јави.
Радувај се,
краснозборците во немост ги остави.
Радувај се,
лукавите соблазнители полудеа.
Радувај се,
баснотворците во безумие пропаднаа.
Радувај се,
Ти ја раскина мудроста Атинска.

Радувај се,
Ти ја полниш секоја мрежа рибарска.
Радувај се,
од понорот на незнаењето извлекуваш.
Радувај се,
мнозина со разум ги просветлуваш.
Радувај се,
корабу за оние спасение што бараат.
Радувај се,
пристаниште на оние што по животот пловат.
Радувај се, Невесто Неневестна!

Aleksandar.N.sv.Haralampij
КОНДАК 10
Сакајќи светот да го спаси,
Украсителот на с¢ во него самоветен дојде;
и иако Пастир Божествен,
заради нас Човек стана,
откако со подобност подобното го повика,
како Бог слуша:
Алилуја!

ИКОС 10
Крепост Си на девствените, Дево Богородице,
и на сите што кон Тебе прибегнуваат,
зашто Творецот на небото и на земјата
Те устрои, Пречиста,
вселувајќи се во утробата Твоја,
и сите ги научи да Ти повикуваат:
Радувај се,
столбу на девственоста.
Радувај се,
врато кон спасението.
Радувај се,
Началнице на духовна обнова.
Радувај се,
Подателке на благоста Божествена.
Радувај се,
Ти ги прероди срамно зачнатите.
Радувај се,
Ти со ум ги обдари во безумие паднатите.
Радувај се,
Ти го сотре убиецот на словеста.

Радувај се,
Ти го роди Сеачот на чистотата.
Радувај се,
брачна одајо на бессемено вневестување.
Радувај се,
на верните со Господа соединување.
Радувај се,
на девиците предобра хранителке.
Радувај се,
на светите души невестокрасителке.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 11
Секоја песна што се стреми
по множеството на штедроста Твоја да се спростре
со пораз завршува;
ако со песокот истобројни песни Ти принесеме,
Цару Пресвет,
со ништо достојно не сме Ти возвратиле
за она што Си ни го дал нам,
што ти воспеваме:
Алилуја!

ИКОС 11
Како кандило светлоносно
коешто на помрачените им се јави
Светата Дева Ја гледаме;
зашто оган невештествен палејќи
сите во мудрост Божествена ги води,
со блесок умот го просветлува
и честена е со восклици вакви:
Радувај се,
лач на Сонцето Духовно.
Радувај се,
светило на Светлоста незалезна.
Радувај се,
молњо, душите што ги просветлуваш.
Радувај се,
зашто како гром демоните ги престрашуваш.
Радувај се,
низ Тебе блеска многусветлото просвештение.
Радувај се,
зашто река Си со обилно течение.
Радувај се,
Ти што образот на очистување го живописаш.

Радувај се,
Ти што скверноста гревовна ја отстрануваш.
Радувај се,
бањо совеста што ја миеш.
Радувај се,
чашо што радост црпеш.
Радувај се,
кадило на Христовото благоухание.
Радувај се,
животу на таинственото радование.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 12
Откако посака милост да подари
за долговите древни,
Разрешителот на сите долгови човечки
Самиот дојде при оние
што од благодатта Негова отстапија;
и кога го скина списокот со долговите
од сите слушна:
Алилуја!

ИКОС 12
Опевајќи го Породот Твој,
сите ко жив храм Те фалиме, Богородице,
зашто откако се всели во утробата Твоја,
Господ, Седржителот, и ги освети,
и ги прослави, и сите да Ти пеат ги научи:
Радувај се,
на Бога Словото селение.
Радувај се,
посвета од Светињата на Светињите.
Радувај се,
ковчегу од Духот позлатен.
Радувај се,
неисцрпна ризницо на живот нетленен.
Радувај се,
чесен венецу на царевите благочестиви.
Радувај се,
пофалбо чесна на јереите благоговејни.
Радувај се,
на Црквата столбу непоколеблив.

Радувај се,
на царската крепост темелу неразрушлив.
Радувај се,
со Тебе победните знамиња се возвисуваат.
Радувај се,
со Тебе непријателите се уништуваат.
Радувај се,
на телото мое исцеление.
Радувај се,
на душата моја спасение.
Радувај се, Невесто Неневестна!


КОНДАК 13 .................(3 пати)
О севоспеана Мајко,
Родителке на Словото, посвето од сите Светии!
Примајќи го приносот сегашен
од секоја напаст избави н¢,
и од секоја идна мака сочувај н¢,
нас што Ти воспеваме:
Алилуја!

Aleksandar.N.sv.Haralampij

ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече ‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,
на Ева од солзите избавување.
Радувај се,
висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се,
длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се,
зашто царски престол Си.

Радувај се,
зашто Го носиш Носителот на с¢.
Радувај се,
ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се,
утробо на Божественото воплотување.
Радувај се,
низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се,
низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се Невесто Неневестна!


КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

 

Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Издавач: Струмичка епархија

Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот.

Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци

и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист,

таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот,

туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени…“

 

Друго:

 

 sv.serafim.sarovski.jpg

 Акатист на преп. Серафим Саровски


Ортодоксија и Ортопраксија / Јануари 15, 2012    

Кондак 1

            Избран чудотворецу и прекрасен угоднику Христов, брз помошнику и молитвенику наш, преподобен отче Серафиме, величајќи Го Господа, Кој те прослави, пофална песна ти пееме. Ти, пак, имајќи голема слобода пред Господа, ослободи нè од сите неволји, нас кои ти воскликнуваме:

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Икос 1

            Создателот на ангелите те избра од почетокот со својот живот да го прославуваш прекрасното име на Света Троица. Ти навистина беше ангел на земјата и Серафим во тело, бидејќи твојот живот се просвети како пресветол факел на вечното Сонце на Правдата. Ние, пак, гледајќи ги твоите префални трудови, со побожност и со радост вака ти говориме:

Радувај се, правило на верата и на благочестието!

Радувај се, образецу на кроткоста и на смирението!

Радувај се, преславно величање на верните!

Радувај се, претивко утешување на жалните!

Радувај се, омилена пофалбо на монасите!

Радувај се, давајќи во светот прекрасна помош!

Радувај се, на Руската држава славо и заштито!

Радувај се, на тамбовскиот крај свештен украсу!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 2

            Согледувајќи ја твојата љубов кон монашкиот живот, твојата мајка, преподобен отче Серафиме, ја позна светата волја Господова во врска со тебе, па како совршен дар те принесе на Бога, благословувајќи те на тесниот монашки пат со својот свет крст, кој го носеше до крајот на својот живот, пројавувајќи ја со тоа својата голема љубов кон распнатиот за нас, нашиот Бог Христос. Нему сите со умиление Му воскликнуваме: Алилуја.
 

Икос 2

            На тебе, светителу Божји, ти е даруван небесен разум, бидејќи од својата младост не престануваше да размислуваш за небесното. Го остави татковиот дом заради царството Божјо и заради Неговата правда. Заради тоа прими ги од нас овие пофалби:

Радувај се, богоизбрано чедо на градот Курск!

Радувај се, пречесен младенецу на благочестиви родители!

Радувај се, зашто си ги наследил доблестите на мајка си!

Радувај се, зашто таа те научила на побожност и молитва!

Радувај се, благословен со крст од мајка си на подвизи!

Радувај се, зашто овој благослов до смрт како светиња го чуваше!

Радувај се, зашто татковиот дом го остави заради љубовта Господова!

Радувај се, зашто сите убавини на овој свет не ги сметаше за ништо!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 3

            Силата на Севишниот навистина од младоста те чуваше, преподобен. Кога падна од височината на храмот, Господ те сочува неповреден, а кога страдаше во лута болест, ти се јави Светата Владичица, донесувајќи ти исцеление од небесата, затоа што од младоста верно Му служеше на Бога, постојано воскликнувајќи Му: Алилуја.
 

Икос 3

            Имајќи ревност за подвиг на рамноангелски монашки живот, се упати во светиот град Киев заради поклонение на преподобните печерски отци. Примајќи наредба од устата на преподобниот Доситеј за да го управиш својот пат во Саровската пустина, од далеку со вера го засака тоа свето место и, населувајќи се таму, богоугодно и го заврши својот живот. Ние пак, восхитувајќи се на таквата Божја промисла за тебе, со умиление ти возвикуваме:

Радувај се, зашто си се одрекол од световната суета!

Радувај се, зашто небесната татковина пламено ја засака!

Радувај се, зашто Христа со сето срце го засака!

Радувај се, зашто благиот Христов јарем го зеде на себе!

Радувај се, зашто си исполнет со совршено послушание!

Радувај се, верен чувару на светите Христови заповеди!

Радувај се, зашто своите ум и срце во Бога молитвено си ги утврдил!

Радувај се, непоколеблив столбу на благочестието!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 4

Стивнувајќи ја бурата на злобните напасти, го помина целиот тесен и трновит пат на монашкиот подвиг, затвореништво, молчење и многуноќно бдение. Растејќи така со Божјата благодат од сила во сила, од дејствување кон боговидение, се пресели во горното семејство, каде што со ангелите Му пееш на Бога: Алилуја.

Икос 4

Слушајќи го и гледајќи го твојот свет живот, преподобен отче Серафиме, сите твои браќа ти се восхитуваа, а оние што ти доаѓаа, се поучуваа од твоите зборови и подвизи, славејќи Го Господа, прекрасен во Своите свети. И сите ние со вера и љубов те фалиме, преподобен отче, и вака ти повикуваме:

Радувај се, зашто целиот се принесе на Господа на жртва!

Радувај се, зашто се воздигна на висина на бестрастието!

Радувај се, добар и верен слуго на Небесниот Домаќин!

Радувај се, незасрамен застапнику наш пред Господа!

Радувај се, недремлив наш молитвенику пред Богородица!

Радувај се, пустински крину со прекрасен мирис!

Радувај се, непорочен саду на Божјата благодат!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 5

Божествената светлина го осветли твоето живеалиште, преподобен, кога, додека лежеше болен на смртниот одар, Пречиста Дева ти дојде со светите апостоли Петар и Јован и, допирајќи ја твојата глава, рече: „Овој е од нашиот род“. Исцелувајќи се во еден миг, благодарно Му запеа на Господа: Алилуја.

Икос 5

Гледајќи го твојот чист и свет живот, преподобен Серафиме, непријателот на човечкиот род посака да те погуби: предизвика против тебе злобни луѓе кои беззаконито те мачеа и те оставија едвај жив. Ти, пак, свети отче, поднесе сè како кротко јагне, молејќи се на Господа за оние што ти нанесоа зло. Заради тоа сите ние, восхитувајќи се на таквата твоја незлобност, ти воскликнуваме:

Радувај се, зашто во кроткост и смирение го подражаваше твојот Бог Христос!

Радувај се, зашто со својата незлобност го победи духот на злобата!

Радувај се, срдечен чувару на душевната и телесната чистота!

Радувај се, пустинику, преполн со благодатни дарови!

Радувај се, богопрославен и прониклив подвижнику!

Радувај се, прекрасен и богомудар наставнику на монасите!

Радувај се, пофалбо и радост на Светата Црква!

Радувај се, славо и украсу на Саровското братство!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!


Кондак 6

Саровското братство проповеда за твоите подвизи и трудови, богоносен угоднику Христов. Ти ги вдахна со молитва саровските шуми и гори, подражавајќи го пророкот Божји Илија и Господовиот Крстител Јован. Се покажа како фиданка на пустината, многуплоден со дарови на Светиот Дух, со чие дејство направи многу и преславни чуда, поттикнувајќи ги верните да Му пеат на Бога, Дародавателот на добра: Алилуја.
 

Икос 6

Просветли во тебе нов боговидец, сличен на Мојсеј, блажени Серафиме. Исполнувајќи го непорочното служење на олтарот Господов, се удостои да Го видиш Христа како оди во храмот заедно со бесплотните сили. Восхитувајќи се на таквото Божјо благоволение кон тебе, вака ти пееме:

Радувај се, преславен боговидецу!

Радувај се, осветлен со Трисончева светлина!

Радувај се верен служителу на Пресвета Троица!

Радувај се, украсено живеалиште на Светиот Дух!

Радувај се, зашто со телесни очи Го виде Христа со ангелите!

Радувај се, зашто во земно тело ја предвкуси рајската сладост!

Радувај се, наситен со Лебот на животот!

Радувај се, напоен со пијалок на бесмртноста!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 7

Сакајќи преку тебе на луѓето да им ја јави Својата неискажлива милост, Човекољубивиот Господ те покажа како вистинска богосветла светлина. Ти, пак, со дела и со зборови сè приведуваше кон благочестие и љубов Божја. Заради тоа, просветлен со блескањето на твоите подвизи и наситен со лебот на твоето учење, усрдно те величаме и на Христа, Кој те прослави Му воскликнуваме: Алилуја.

Икос 7

Гледајќи го во тебе новиот избраник Божји, верните оддалеку те бараа во неволји и болести. Ти пак, оптоварените со неволји, не ги отфрли, туку им точеше исцеление, им даваше утеха и застапништво во молитвите. Заради тоа по целата Руска земја се рашири глас за твоите чуда, а твоите духовни чеда вака те славеа:

Радувај се, пастиру наш добар!

Радувај се, милостив и кроток отче!

Радувај се, брз и благодатен наш лекару!

Радувај се, милосрден исцелителу на нашите немоќи!

Радувај се, брз помошнику во беди и неволји!

Радувај се, пресладок смирувачу на измачените души!

Радувај се, зашто идното го гледаше како сегашно!

Радувај се, прониклив изобличителу на тајните согрешенија!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 8

Прекрасно чудо гледаме на тебе преподобен, зашто како немоќен и уморен старец илјада денови и илјада ноќи помина во молитва на каменот. Кој е во состојба да го искаже твојот напор во борбата која ја претрпе, блажен отче, издигнувајќи ги своите раце кон Бога, победувајќи го мислениот Амалик и пеејќи Му на Господа: Алилуја.



Икос 8

„Целиот си копнеж, целиот си сладост, најсладок Исусе“, извикуваше во молитвите, отче, во своето пустинско безмолвие. Ние пак, помрачени со суета и во гревови поминувајќи го целиот свој живот фалејќи ја твојата љубов кон Господа, вака ти возвикуваме:

Радувај се, застапнику за спасение на оние што те фалат и што те почитуваат!

Радувај се, зашто грешниците ги водиш кон исправување!

Радувај се, прекрасен затворенику и молчаливецу!

Радувај се, срдечен молитвенику за нас!

Радувај се, зашто покажа пламена љубов кон Господа!

Радувај се, зашто со огнот на молитвата, стрелите на ѓаволот ги запали!

Радувај се, незгаслива свеќо која во пустината свети со молитвата!

Радувај се, светилнику кој гори и светли со духовни дарови!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!



Кондак 9

Целата ангелска природа се восхити на чудната глетка, зашто Царицата на небото и на земјата му се јави на старецот затворник, заповедајќи му да го прекине своето затворништво и да не им забранува на православните да му доаѓаат, туку сите да ги научи на Христа Бога да Му пеат: Алилуја.

Икос 9

Многуговорливите беседници не можат да ја искажат крепоста на твојата љубов, блажени, зашто себеси се предаде на служење на оние што ти доаѓаат, исполнувајќи ја наредбата на Богомајката. На колебливите им беше благ советник, на слабите утешител, на заблудените кротко вразумување, на болните лекар и исцелител. Заради тоа ти пееме:

Радувај се, зашто од светот се пресели во пустината за да стекнеш добродетели!

Радувај се, зашто од пустината се врати во братството за да посееш семе на доблести!

Радувај се, осенет со благодатта на Светиот Дух!

Радувај се, со кроткост и смирение исполнет!

Радувај се, чедољубив отче, на оние кои ти доаѓаа!

Радувај се, зашто со зборови на љубов на сите им даваше бодрина и утеха!

Радувај се, зашто оние што ти доаѓаа ги нарекуваше радост и богатство!

Радувај се, зашто заради својата света љубов се удостои со Небесното Царство!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 10

Достигнувајќи го врвот на спасоносниот подвиг, својата света душа при коленопреклонетата молитва ја предаде во рацете Божји. Неа светите ангели ја изнесоа горе пред Престолот на Седржителот, за со сите светии да претстои во невечерната слава, пеејќи благодарна песна на Најсветиот од светите – на Словото: Алилуја.

Икос 10

Карпата на сите светии и утеха на монасите – Пресветата Дева, пред твојата смрт ти се јави, соопштувајќи ти го твоето скорешно заминување кај Бога. Ние пак, восхитувајќи се на таквата посета на Мајката Божја, ти извикуваме:

Радувај се, зашто в лице ја гледаше Царицата на небото и на земјата!

Радувај се, зашто од Неа ја прими веста за преселување на Небото!

Радувај се, зашто со праведната смрт ја покажа светоста на својот живот!

Радувај се, зашто на молитва пред иконата на Мајката Божја го предаде својот блажен дух!

Радувај се, зашто со безболното заминување ги исполни своите пророштва!

Радувај се, со венец на бесмртноста овенчан од раката на Седржителот!

Радувај се, зашто со сите светии го наследи рајското блаженство!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 11

Вознесувајќи непрестајна песна на Пресвета Троица, преподобен, со целиот свој живот се покажа како голем подвижник на побожноста, на заблудените – вразумување, на душевно и телесно болните – исцеление. Ние пак, благодарни на Господа за таквата Негова милост кон нас, секогаш воскликнуваме: Алилуја.
 

Икос 11

Светлоточен светилник беше за време на животот, богоблажени отче, а по смртта засветли како светлозрачно светило на Руската земја, зашто од твоите чесни мошти точиш струи на чудеса, на сите кои со вера и љубов ти приоѓаат. Затоа и ние, како на топол молитвеник за нас и чудотворец, ти возвикуваме:

Радувај се, зашто Господ те прослави со многу чудеса!

Радувај се, зашто со својата љубов засветли во целиот свет!

Радувај се, верен следбенику на Христовата љубов!

Радувај се, утехо на сите на кои им е потребна твојата помош!

Радувај се, неисцрпен извору на чудеса!

Радувај се, исцелителу на болни и на оние што имаат потреба!

Радувај се, неоскуден кладенцу на исцелителна вода!

Радувај се, зашто со љубов ги опфати сите краишта на нашата земја!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!

 
Кондак 12

Познавајќи ја твојата благодат и големата смелост пред Бога, ние ти се молиме, преподобен отче: моли Му се топло на Господа да ја сочува Својата Црква од неверие и раскол, од неволји и напасти, за на Бога, Кој преку тебе ни прави добро, да му пееме: Алилуја.
 

Икос 12

Празнувајќи го твоето прославување, те ублажуваме, преподобен отче, како моќен молитвеник, утешител и застапник наш пред Господа, со љубов повикувајќи ти:

Радувај се, пофалбо на Православната Црква!

Радувај се штиту и оградо на нашата татковина!

Радувај се, патеводителу кој сè управуваш кон небесата!

Радувај се, заштитнику и покровителу наш!

Радувај се, зашто со силата Божја многу чуда направи!

Радувај се, зашто со својата риза многу болни исцели!

Радувај се, зашто ги совлада сите ѓаволски замки!

Радувај се, зашто дивите ѕверови со својата кротост ги покори!

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Кондак 13

О прекрасен Божји угоднику и голем чудотворецу, преподобен отче Серафиме, прими го ова наше мало молење кое во пофалба ти го принесуваме. Стоејќи сега пред престолот на Царот над царевите, нашиот Господ Исус Христос, моли се за сите нас да го добиеме Неговото милосрдие во денот на Судот, та со радост да Му пееме: Алилуја.
 

МОЛИТВА

О, голем угоднику Божји, преподобен отче наш Серафиме, погледни од горната слава на нас, смирените и немоќни, обременети со многу гревови, кои ја бараме твојата помош и утеха. Погледни на нас со својата благост и помогни ни непорочно да ги зачуваме заповедите Господови, православната вера цврсто да ја одржиме, покајание за своите гревови срдечно на Бога да Му принесуваме, благодатно да напредуваме во христијанската побожност и да бидеме достојни за твоето молитвено застапништво пред Бога за нас. Светителу Божји, услиши нè нас, кои ти се молиме со вера и со љубов, и не нè презирај, затоа што ни е потребно твоето застапништво. Сега и во часот на нашата смрт помогни ни и заштити нè со своите молитви од злобните демонски напади. Да не нè надвладее нивната сила, туку да се удостоиме, со твоја помош, да го наследиме блаженството на рајските населби. Сега на тебе ја полагаме нашата надеж, милосрден отче: биди ни навистина патеводител кон спасението и приведи нè кон невечерната светлина на вечниот живот со богопријатното свое застапништво пред престолот на Пресвета Троица, за со сите светии да го славиме и да го воспеваме превеликото име на Отецот и Синот и Светиот Дух, во вечни векови. Амин.

 
Тропар, глас 4.

Засакувајќи Го Христа од младоста, блажен, и на Него единствениот пламено посакувајќи да Му служиш, со постојана молитва и со труд во пустината се подвизуваше. Со умилното срце стекнувајќи ја љубовта Христова, стана сакан избраник на Мајката Божја. Заради тоа ти возвикуваме; Спасувај нè со своите молитви Серафиме, преподобен наш отче.
 

Кондак, глас 2.

Оставајќи ја убавината на светот и на сè распадливо во него, преподобен, се насели во Саровското братство. Живеејќи ангелски, на многумина им стана пат кон спасение. Заради тоа и Христос те прослави тебе, отче Серафиме и со дар за исцелување и чудотворење те обогати. Затоа ти воскликнуваме: Радувај се, Серафиме, преподобен наш отче.


Акатист на Свети Апостол и Евангелист Јован Богослов


SV.Jovan.Bogoslov
Кондак 1

Од рибарските мрежи избран за проповедање на Евангелието, и од ловењето риби за ловење луѓе за светлоста на вистинско богопознание, о голем апостолу, ученику, пријателу и љубимецу Христов, моли Го единствениот вистински Човекољубец, Кого со серафимска љубов си Го возљубил, да се смилува на нас кои го просиме твоето посредување кај Него и кои ти воспеваме: Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Икос 1

Творецот на ангелските сили и секоја твар, Владетелот и Господарот Кој на Себе го прими телото наше и се јави на земјата заради спасението наше, гледајќи Го кај оди покрај Морето Галилејско и во повик апостолски те повикува тебе и твојот брат, Јоване Блажен, ги остави мрежите рибарски и отецот свој во коработ, и од тогаш непоколебливо по Спасителот тргна. Поради тоа вака ти извикуваме: Радувај се, зашто од љубовта кон Христа отецот по тело го остави! Радувај се, зашто преку Христа – Отецот небесен Го пронајде! Радувај се, зашто светот и неговите волшебства ги презре! Радувај се, зашто небесните блага на наем ги доби! Радувај се, зашто телото на духот потполно му го потчини! Радувај се, зашто духот свој на преслаткиот учител твој Исус Му го покори! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 2

Гледајќи ја беспрекорната чистота на твоето срце, со телесни страсти неизвалкана, Христос Господ виде дека достоен си за созерцување на откровенијата таинствени, со чија помош навлегувајќи во богословските длабочини, ќе можеш богословието да го проповедаш за сиот свет да чуе. Заради тоа те нарече син на громот кој Му воскликнува: Алилуја!

Икос 2

Осветлувајќи ја душата своја со духот на вистинското богопознание, по благиот Учител твој одеше, учејќи се на премудроста која од Неговата уста излегуваше; и поради совршената незлобивост твоја и девственото целомудире те возљуби Христос Господ. Заради тоа чуј нé нас, кои те славиме: Радувај се на незлобивоста љубителу! Радувај се на девственоста и чистотата чувару! Радувај се на љубовта божествена учителу! Радувај се на добрите нарави воспитувачу! Радувај се на смиреноумието зерцало! Радувај се на божествената благодат светило! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак
Силата на Божеството Христово, скриена под облакот на немоќната природа човечка, очигледно ја позна кога Господ, воскреснувајќи ја ќерката Јаирова и на Таор преобразувајќи се потоа, те удостои тебе единствено, со двата други ученици сведоци да бидете на тие чудеса преславни; и ти, познавајќи Го Христа, дека Бог вистински е, од длабочините на срцето свое Му воскликна Нему: Алилуја!

Икос 3

Имајќи голема слобода пред Христос Синот Божји Кој те љубеше, за време на Тајната Вечера се наслони ти на градите Негови; и кога Господ предскажуваше за издајникот Свој, тогаш единствено ти се осуди да прашаш кој е тој. Заради тоа ние ти воскликнуваме: Радувај се возљубен Христов ученику! Радувај се близок Негов пријателу! Радувај се, зашто слободно на градите Господови се одмори! Радувај се, зашто смело за тајното издајство праша! Радувај се, зашто поблизок си на Христа од другите ученици! Радувај се, зашто тебе повеќе одошто на другите апостоли Христос ти ги откриваше тајните божествени! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 4

Кога бурата на јарост и бес ѕверски на тврдоглавите и неблагодарни Евреи удри на Христа Синот Божји, тогаш сите ученици Негови, од страв обеземени, побегнаа; но ти, исполнет со поголема љубов кон Господа Христа од сите други, гледајќи ги сите маки Негови, остана неотстапно и до самото распетие, со сето срце сострадувајќи со Дева Мајка Божја која плачеше и ридаше, и на крајното милосрдие и долготрпение Божјо восхитувајќи се, воскликнуваше кон Постраданиот за родот човечки: Алилуја!

Икос 4

Спасителот на светот, висејќи прикован на крстот за гревовите наши, и гледајќи те тебе и својата мајка како покрај крстот стоите, те восинови на Преблагословената Дева Богородица, говорејќи и’: „Жено, ете ти син!“ и тебе потоа „ете ти мајка!“. А ние, достојно ценејќи ја таа чест, укажана на тебе, ти воскликнуваме вака: Радувај се, зашто восинувањето од Божјата Мајка си се удостоил на! Радувај се, зашто со тоа, како преку духовно сродство, посебно со Христа си се ородил! Радувај се, зашто на Мајката Божја на достоен начин си и’ послужил! Радувај се, зашто за сето време на животот нејзин на земјата си ја издржувал! Радувај се, зашто и при Успението нејзино до гробот си го прател чесното и свето тело нејзино! Радувај се, зашто пред ковчегот нејзин си одел со блескава гранка, донесена од Аргхангелот Гавриил! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 5

Како боговодена ѕвезда во Асија се јави, заминувајќи таму, со жреб одреден, поради проповедање на зборовите Божји. Но да те проголта морето Господ допушти пред тоа; а благодатта Божја, која секаде со тебе беше, во длабините морски жив те сочува, и по четириесет дни на брановите морски да те исфрлат на брегот им нареди. Кога тоа го виде ученикот твој Прохор, кој веќе ја оплака смртта твоја, со громок глас Му восклина на чудотворниот Бог: Алилуја!

Икос 5

Кога жителите ефески го видоа преславното чудо кое ти го стори воскреснувајќи го младиот Домн, умртвен од демонот што во бањата стоеше, громко ја прославија силата Божја кога ти им проповедаше, и од идолослужењето гнасно избавувајќи се, ти воскликнаа тебе вака: Радувај се, на вистинскиот Бог служителу! Радувај се, на демоните изгонителу! Радувај се, зашто со силата Христова мртовци оживуваш! Радувај се, зашто со истата таа сила ти животот и здравјето ни го враќаш! Радувај се, зашто по ум помрачените кон светлоста на вистината ги повикуваш! Радувај се, зашто со правата вера просветувајќи ги, ти кон добродетели ги упатуваш! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 6

Во Ефес престојувајќи како богоносен проповедник на зборовите Божји, и за распространување на благодатта евангелска ревнувајќи, своето учење со чудеса страшни и тешко разбирливи ти го потврдуваше: оти со една молитва го сруши храмот на Артемида, за идолопоклониците, гледајќи го тоа да Го познаат Бога единиот, Кому Му воскликнуваме: Алилуја!

Икос 6

Светлоста на верата Христова, која ти ја проповедаше, во Ефес заблеска во полн сјај, кога злочестивиот Домицијан го започна гонењето на христијаните; тогаш и тебе, како ревносен исповедник на името Христово, во Рим те испрати окован, каде ги претрпе страшните мачења. Поради нив, ние, со овие поздрави те пречекуваме: Радувај се, зашто поради исповедањето Христово си биен! Радувај се, зашто испиената чаша со отровот смртоносен воопшто не ти наштети! Радувај се, зашто во котелот со врело масло не се свари! Радувај се, зашто во лутите маки со силата Христова сиот се сочува! Радувај се, зашто ќесарот мачител со неповредливоста надприродна го исплаши! Радувај се, зашто со таа иста неповредливост надприродна сиот народ во големината на Бога во кого христијаните веруваат си го убедил! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 7

Кога мачителот виде дека ни најлутите маки, кои ги смисли тој, да те умртват не можеа, сметајќи дека си бесмртен, те осуди на прогонство на островот Патмос; а ти, на Божјата промисла така потчинувајќи ú се, со благодарност на Бога Кој сé кон добро устројува пееше: Алилуја!

Икос 7

Чудеса нови на идолопоклониците им покажа, сакајќи да ги обратиш во спасоносната вера Христова, кога пловејќи кон твоето прогоноство, по заповедта твоја морето на коработ го исфрли удавениот младич; бурата престана, водата солена во слатка се претвори, војникот од чир во стомакот се излечи, и по твоето доаѓање на Патмос, демонот гатачки од Аполон изгонет беше. Тогаш, сите кои така несфатливите нешта ги гледаа доаѓаа кон познание на Триипостасниот Бог, а ние те величаме вака: Радувај се, зашто на морето и бурата им заповедаш! Радувај се, зашто духовите сатански од луѓето ги изгонуваш! Радувај се, зашто со еден збор болести исцелуваш! Радувај се, зашто на сите што се во неволји помош им укажуваш! Радувај се, зашто младичот од давење во морето го избави! Радувај се, зашто неверниците во верата вистинска ги утврди! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 8

Необично беше за жреците во храмот аполонов да гледаат како ти домот негов, кого тие, безумните, го сметаа за бог, со еден збор на земја го сруши; и тие, чудејќи се и воедно на таа дрскост твоја беснејќи, појдоа кај волшебникот Кинопс, ревносниот заштитник на демони, за срамотењето на нивниот бог да се одмазди; тој пак, по душа слепиот, не зјаејќи ја силата која е во тебе, се обиде со привиденија разни да те заплаши, и народот против тебе да го крене; но потоа тој самиот, беден, на своите магии потпирајќи се, во морето се нурна, и таму потона, зашто демоните немоќни беа да го спасат кога ти им забрани со името на Исуса Христа Синот Божји; народот, сведочејќи го ова чудо, Го прослави Христа, пеејќи: Алилуја!

Икос 8

Сé во себе со божествена љубов исполнувајќи, сиот стана престојувалиште на Светиот Дух; иднината ја пророкуваше, говореше за она што далечно е како да е нешто блиско, болните ги исцелуваше, на жената на царскиот намесник која во маки породилни беше болките ú ги олесни стапнувајќи го прагот на нивниот дом. Затоа прими ги и од нас, грешните, овие пофалби: Радувај се, на благодатта Божја живеалиште! Радувај се, на Духот Свет престојувалиште! Радувај се, реко чудотворна, со лековита сила исполнета! Радувај се грому, кој змијата стародревна ја биеш со ангелите нејзини! Радувај се, зашто лукавството на злиот сатана го изобличуваш! Радувај се, зашто верните од неговите замки ги заштитуваш! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 9

Ревносно искоренуваќи го секое беззаконие меѓу луѓето кај кои испратен беше, со еден збор Бахусовото идолиште го разурна; со чудесата убедувајќи го магот Нукијан, од волк кротко јагне ти направи, и го приведе кон верата Христова; и изобличувајќи ја мајката заради нејзините блудни похоти кон синот нејзин, кон покајание ја обрати; тие, обратувајќи кон спасение од гревот, незамолчиво на Бога воскликаа: Алилуја!

Икос 9

Краснозборноста на философијата човечка не е во состојба да ја изрази, ниту умот на плотскиот човек да го сфати она што ти нас ни го објави за беспочетното Битие на Триипостасниот Бог; зашто, слично на Мојсеја ти во громови и молњи на гората од Бога ја прими тајната на богословието, и на светот му објави: дека во почетокот беше Логосот, одискона нераздвоен од Отецот, дека Тој е причина на сé што постои, дека Тој е светлост на животота на животот која темнинанта да ја обземе не може. Со такво блескање на светлоста на Вистината Божествена, ние те почитуваме како тајник на беспочетната Троица, и те славиме како најсовршен богослов: Радувај се орелу, кој си летнал до самиот пламенолик престол Божји! Радувај се ти, кој недостижните тајни Божји нам ни ги откриваш! Радувај се ти, кој човештвото и Божеството Христово ни ги објаснуваш! Радувај се, кој на љубовта кон Бога и ближниот нé учиш! Радувај се ти, кој за таа љубов присуството Божјо ни го ветуваш! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 10

Сакајќи да ги спасиш душите човечки, ти сесрдно луѓето во Христа Синот Божји да веруваат ги поучуваше, чиста совест да имаат и еден со друг да се љубат, за не само овде, но и во населбите на праведните восхитено да Му пеат на семоќниот Бог: Алилуја!

Икос 10

Гледајќи го во Откровението горниот Ерусалим, ти нам ни предаде пророштво за она што веќе е што ќе биде до крајот на светот, кажувајќи ни го тоа со зборови таинствени и препуштајќи го разбирањето на оние кои божествен ум имаат. Восхитувајќи се на таквата премудрост, од Бога дарувана, ние вака те величаме: Радувај се, зашто со познавањето на Алфата и Омегата ја надмина природата човечка! Радувај се, зашто живеалиште стана на таинствата недофатни за умот човечки! Радувај се, зашто неискажаните откровенија Божји ги виде! Радувај се, зашто на верните им ги предаде! Радувај се, зашто радостите свети уште во овој живот ги позна! Радувај се, зашто тие радости свети сега во мера највисока непречено ги уживаш! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 11

Благодарна жртва на пофалба тебе ти принесе, свети апостолу Јоване, оној христијанин кој, осиромашувајќи и немајќи со што долгот на задолжителите да им го исплати, во очајание падна и самоубиство да изврши планираше; но ти, човекољубив, да го избавиш од времената и вечна смрт сакајќи, со крстниот знак сеното во злато го претвори и нему му го даде, со тоа злато долговите на задолжителите да им ги врати, и домот свој да го прехрани, и на Бога, Кој преку тебе добро му стори, да Му пее: Алилуја!

Икос 11

Твојата душа светлозрачна, достигајќи во мерата на растот Христов висина, и во мерата на растот на совршениот човек, почувствува оти времето за неопходна човечка промена се приближи: гнилежното да ја наследи ветената негнилежност, и смртното – бесмртноста ветена. На учениците свои тогаш им нареди ти жив да те погребаат; а кога утредента на твојот гроб дојдоа, и го откопаа, во него тие ништо не најдоа. Дознавајќи дека твојата промена извршена е преку необично за човечкотсмртно успение, тие пофалба ти принесоа вака: Радувај се орелу, кој младоста своја со непречениот лет кон сонцето на Божјата слава ја обнови! Радувај се, зашто со таа промена сите закони на човечката природа ги надмина! Радувај се, зашто по ветувањето на својот благ Учител на еден од дванаесетте престоли седна! Радувај се, зашто на него суд и правда вршиш среде Божјите луѓе Израилеви! Радувај се, зашто сега се насладуваш гледајќи го лицето на Оној пресладок Исус, на Чии гради пред Неговите страданија и воскресение се наслони! Радувај се, зашто од Неговото милосрдие ги измолуваш сите блага за нас! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 12

Благодат од Бога дадена беше на она место каде телото твое на земјата се предаде, за на денот на твоето погребение ситен прав за исцеление на болесниците да испушта, и преку тоа чудо покажувајќи како Бог оние кои Го љубат ги прославува, за сите ние, гледајќи го ова, непрестајно со срцето и душата дење и ноќе Нему Му воскликнуваме: Алилуја!

Икос 12

Фалејќи го трудот твој во апостолството, и чудесата и исцеленијата кои ги излеваше и ги излеваш преку благодатта на Светиот Дух Кој во тебе престојува, Бога Го славиме што ни дарувал таков патеводител кој по патот на спасението нé води, и полн со сожалување е кон ништожноста наша. Поради тоа, свети апостолу, прими ги од нас ваквите пофалби: Радувај се, сеодличен ученику Христов! Радувај се, сеизвонреден учителу на Црквата Христова! Радувај се почетоку и темелу на богословието! Радувај се, откровение на тајните Божествени! Радувај се, примеру на девствените и кон целомудрие охрабрителу! Радувај се, брз помошнику и заштителу на верните кои кон твоето заштитништво прибегнуваат! Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!

Кондак 13

О, преславен и сефален апостолу и евангелисту, љубимецу Христов, возљубен Јоване, со своето семоќно посредништво измоли за нас, кај семоќниот Учител твој, и Владика наш и Господ, секое времено и вечно богатство, и христијански крај на нашиот живот, за со тебе во населбата на праведните, и со хоровите ангелски да Му запееме на Триипостасниот Бог: Алилуја!
(овој кондак се чита три пати; потоа повторно се чита Икос 1 и Кондак 1)

 

sv.Jovan.evangel.Bogoslov
Молитва кон светиот апостол и евангелист Јован Богослов

            О, голем апостолу, громогласен евангелисту, извонреден богослову, на недостижните откровенија тајновидецу, девственику, и мил љубимецу Христов Јоване, прими нé со своето својствено милосрдие нас, грешните, кои прибегнуваме кон твојата моќна заштита и покровителство. Измоли од семилосрдниот човекољубец Христос и Бог наш, Кој пред твоите очи ја изли Својата сескапоцена крв за нас, непотребните Свои слуги, да не Си спомене на беззаконијата наши, туку да се смилува на нас, и со нас да постапи по Својата милост, да ни дарува душевно и телесно здравје, секоја благодат и изобилие, учејќи нé сето тоа да го употребуваме во слава на твојот Творец, Спасител и Бог наш; и по завршувањето на привремениот живот да ги избегнеме, свет апостолу, немилосрдните испитувања кои нé очекуваат на воздушните митарства, и под твое водство и покровителство да стигнеме во небесниот Ерусалим, чија слава си ја видел во откровението, а сега се насладуваш со онаа радост која ветена е на избраниците Божји. О, голем Јоване, сочувај ги сите градови и земји христијански, и сите православни христијани од глад, помор, земјотреси, поплави, пожари, непријателски напади и меѓусебни војни; избави нé од секаква неволја и напаст, и со своите молитви одврати го од нас праведниот гнев Божји, и измоли ја Неговата милост за нас.
        О, голем и недостижен Боже, Алфо и Омего, извору и сливу на нашата вера! Еве, за молитвен застапник свој Ти го предложуваме свети Јован, кого Ти си го удостоил преку неизречените откровенија да Те познае Тебе, неискажливиот Бог: прими го посредништвото негово за нас пред Тебе, исполни ги молбите наши во славата Твоја; но над сé усоврши нé со духовното совршенство, за да уживаме во бесконечниот живот и небесните семејства Твои! О, небесен Оче, Творецу на сé, семоќен Цару! Со Својот прст допри ги срцата наши, и како восок ќе се растопат и истечат пред Тебе, и земната твар ќе стане духовна, во чест и слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин!
Превод и обработка: Милан Јаковчевски 

АКАТИСТИ

 

Pokrov.Bogorodicen.jpg 

Акатист за Покров на Пресвета Богородица

sv.Petka.cikago.jpg

Акатист на Света Параскева Римјанка

Акатист на Свети Јован Крстител

 

Акатист на Трите Светители

Акатист на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле

Акатист на Свети Илија

Акатист на Свети Никола Архиепископ Мирликијски - Чудотворец

Акатист за упокоени

Акатист на Свети Архангел Михаил

Акатист на Свети Герман Алјаскински

Акатист на Свети Јован Кронштадски

Акатист за причествување

Канони:

Молебен канон кон Пресвета Богородица

Покаен канон

Канон за болни

Канон за упокоени

 

 

 

 

Акатист на свети Климент, Архиепископ Охридски и чудотворец

 

 sveti kliment_freska od veles

 

Кондак 1

Сепобедничкиот Војвода на светлите бесплотни сили те избра, светителу отче Клименте, да го изгониш бесовскиот мрак од нашата земја со светлината на Евангелието. Затоа ние, твоите чеда, просветени со твоето слово, пееме пофални песни во твоја чест: радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Икос 1

Те почитуваме како ангел на Охридската црква, светителу отче Клименте, ти, кој од словенските првоучители си ја добил евангелската просвета. Самиот ти шепни ни, во нашите смирени срца, та да ти ја пееме достојно оваа пофална песна:

Радувај се, од Бога даруван сине на твоите родители;

Радувај се, од Бога предизбран Христов светителу!

Радувај се, ти, кој од мајчиното млеко си воспитан во благочестие;

Радувај се, ти, кој од детството си го здобил вистинскиот Божји Дух!

Радувај се, ти, кој од младоста си го насочил погледот кон небото;

Радувај се, ти, кој од првиот здив си Го возљубил Бога!

Радувај се, ти, кој во молитва се вознесуваш кон Бога;

Радувај се, ти, кој си украсен со благомирисот на целомуреноста!

Радувај се, ти, кој си роден за просветување на македонскиот род;

Радувај се, зашто си ја научил вистинската вера од светите Методиј и Кирил!

Радувај се, зашто од нив премудро си се утврдил во православието;

Радувај се, зашто си неуморен трудбеник на Христовото благовестие!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 2

Кога го видоа во Моравија, по смртта на свети Методиј, лутото гонење од германските духовници, неговите ученици, заедно со тебе, светителу отче Клименте, паднаа во голема мака. Од никаде не очекуваа спасение и кога ја положија сета своја надеж на Бога, со солзи пееја: Алијуја!

Икос 2

Помрачен од латинската ерес кнезот Светополк те фрли в затвор заедно со останатите ученици и по долги маки, светителу Клименте, те протера до бреговите на Дунав. Ние, пак, ти ја пееме оваа пофална песна, како на исповедник на православието:

Радувај се, ти, кој стапи во храбра борба со латините;

Радувај се, ти, кој претрпе од нив луто гонење!

Радувај се, ти, кој покажа ревност апостолска;

Радувај се, зашто над сè го покажа благочестието!

Радувај се, зашто не се исплаши од жестоките маки за православието;

Радувај се, зашто се предаде заради Бога на апостолска сиромаштија!

Радувај се, пазителу на заповедите Господови;

Радувај се, исполнителу на заветите на твоите наставници!

Радувај се, велегласен проповеднику на Евангелието меѓу Словените;

Радувај се, ревносен пазителу на чистотата на православието!

Радувај се, прекрасно живеалиште на Светиот Дух;

Радувај се, изобличителу на тројазичната заслепеност!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 3

Силата Божја те чуваше, светителу отче Клименте, да се упатиш заедно со светите Ангелариј и Наум во Богопазената ни Македонија, каде што започна да ја распространуваш, со цврста надеж, евангелската проповед на словенски јазик, благодарствено воскликнувајќи: Алилуја!

Икос 3

Со содејството на Светиот Дух, свети Клименте, си влегол во домот на богољубивиот човек, чијшто мртов син си го воскреснал со молитва. Восхитувајќи се на рамноапостолната сила што во тебе пребива, побожно ти пееме вака:

Радувај се, зашто ги претрпе негодувањата од натажениот татко;

Радувај се, зашто доби благодарност од него по воскреснувањето на детето!

Радувај се, ти, кој го поттикна на таква љубов кон тебе;

Радувај се, зашто преку тебе посрамен беше лукавиот!

Радувај се, ти, кој со својата љубов ги привлече сите кон себе;

Радувај се, зашто можеш да твориш сè во името на Христа!

Радувај се, извршителу на великото чудо;

Радувај се, воскресителу на умреното чедо!

Радувај се, ти, кој со смирение го покри чудотворството;

Радувај се, ти, кој со чудотворство ги обрати сите кон Бога!

Радувај се, зашто си укрепен со Божјата благодат;

Радувај се, зашто во срцето носиш дух на умиление!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 4

Духовна радост им донесе на благочестивите, светителу отче Клименте, кога стапна на македонската земја. Само бесовите на идолослужењето, претчувствувајќи го крајот на царството на мракот, се кренаа против тебе, зашто само тие не можеа да ти пеат: Алилуја!

Икос 4

Кога слушна благоверниот цар Борис, дека ќе проповедаш со своите ученици во Македонија, светителу отче Клименте, заповеда да бидете испратени кај него со долична чест, зашто бараше мажи за да го проповедаат Божјото слово меѓу новопокрстениот народ. Радувајќи се со него, ти пееме вака:

Радувај се, ти, кој нè озари со Божествената светлина;

Радувај се, ти, кој нè просветли со чистите догмати!

Радувај се, ти, кој Го прослави Бога со апостолски трудови;

Радувај се, зашто во животот заблеска како земен ангел!

Радувај се, учителу на верата православна;

Радувај се, зашто го засака црковното служење!

Радувај се, зашто блескаш со кротост и смирение;

Радувај се, подражателу на небесните ангели!

Радувај се, розо расцутена крај водните потоци;

Радувај се, ти, кој имаш жива вера во срцето!

Радувај се, зашто благоухаш во Црквата како крин благодатен;

Радувај се, зашто си стекнал небесни венци и на земјата!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 5

Како испратена од Бога ѕвезда ја осветли Богопазената Македонија, светителу отче Клименте, кога управителот на Белград те испрати кај цар Борис да го научиш народот да ја разбира православната вера и да Му воспева на Христа: Алилуја!

Икос 5

Кога те виде благоверниот цар Борис, светителу отче Клименте, те пречека како исповедник на православието; кога дозна за твоето благочестие, пројавено во Дух и сила, и кога го доби од тебе усвоеното Божествено Писмо заедно со добродетелите, голема чест ти воздаде, фалејќи те со зборовите:

Радувај се, непоколеблив чувару на верата;

Радувај се, насадителу на побожноста!

Радувај се, ти, кој не ги криеш талантите во земјата;

Радувај се, ти, кој го обогати нашиот народ со православието!

Радувај се, усрден просветителу на народот со вера;

Радувај се, зашто си покажал апостолски подвизи!

Радувај се, зашто блескаш со сите добродетели;

Радувај се, зашто светиш со правда и љубов!

Радувај се, зашто иако почитуван, остана смирен;

Радувај се, зашто со молитва му користиш на народот!

Радувај се, извршителу на чудеса за оние, кои те почитуваат;

Радувај се, зашто им покажуваш чудеса на оние, кои ти се молат!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 6

Велегласен проповедник на евангелието си бил во земјата македонска, светителу отче Клименте, затоа мнозина се упатија кај тебе, за да го чујат од богоглаголивата уста душеспасителното учење; и за осветување на домовите те канеа, за да ги научиш умилително да ја пеат Христовата песна: Алилуја!

Икос 6

Кога заблеска со светлината на православното благовестие во источните краишта, светителу отче Клименте, благоверниот кнез Борис те испрати во западните краишта, за да му го проповедаш на народот Словото на Вистината и да бидеш прославуван вака:

Радувај се, првоучителу на нашиот народ;

Радувај се, просветителу на цела Македонија!

Радувај се, разрушителу на паганските жртвеници;

Радувај се, градителу на Божјите храмови!

Радувај се, прогонителу на мрачните суеверија;

Радувај се, зашто ги утврдуваш Божјите заповеди во животот!

Радувај се, ревнителу за чистотата на православието;

Радувај се, застапнику, за сите нас пред Бога!

Радувај се, зашто ја скрши прелеста на идолослужењето;

Радувај се, зашто го насади вистинското богопочитување!

Радувај се, зашто ги искорени развратните обичаи;

Радувај се, зашто ги посеа христијанските навики!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 7

По Божја волја цар Борис те возвеличи, светителу отче Клименте, со почести и дарови, но ти го запазуваше смирението и како слуга неугоден, по зборовите Господови, го направи она што беше должен да го сториш, и на Христа непрестајно Му пееше: Алилуја!

Икос 7

Како нов Павле се покажа во македонската земја, светителу отче Клименте, проповедајќи му ги на народот догматите на верата и спасителните заповеди за православното знаење и побожен живот. Восхитувајќи се на длабочините на твоето учење, со песни те славословиме вака:

Радувај се, пастиреначалнику, кој нè водиш кон Бога;

Радувај се, духовен предводнику на твоите луѓе!

Радувај се, сострадален архипастиру на Христа;

Радувај се, родителу снисходлив кон твоите чеда!

Радувај се, ти, кој имаш ангелоподобно житие;

Радувај се, ти, кој Му пееш на Бога со бесплотните хорови!

Радувај се, зашто се оддалечи од земската пристрасност;

Радувај се, зашто достигна ангелска бестрасност!

Радувај се, зашто ни го покажа патот кон небесата;

Радувај се, зашто ги исцелуваш сите бесплатно!

Радувај се, зашто ги избавуваш од неволји оние кои те почитуваат;

Радувај се, зашто им даваш исцеление на душите и телата!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 8

Кога размислуваме за твоето житие, светителу отче Клименте, осознаваме, дека сме туѓинци, кои не треба да се приврзуваат, во текот на земното патување, кон суетата на овој век, затоа секогаш со зборови и дела го воспеваме подвигоположникот, Христос нашиот Спасител, пеејќи Му: Алилуја!

Икос 8

Целосно си бил предаден на благовестието, светителу отче Клименте, од секаде си примал мноштво ученици и си се грижел за нивните души, како за новонасадени фиданки; си им ги разоткривал длабочините на Писмото; прими ги од своите духовни чеда овие ублажителни слова:

Радувај се, зашто ги објасни длабочините на Свештеното Писмо;

Радувај се, зашто на своите ученици им ја откри тајната на богословието!

Радувај се, зашто ги уништи замките на латинската ерес;

Радувај се, зашто потполно ја обессили демонската прелест!

Радувај се, благогласна трубо на благовестието;

Радувај се, пчело, која изобилно црпеш нектар од Писанието!

Радувај се, составителу на проповеднички поученија;

Радувај се, љубителу на духовни созерцанија!

Радувај се, тихувателу среде многусловното учителство;

Радувај се, зашто го постави смирението за основа на животот!

Радувај се, зашто се смири со најтешки трудови;

Радувај се, зашто пребиваше во пост и молитви!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 9

Ти покажа исклучителна усрдност како учител на македонскиот народ, светителу отче Клименте, затоа тогашниот цар Симеон те постави за епископ на градот Охрид. Луѓето кога го видоа новиот архиереј од својот род, Му заблагодарија на Бога и со радост пееја: Алилуја!

Икос 9

Слаткоречивите говорници не успеваат да ги пофалат сите твои трудови, светителу отче Клименте; за свештенството си се грижел, достојните си ги возведувал во чин, неуките си ги описменувал, на напредните си им ја предавал длабочината на Премудроста Божја, за сите си бил во служењето полнота на совршенството. Затоа ние те прославуваме, воскликнувајќи вака:

Радувај се, светило на архиерејското служење;

Радувај се, поразу на разнообразните ереси!

Радувај се, архипастиру на словесните овци;

Радувај се, сместилиште на небесните дарови!

Радувај се, образецу на светителско подвизување;

Радувај се, правило на благоразумно расудување!

Радувај се, побожен украсу на свештенството;

Радувај се, освежителен потоку на духовната утеха!

Радувај се, извору на славното усрдие;

Радувај се, наставнику на кроткото поучение!

Радувај се, непоколеблив стожеру на православието;

Радувај се, посебно достоинство на Македонија!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 10

Бидејќи сакаше да го спасиш довереното ти од Бога стадо на словесни овци, светителу отче Клименте, со апостолска усрдност ја обиколи целата земја и го искорени идолослужењето, повикувајќи ја паствата кон спасение и утврдувајќи ја во православието, затоа со една уста и едно срце Го воспеваме Христа: Алилуја!

Икос 10

Бедем и ограда на сите си бил, светителу отче Клименте, си им помагал на беспомошните и за навредените си се застапувал, со дар на чудотворство си ги укрепувал раслабените, хромите си ги исправал, на слепите прогледување си им дарувал. Затоа те прославуваме, пеејќи ти:

Радувај се, зашто изгради манастир на целителот Пантелејмон;

Радувај се, зашто го подражаваш со благодатното исцелување!

Радувај се, зашто ги избавуваш од злоба оние кои те почитуваат;

Радувај се, зашто ги развеселуваш душите на оние кои итаат при тебе!

Радувај се, зашто нè чуваш од несреќи нас, кои доаѓаме кај тебе;

Радувај се, зашто пред твоето лице горко се каеме за гревовите!

Радувај се, зашто се издигнуваш кон совршенството на Небесниот Отец;

Радувај се, зашто си ја придобил љубовта на добриот пастир – Христос!

Радувај се, зашто ги имаш сите евангелски добродетели;

Радувај се, зашто имаш житие подобно на бесплотните сили!

Радувај се, зашто ликувајќи те слави цела Македонија;

Радувај се, зашто те почитува секоја Православна црква!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 11

Во пустинско безмолвие си принесувал песни на Бога и да го напуштиш светот си се подготвувал, во манастир да заминеш и на твоето место друг да изберат си молел, кој бодро ќе Му пее на Семоќниот Бог: Алилуја!

Икос 11

Како светлоносна свеќа те виде, светителу отче Клименте, царот Симеон, и не сакаше да те пушти, така и ние, кои духовно ги следиме твоите чекори, се молиме постојано да пребиваш со нас и до сесрце ти пееме вака:

Радувај се, зашто си ја стекнал бестрасноста на бесплотните сили;

Радувај се, зашто уште на земјата имаше ангелско достоинство!

Радувај се, зашто си ја замразил фарисејската гордост;

Радувај се, зашто си го подражавал смирението на митникот!

Радувај се, наставнику на паствата со боговдахновено учење;

Радувај се, зашто си го сочувал својот народ од секакви ереси!

Радувај се, првопрестолнику на светите архиереи;

Радувај се, наставнику на побожните свештеници!

Радувај се, угоднику на Бога со чисти добродетели;

Радувај се, зашто си ги радувал ангелите со својата правда!

Радувај се, зашто си наследил вечен блажен живот;

Радувај се, зашто излеваш благодат на оние, кои притекнуваат при тебе!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 12

Кога сакаше да ти ја испрати благодатта на вечната награда, светителу отче Клименте, Небесниот Цар ти испрати претсмртна болест. Ти смртниот час го предвиде и раздаде сè што имаше, го поучи народот и сите ги благослови; имајќи христијански крај и својата света душа ја предаде во рацете Божји, зашто Му пееше на твојот Бог во вечни векови: Алилуја!

Икос 12

Фалејќи те со песни, светителу отче Клименте, ги прославуваме многујавените чудеса од твоите мошти – бесови се изгонуваат, исушени раце и нозе оживуваат, слепи очи според верата примаат од твојот гроб исцеление. Затоа ти пееме вака:

Радувај се, зашто твоите мошти даваат духовно исцеление;

Радувај се, зашто молитвата во твојот храм носи од смрт избавление!

Радувај се, чудотворче, зашто ги исцелуваш нашите исушени органи;

Радувај се, поборнику, кој ги ослободуваш луѓето од бесови!

Радувај се, зашто заштитуваш од демонски напади;

Радувај се, исцелителу, кој ја лекуваш секоја страст!

Радувај се, зашто ги просветуваш луѓето во патот на православието;

Радувај се, зашто душите од мрак ги изведуваш на светлина!

Радувај се, извору на неброени чудеса;

Радувај се, пофалбо на сите православни!

Радувај се, блескава славо на градот Охрид;

Радувај се, непоколеблива заштито на македонскиот народ!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 13

О, преблажен светителу отче Клименте, прими ја оваа наша мала прослава, која ти ја принесуваме од длабочините на своето срце, и не престанувај да го утврдуваш својот народ во православната вера и да испросуваш во молитва простување на гревовите, откако ќе нè удостиш заедно со тебе и со сите светии да ја воспеваме Света Троица непрестајно пеејќи: Алилуја! (овој кондак се чита три пати)

Потоа Икос 1 и Кондак 1

Икос 1

Те почитуваме како ангел на Охридската црква, светителу отче Клименте, ти, кој од словенските првоучители си ја добил евангелската просвета. Самиот ти шепни ни, во нашите смирени срца, та да ти ја пееме достојно оваа пофална песна:

Радувај се, од Бога даруван сине на твоите родители;

Радувај се, од Бога предизбран Христов светителу!

Радувај се, ти, кој од мајчиното млеко си воспитан во благочестие;

Радувај се, ти, кој од детството си го здобил вистинскиот Божји Дух!

Радувај се, ти, кој од младоста си го насочил погледот кон небото;

Радувај се, ти, кој од првиот здив си Го возљубил Бога!

Радувај се, ти, кој во молитва се вознесуваш кон Бога;

Радувај се, ти, кој си украсен со благомирисот на целомуреноста!

Радувај се, ти, кој си роден за просветување на македонскиот род;

Радувај се, зашто си ја научил вистинската вера од светите Методиј и Кирил!

Радувај се, зашто од нив премудро си се утврдил во православието;

Радувај се, зашто си неуморен трудбеник на Христовото благовестие!

Радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Кондак 1

Сепобедничкиот Војвода на светлите бесплотни сили те избра, светителу отче Клименте, да го изгониш бесовскиот мрак од нашата земја со светлината на Евангелието. Затоа ние, твоите чеда, просветени со твоето слово, пееме пофални песни во твоја чест: радувај се, отче Клименте, охридски чудотворче!

Изворник:

Православна светлина бр. 27
About these ads
 

   

 

Акатист на Св. Наум Охридски чудотворец
 

 

sv.Naumohridski.jpg


 
Кондак 1.
Избран чудотворче, и особен на Христа угоднику, кој на сите верни им излеваш исцеление и неистечиво море од чуда, од љубов те фалиме, преподобен Науме ; имајќи слобода пред Бога, од сите беди ослободи не за да ти воскликнуваме :
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Икос 1.
Како земен Ангел по природа, те објави Создателот на сите творенија, прогледувајки ти ја душата полна со добрина, преблажен Науме, и не научи сите да ти повикуваме вака :
Радувај се, маченику Христов без крв !
Радувај се, радост на трудбениците !
Радувај се, Божествен засаден цвету !
Радувај се, добродетелна лозо на Христовото лозје !
Радувај се, крине кој во рајот си процветал !
Радувај се, посреднику на сите Мизијски земји !
Радувај се, зашто со тебе се отстранува ридањето !
Радувај се, зашто со тебе радост се принесува !
Радувај се , преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 2 .
Гледајќи го излевањето на твоите дарови, Богомудар оче наш Науме, се просветуваме душевно и телесно, почитувајќи те како прекрасен чудотворец, кој како со вода на Божји благодати ги напојува сите верници кои повикуваат кон Бога : Алилуја !

Икос 2.
Неразумното размислување за Светата Троица си го умудрил. Си бил просветување за Мизиските земји. Заради тоа, верните се научија вака да ти пеат :
Радувај се, голем столбе на благочестието !
Радувај се, цврсто укрепување на православието !
            
Радувај се, чесен носителу на Пресветата Троица !
Радувај се, оче, украс на сите преподобни !
Радувај се, премудра добрино на сите богомудри !
Радувај се, мизијска пофалбо !
Радувај се, преподобен Науме чудотворче !

Кондак 3 .
Со силата што ти беше дадена одозгора, си ја избришал секоја солза од лицата на оние кои луто страдаат, Богоносен оче наш Науме : на страдалниците им се јавуваш како закрепнувач, на болните -- исцеление ; и како помошник во се си се покажал на оние кои повикуваат кон Бога : Алилуја !

Икос 3 .
Имајќи, навистина, оче наш Науме, пофални песни кои те опеваат, од љубовта твоја победени, ние ти повикуваме вака:
Радувај се, соподвижнику на Апостолите !
 
Радувај се, големо сместилиште на добродетелите !
Радувај се, на светиите чисто живеалиште !
Радувај се, пресветол светилнику !
Радувај се, достоен собеседнику на Ангелите !
Радувај се, добар учителу на луѓето !
Радувај се, зашто преку тебе се исполнуваме со духовна сладост !
Радувај се, преподобен Науме чудотворче !

Кондак 4 .
Бура од помисли ни го заматува умот, како достојно да ги опеваме твоите чудеса, блажен Науме ; никој не може да ги искаже, дури и многу јазици да има, и да  сака да зборува ; но ние, на Бога Кој прекрасно тебе те прослави, се осудуваме да Му пееме : Алилуја !

Икос 4 .
Слушаа, Богомудри Науме, ближните, а и оние подалечните, за големината на твоите чудеса ; си навикнал да ги посетуваш оние кои се во неволја, доаѓајќи им како по воздух, со лесни, благодатни крилја, и набрзо стекнуваа избавување сите кои кон тебе вака повикуваа :
Радувај се, избавителу од неволјите !
Радувај се, дарителу на благодатите !
Радувај се, прогонителу на неочекуваните зла !
Радувај се, брз утешителу на оние кои се во беда !
Радувај се, страшен укорителу на неуредните и непристојните !
Радувај се, пространо море на чудеса од Бога излиени !
Радувај се, крепко издигнување на паднатите !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 5 .
Како од Бога пратена звезда, си се јавил, себлажени Науме, укрепувајќи ги словенските народи и просветувајки ги со светлоста Христова, а сите верници ги научи да Му пеат на Бога : Алилуја !

Икос 5 .
Те виде момчето и те позна како голем чудотворец кога ѕверот го скроти и го прати како помошник, да му ја ора нивата. Избави ме и мене од душегубните ѕверови, за кон тебе вака да повикувам :
Радувај се, зашто си помошник на сите кои те повикуваат !
Радувај се, зашто ти си неискажана радост на сите !
 
Радувај се, сопрестолнику на Апостолите !
Радувај се, со Ангелите служителу на Светата Троица !
Радувај се, и мене подари ми радост, по молитвите твои !
Радувај се, кормило на гонетите !
Радувај се, бурата на моите страдања, настаната заради бесовски напади, стивни ја !
Радувај се, помошнику мој, преблажени, Науме !
Радувај се, мој топол посреднику !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 6 .
Те проповедаат сите краеви словенски и мизијски, преблажен Науме, како брз заштитник во неволјите, кој од зла ги чува сите кои повикуваат кон Бога : Алилуја !

Икос 6 .
Си засветлил со животна светлина донесувајки им Ја Христовата Светлост како спасение на оние кои седат во темница во мизиските краишта : да веруваат во Единиот Бог во три Лица, Неразделната Троица. Заради тоа, заедно со нив, благодарно ти воскликнуваме :
Радувај се, помошнику на оние кои усрдно те повикуваат !
Радувај се, зашто од многубоштвата избавуваш !
Радувај се, зашто ја прогонуваш темнината на неверието !
Радувај се, зашто им помагаш на оние кои на секое место те повикуваат !
Радувај се, брз услишителу !
Радувај се, прогонителу на бесовските сплетки !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 7 .
Сакајки да го отстраниш неверието и да ја покажеш светлоста на вистината, претрпе многу протерувања и мачења преподобен Науме ; протерај ја и од нас непријатната миризба на гревот, за благопријатно да повикуваме кон Бога : Алилуја !

Икос 7 .
Те знаеме како нов Ное, оче Науме, и нов учител на спасителниот ковчег, кој ја протерува секоја бура, принесувајќи боженствен мир на сите оние кои вака извикуваат :
Радувај се, тивко пристаниште на гонетите !
Радувај се, сјају, кој мракот го изгонува од оние што патат !
Радувај се, светило, кое сите краеви ги просветуваш !
Радувај се, зашто од гревовната бездна ги избавуваш луѓето !
Радувај се, зашто во адска бездна сатаната ја фрлаш !
Радувај се, зашто со тебе смело ја повикуваме бездната на милоста Божја !
Радувај се, зашто со тебе се спасуваме од потопот на гневот !
Радувај се, зашто преку тебе наоѓаме мир со Бога !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 8 .
Необично чудо им се јави на оние кои прибегнуваат кон тебе, блажени Науме. Твојата света Црква, дури и мало молење кога ти принесува, добива исцеление од големи рани. Затоа, одма после Бога на тебе својата надеж ја полагаме, верно извикувајќи : Алилуја !

Икос 8 .
Вистински си, Богоносен Науме, помошник на сите, како ослободител и брз лекар на сите земнородни ; на пофалба на сите кои се подвизаваат и повикуваат кон тебе вака :
Радувај се, источнику на секое исцеление !
Радувај се, небесна росо што тече од потта на вистинските подвизи !
Радувај се, зашто даруваш благосостојба на оние на кои им е потребна !
Радувај се, зашто подготвуваш изобилие за оние кои молат !
Радувај се, зашто на старците им ја обновуваш снагата !
Радувај се, зашто изобличуваш мнозина кои се симнале од вистинскиот пат !
Радувај се, зашто со тебе на вистински начин го поправаме нашето живеење !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 9 .
Сите наши болести исцели ги, голем наш заштитнику Науме, растворајќи благодатни лекови и насладувајќи ги нашите души ; развесели ги, пак, срцата на сите кои усрдно прибегнуваат кон твојата помош, молејќи се на Бога ; Алилуја !

Икос 9 .
Нечестивите говорници на суетната мудрост со тебе ги гледаме посрамотени, Богомудри оче Науме ; нас, пак, во православието не закрепна, заради што ти извикуваме вака :
Радувај се, штиту на благочестието !
Радувај се, мечу кој ја посекуваш злобата !
Радувај се, учителу на Божествените заповеди !
Радувај се, лествице од Бога одредена !
Радувај се, преку таа лествица се качуваме на небото !
Радувај се, зашто немудрите станаа мудри со твоите зборови !
Радувај се, зашто мрзливите се подигнаа од твоите поуки !
Радувај се, неугаслива светлост на Божјите заповеди !
Радувај се, пресветла светлино на Божјите заповеди !
Радувај се, бидејќи со тебе верниците Му угодуваат на Господа !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 10 .
Сакајќи да ја спасиш душата, оче наш Науме, своето тело навистина на духот го покори : преку молчење и борба со помислите. На ова дело му го даде и своето богомислие. Заради тоа, слободно си беседел со Бога и Апостолите, постојано извикувајќи : Алилуја !

Икос 10 .
Твоите чудеса, преблажен, карпа се на оние кои те фалат и на сите кои кон твоето застапништво прибегнуваат, Затоа, ослободувај не од нападите на сиромаштвото, гревовите и различните неволји и нас, во добри особини сиромашните, кои со љубов вака ти извикуваме :
Радувај се, зашто од вечните многубоштва ослободуваш !
Радувај се, зашто вечно богатство даруваш !
Радувај се, зашто ослободуваш од метежи и војни !
Радувај се, зашто ослободуваш од окови и робство !
Радувај се, преславен застапнику во бедите !
Радувај се, преголем заштитнику при нападите !
Радувај се, зашто со тебе на покајаните вечен живот им се дарува !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 11 .
Со ум, со збор и со дело, принесе повеќе песни на Пресветата Троица од другите, преблажен Науме. Заповедите за вистинската вера на мнозина им ги објасна преку својата вера, надеж и љубов, упатувајќи не и нас, на Троицата, на Единствениот Бог, да Му пееме : Алилуја !

Икос 11 .
Те гледаме во темнината на животот, Богоносен оче Науме, како светозарна, вистински неугаслива светлина, како со невештествена ангелска светлост беседуваш за несоздадената Троична Светлина, просветувајќи ги верните души кои вака кон тебе извикуваат :
Радувај се, бидејќи си осветлен од Трисолнечната Светлина !
Радувај се, свеќо, запалена со Божествениот пламен !
Радувај се, зашто го угаси бесовскиот пламен на безбоштвото !
Радувај се, учителу на вистинскиот разум !
Радувај се, зашто со тебе се уништи идолопоклонството !
Радувај се, зашто со тебе научивме да се поклонуваме на Творецот во Троица !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 12 .
Радувајќи се, преславен Науме, по должност го празнувам споменот за тебе, заради благодатта, која како сведоштво ти била дадена од Бога, и кон твоето чудесно застапништво прибегнувам извршителу на преславните жетви, кои како морската песок невозможно е да се избројат ; заради тоа кон Бога извикувам : Алилуја !

Икос 12 .
Опевајќи ги твоите чудеса, те прославувам сефален Науме, зашто во тебе прекрасно се прослави Прославениот во Троица -- Бог. Од душата своја песни ти принесувам, свети чудотворче, и вака кон тебе извикувам :
Радувај се, воздигнување на христијанскиот род !
Радувај се, зашто си со исто име како и победата !
Радувај се, огледало на сите времиња !
Радувај се, крепка брано на сите кои прибегнуваат кон тебе !
Радувај се, здравје на нашите тела !
Радувај се, спасение на нашите души !
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !

Кондак 13 .
О, пресвет и пречуден оче наш Науме, утехо на сите што се во неволји, прими го сегашното наше молитвено принесување и замоли го Господа, со благопријатното твое посредништво и од геената да се избавиме и со тебе да пееме : Алилуја !
( овој Кондак се чита три пати потоа Икос 1 и пак Кондак 1 )

 

Молитва на св. Наум, исцелител на болните


Тебе, угоднику на живиот Бог, Науме, Чудотворче, кој си го исполнил законот на нашиот Бог и Спасител -- Исус Христос и си здобил од Него живот вечен, ти се поклонувам со љубов и ти благодарам со смирение за безбројните твои чудодејства со кои си им помагал на немоќните луѓе и си Го прославил името на Својот Бог и Спасител. Тебе, верен слуго на нашиот Бог и Спасител, ти се даде благодатта на Пресветиот Божји Дух -- бесови да изгонуваш, болни да исцелуваш, немоќни да подигнуваш, мачени да утешуваш и во сите неволји на луѓето да им помагаш.
Заради тоа, ние, иако недостојни, те почитуваме како духовна свирка низ која се излева сила и небесна утеха врз оние на кои им е потребна, и со славословие Го прославуваме Творецот Кој ти подари тебе -- обичниот човек таква божествена сила и достоинство. И сега кон тебе приоѓам со поклонување и умиление, праведнику и пријателу на Ангелите, преподобен оче наш Науме ; не престанувај да се молиш за целиот Православен род Христијански пред Престолот на Пресветата, Единосуштна Троица -- за праведниците и грешниците, за сите кои се на власт, за сите кои во неволји страдаат, за епископите, ереите и ѓаконите, ктиторите и дарителите на овој свет храм, за оние кои доаѓаат и се поклонуваат пред твоите свети и пречесни мошти, за болните и со вера упокоените, за старците и момците, за девојките и мајките. Светителу, оче наш Науме, човеку Божји, покриј ги нашите слабости и исцели ги нашите болести со твоите молитви.
Уште се молиме, сега и за Божјиот слуга ( име ) кој страда од немоќ и неподносливи рани. Ако со нив се сврзал заради својот грев, или своите родители, или некои свои роднини и поради грев ја добил оваа болест, посредувај, о, ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа Кој те прослави, да му го прости гревот и раната да му ја исцели. Ако пак болеста е допуштена од Бога, по светиот Божји збор : Оној што Бог го љуби него и го казнува, го тепа секој син што го прима при Себе, милостиво замоли Го Семилостивиот и Седобриот Бог, да се смилува на овој  Свој слуга и да не допушта поголемо страдање отколку што тој може да поднесе како човек. Луѓето се телесни и ништожни и ниедно страдање не може да се поднесе без благодатта на Бога, Кој нас не закрепнува.
Светителу, оче наш Науме, брзо услиши не и исцели го Божјиот слуга ( име ) со твоите молитви, да не речат неверниците : Каде е неговиот Бог ? О свет и преподобен оче Науме, покажи ја и на овој Твој слуга твојата сила што ти е подарена од Семоќниот Господ и  која и досега си ја покажувал на безброј болни и немоќни кои и приоѓаат на твојата чесна рака со вера, покајание и молитви. Направи го целосен, здрав душевно и телесно ; одгонувај го и изгонувај од него пакосникот на човечките тела -- ѓаволот ; закрепни го неговото тело со здравје и сила, за да може душата негова да се подвизава, кае и подготвува за Царството. Одгонувај ја од него предвремената смрт, за да може и понатака, со добри дела да Му угодува на Благиот Бог и да ја стекне милоста Божја на Страшниот Суд.
Помоли се, о преславен Науме, чудотворче, за својот слуга (име), да му се простат гревовите волни и неволни, и очисти го од секаква нечистотија со твојот Свет Дух и со твоите свети молитви, оче наш Науме, па и во него да се прослави Светата Троица, Која тебе те прослави: Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Тропар на Св. Наум, Глас 4.
Соединувајќи се со Христа си го оставил светот,  живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како Апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави не од искушенија.

Превод: Фамилија Божиноски во соработка со уредниците на веб-страната на МПЦ Св. Петка.

Извор: http://www.mpc-svpetka.com/

 

Друго:

Uspenie.freska1.jpg

АКАТИСТИ И КАНОНИ (2) 

 

Episkop.Emilijan.Hristos2

 

"Ние уште не сфаќаме дека по воплотувањето, Синот Божји стана Син Човечки – Богочовек Исус Христос, а со тоа и наш слуга – несразмерно повеќе од Господ. Христос се однесува како наш најобичен слуга – Го повикуваме и доаѓа, Го бркаме од себе и Тој си оди. Без оглед колкупати тоа ќе го повториме. И никогаш не се наметнува. Што тука не е јасно?
Зарем не е добро да имаш Господ за слуга? Но, некои луѓе (а и сите ние понекогаш) одбираат да му служат на ѓаволот. Зошто ваков смешен избор?
И не, Бог нема да нè казни, и никогаш не нѐ казнува – каков и избор да направиме. Секогаш самите се казнуваме. Штом нашите дела не се согласни со Неговата волја, ние свесно Го бркаме Бог од себе и остануваме без Неговата благодат. Без Неговата благодат нашата трулежност доаѓа до израз и тогаш се појавуваат телесните болести, како прв показател дека нешто не е во ред.
Сите наши гревови, гревовите на целото човештво се како капка вода во океанот на Божјата љубов. Но, тоа не е оправдание за нашите смешни избори." - дедо Наум

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная