логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Petka.cikago.jpg
Кондак 1:
На избраната невеста Христова, светата преподобномаченица Параскева, со вера и љубов пофална песна како на добра исцелителка и принесуваме: Ти, пак, страстотрпнице Христова, милостиво послушај нé и од сите маки ослободи нé, нас кои ги воспеваме подвизите и страдањата твои и умилно ти повикуваме: Алилуја!
 
Икос 1:
Ангел Господов испратен беше да им возвести на неплодните родители твои, преподобномаченице, откако како Бог нивната молитва ја услиша: Ќе родите ќерка благословена, на Царството Небесно наследничка. На таквото, прекрасно предвестење за раѓањето твое восхитувајќи му се, како избраница Божја, со овие пофалби те ублажуваме:
Радувај се, со ангелски глас предвестена; радувај се, на родителското неплодие со раѓањето свое разрешителка.
Радувај се, со многу молитви од Бога испросена; радувај се, на сите во бодроста молитвена учителка.
Радувај се, на добриот корен плодородителка; радувај се, на Христољубивите татко и мајка, ќерко богољубезна.
Радувај се, од утробата мајчина за служба на Христа предизбрана; радувај се, на Женихот вечен со девството твое обручена.
Радувај се, на божественото милосрдие јавување кон луѓето; радувај се, на молитвата кадило непрестано.
Радувај се, на мрзливите разобличување; радувај се, на маловерните добро утврдување.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 2:
Гледајќи ја суетата и непостојаноста на светот, Параскево богомудра, си посакала од светот да се оддалечиш, та да можеш постојано на Христа Бога да Му благоугодиш, и непречено благиот јарем Негов да го носиш, постојано во молитва да пребиваш, повикувајќи Му: Алилуја!
 
Икос 2:
Небесна мудрост стекнувајќи, преподобномаченице Параскево, по скончанието на родителите твои, сиот имот на бедните си го раздала, усрдно по патот на исповедањето на Христа итајќи, затоа на овој начин те фалиме:
Радувај се, ти што со красота духовна заблеска; радувај се, ти што користа телесна ја премавна.
Радувај се, ти што со благодатта  на Светиот Дух душата си ја наполни; радувај се, ти што името Негово да го исповедаш не се исплаши.
Радувај се, исповедничке Христова непоколеблива; радувај се, страстотрпнице Христова многустрадална.
Радувај се, богомудра благовесничке на Евангелието; радувај се, на многуте добродетели ризницо.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 3:
Со вишната сила Божја укрепувана, света преподобномаченице Параскево, немоќта на житејската природа си ја оставила, и, откако во оклопот на исповедањето на Христа си се облекла, со идолските жреци храбро си се борела, и кога со страшни маки тие од љубовта Христова сакаа да те одвратат, од трпението твое пораз претрпеа, со Ангелите кога пееше: Алилуја!
 
Икос 3:
Си имала душа со храброста Христова преисполнета, Параскево богомудра, нечестивите мачители силно си ги посрамила, потсмевајќи се на мачењето нивно, и, иако во тело страдално си била, заради Христа сé си претрпела, а нас си нé научила вака да ти пееме:
Радувај се, Божја исповедничке громогласна; радувај се, на Исуса Преслаткиот невесто прекрасна.
Радувај се, ти што на дар Нему Му принесе девственост беспрекорна; радувај се, ти што крвта своја за Него ја пролеа.
Радувај се, ти што пред судиите и мачителите името Негово бестрашно го исповеда; радувај се, ти што сведоците на маките твои ги приведе во верата.
Радувај се, во молитвите наши топло прибежиште, радувај се, на надежта наша кон Господа сокровиште.
Радувај се, на љубителите на времени наслади разобличување; радувај се, на тие што ги бараат возвишените нешта охрабрување.
Радувај се, на тие што се во борба помошничке; радувај се, добра утехо на оскрбените.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 4:
Опседнатиот од бурата на неверието, царот Антонин, се восхити, кога те виде во усвитениот котел неповредена; кога, пак, рацете свои од котелот ги допре до лицето на џелатот, тој изгорен повикуваше, смилувај се на мене, слугинке на вистинскиот Бог, и врати ми ја светлината на очиве мои, та да поверувам во Бога, Кого ти Го проповедаш, и заедно со тебе да Му запеам: Алилуја!
 
Икос 4:
Откако ги слушнавме многубројните и страшни страдања твои, Параскево преславна, и на трпението твое ние грешните умилително му се восхитуваме, како на главата усвитено железо си носела, и многу лути удари си претрпела, затоа, ублажувајќи те, ти повикуваме:
Радувај се, ти што раните на Господа Исуса на себе си ги носела; радувај се,  ти што единствено Него силно си Го возљубила.
Радувај се, заради Господа, Кој те крепеше, сé си издржала; радувај се, за уверување на идолопоклониците многу чуда си извршила.
Радувај се, со трпението мачителите твои си ги победила; радувај се, неверниот цар си го разобличила.
Радувај се, исцеление нему давајќи му милосрдно; радувај се, среде римјаните прославувајќи го името Христово.
Радувај се, на сите народи образ на долготрпение им покажа; радувај се, на секое колено му го објави исполнувањето на верата.
Радувај се, на тие што ги фалат подвизите твои благодатно просветување им даваш; радувај се, ти што за гревовите нивни на Христа Му се молиш.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 5:
На Витлеемската ѕвезда си се уподобила, света преподобномаченице Параскево, многу градови и земји си минала и името Христово си го проповедала; за Него, пак, многупати до крв си пострадала, а сега пред Господа еднакво стоејќи, непрестано ја воспеваш ангелската песна: Алилуја!
 
Икос 5:
Откако го видоа луѓето твоето преславно чудо, преподобномаченице, како големата ѕверка со повикот на името Божјо ја порази, оние што поверуваа во Христа, вака прозбореа:
Радувај се, ти што Господа и Христа твој со страданија и чудеса си Го прославила; радувај се, ти што за спасение на многуте човечки души си причина.
Радувај се, добропобедна страдалнице Христова; радувај се, многучудесна маченице Исусова.
Радувај се, наследничке на верата вистинска; радувај се, на маките човечки исцелителке милостива.
Радувај се, и грешните луѓе од љубовта твоја не ги остави; радувај се, за просветување на душите наши ревносно се потруди.
Радувај се, ти што многу тежини заради Евангелието си поднела; радувај се, заради тоа велика во Царството Небесно си наречена.
Радувај се, украсу на соборот на девиците; радувај се, похвало преславна на мачениците.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 6:
На проповедниците Христови, богоносните апостоли, верно си се угледала, Параскево многустрадална, и на проповедта на Евангелието сиот живот си го посветила, ловејќи ги луѓето кон спасение. Затоа со дарот на чудата од Христа Бога си се украсила, со кои и неверните во верата пристапија и на Бога Му повикаа: Алилуја!
 
Икос 6:
Си заблескала, како ѕвезда на небото од Црквата Христова, Параскево добропобедна, и на сите нас со образот на животот твој јасно ни светиш, затоа со вера и љубов светиот твој спомен почитувајќи го, ти повикуваме:
Радувај се, подвижничке Божја со пост и молитва воспитана; радувај се, непорочна гулабице, со кротост и незлобие исполнета.
Радувај се, за мачителите свои на Господа молитви си принела; радувај се, на тој начин на Христа Спасителот си Му се уподобила.
Радувај се, непријателската злоба со доброто си ја победила; радувај се, на венецот од Стефана првомаченикот си му поревнувала.
Радувај се, на заповедите евангелски верна исполнителке; радувај се, на грозното неверие разобличителке.
Радувај се, ти што проштевање од Бога брзо им даваш на покајниците; радувај се, ти која си добра наставничка кон спасение на верниците.
Радувај се, срцата наши со умиление ги исполнуваш; радувај се, нашите помисли кон Бога ги вознесуваш.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 7:
Сакајќи душата своја за Христа да ја положиш и откако заради Него многубројни мачења претрпе, нечестивиот мачител Тарасиј главата ти ја отсече, но од Христа нетлен венец на главата своја прими, а со душата своја кон возвишените рајски живеалишта  поита, кадешто со ангелите и сите свети на Бога слатко му пееш: Алилуја!
 
Икос 7:
Новиот вечен живот си го попримила, богофална, кога, со мачен крај од телото разделувајќи се, на брак со Небесниот Жених си се вознела. Него непрестано моли Го за нас грешните, кои со љубов твоите страданија ги почитуваме и постојано глаголаме:
Радувај се, маченичкиот живот свој со мачен крај си го овенчала; радувај се, зашто така главата на невидливата змија си ја сотрела.
Радувај се, кон гласот на ангелската песна на небото душата своја си ја вознела; радувај се, соборот на мачениците на небото си го возвеселила.
Радувај се, зашто полкот на испосниците си го зарадувала; радувај се, зашто девствениците со веселба си ги украсила.
Радувај се, на животот испоснички крај маченички си му придодала; радувај се, и нас кон добродетелна ревност си нé поттикнала.
Радувај се, ти што свето и непорочно на земјата поживеа; радувај се, ти што идолската лага ја разурна.
Радувај се, ти што демоните ги посрами; радувај се, во мачителот мисла покајна побуди.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 8:
Чудно им е на неверните кога гледаат, како од еден молитвен повик кон твоето свето име, Параскево многустрадална, на болните исцеление им се дарува и нечистите духови од човекот се изгонуваат; од нас грешните кои кон тебе за помош повикуваме и на Бога Му пееме: Алилуја!
 
Икос 8:
Сета Црква Христова твоите чесни страдања, света и сефална преподобномаченице, ги прославува, благодатта на исцелението, пак, од тебе примајќи го, радосно повикува и ти вели:
Радувај се, во животот и по смртта со многу чуда прославена; радувај се, штедра дарителке на исцеленија.
Радувај се, на тие што те љубат и почитуваат со двојна љубов им воздаваш; радувај се, нашите прозби за добро брзо ги исполнуваш.
Радувај се, тие што во маки страдаат благодатно ги посетуваш; радувај се, неизлечивите болести брзо ги лекуваш.
Радувај се, на трпеливите во болката помош им даруваш; радувај се, за да ги победат душевните маки им помагаш.
Радувај се, зашто подвигот на твоето долготрпение гледајќи го, од малодушност се ослободуваме; радувај се, зашто спомнувајќи си за храброста твоја, кон телесни подвизи се охрабруваме.
Радувај се, ти што мнозина во животот си ги просветила; радувај се, по твоето преставување мнозина во благочестие се утврдија.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 9:
Сите ангели небесни и соборот на сите свети, преподобномаченице, радосно те дочекаа, кога влезе низ портите на Царството Небесно, за да ја примиш од Господа платата за подвизите и страдањата твои, а нам недостојните вечно наследство со светите да ни испросиш, молејќи Го Господа да нé удостои заедно со тебе да Му пееме во Небесното Царство: Алилуја!
 
Икос 9:
Красноречивоста човечка е немоќна да го прослави достоинството твое, Параскево себлажена, затоа восхитени од љубовта твоја вакви пофалби ти принесуваме:
Радувај се, ти што на Христа за нас Му се молиш и со Него вечно царуваш; радувај се, Неговите божестевни дарови со молитвите твои штедро ни ги даруваш.
Радувај се, на покајниците снисходење; радувај се, на подвижниците добро раководење.
Радувај се, од небесните височини милостиво гледаш кон земјанородните; радувај се, со молитвата твоја ги сотираш искушенијата на демоните.
Радувај се, победната палка во десницата си ја примила; радувај се, умот наш кон небесата си го вивнала.
Радувај се, и на сите што се трудат во спасението им даваш помош духовна; радувај се, од ангелите проречена; радувај се, на ангелите собеседница си се јавила.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 10:
На тие што се молат за спасение им помагаш, света преподобномаченице, а на тие што со вера во светиот храм твој влегуваат, секогаш благодатни дарови им  даваш, и секоја наша прозба за добро брзо ја исполнуваш, зашто голема смелост пред Христа Бога си стекнала. Нему, пак, радосно песна победна Му пееш: Алилуја!
 
Икос 10:
Со ѕидот од молитвите твои, преподобномаченице, од секое демонско искушение заштити нé, за да не се зарадува непријателот заради падовите наши, туку од тебе силно да се засрами заради нас, кои пофално ти пееме:
Радувај се, по Бога и Богородица наше цврсто надевање; радувај се, непосрамено застапништво наше во маките.
Радувај се, ти што во виденија верните ги посетуваш; радувај се, и на неверните исцеленија на дар милостиво им даваш.
Радувај се, ѕвездо на Божјата благодат, која мракот во нас го изгонуваш; радувај се, океану од чудеса, со кои сите нас не поиш.
Радувај се, ти што во воздржанието на древната Јудита си се уподобила; радувај се, со храброста, пак, и неа си ја надминала.
Радувај се, ти, што како Христовите мироносици Христа си Го возљубила; радувај се, ти што во маките Нему верна си Му останала.
Радувај се, според зборот Негов прославена; радувај се, на лицето Негово си постојана созерцателка.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 11:
Нашето пофално пеење не е доволно за да ги прослави многуте и прекрасни чуда твои, света преподобномаченице, затоа како добра и милостива Христова подражателка со добросрдечноста твоја погледни кон нас грешните, и со светите и добросилни молитви твои кон Господа душевен мир испроси ни, за да повикуваме кон Бога: Алилуја!
 
Икос 11:
Со светлите зраци на чудата непомрачено блескаш, Параскево богофална, а сите што посакале благочестиво да живеат, благодатно кон незалезното сонце на вистината Христа Бога ги водиш, кои ова ти го велат:
Радувај се, цвету на целомудрието, скапоцен и прекрасен; радувај се, мирохранилнице преисполнета со рајски аромат благомирисен.
Радувај се, и нам благодатни дарови непресушно ни истекуваат од твојата полнота; радувај се, добродетелна исповедничке Христова во благодат сета облечена.
Радувај се, во смирението твое на небесата и на земјата прекрасно возвеличана; радувај се, со привремените беди нетлено богатство си стекнала.
Радувај се, духовен плач непрестан по Небесното Царство си имала; радувај се, во мачењето на телото твое на плач не си се предала.
Радувај се, со кротоста на јазикот твој за Христа си се скротила; радувај се, постојано гладна за Неговата вистина.
Радувај се, заради Него пропадливата храна си ја заборавила; радувај се, милоста Божја и кон неверните, по молитвите твои, си ја привлекла.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 12:
Благодатта Господова, по твоите молитви, на водениот извор од древни времиња таму се дарува. Затоа и Храм Божји во девствена обител, со твоето име именувана, на тоа место си благоволила да се образува. Заради оваа причина спомнувај си и не заборавај ги твоите духовни чеда, кои во преподобноста на тебе сакаат да се угледаат и на Бога Му пеат: Алилуја!
 
Икос 12:
Пеејќи ги твоите подвизи и страданија, и многуте чудеса твои, Параскево света и сефална, усрдно ти се молиме, моли се за нас на Владиката, Кој те прослави, за да се избавиме од вечната погибел, та делот на спасените примајќи го благодарно да ти повикаме:
Радувај се, венцоносице од раката Христова овенчана; радувај се, заради чистотата на срцето со Боговидение си се удостоила.
Радувај се, мнозина, што заради тебе поверуваа во Бога, со Христа си ги измирила; радувај се, ти што омраза од луѓето заради Христа си примила.
Радувај се, страшни мачења заради Него си поднела; радувај се, со блескава свеќа на брак со Женихот Небесен си пристапила.
Радувај се, светилке на ревноста Божја, со елејот на милоста исполнета; радувај се, нашите души со маслото на Светиот Дух, Кој во тебе живее, ги помажуваш.
Радувај се, на Отецот Небесен ќерко благословена; радувај се, зашто голема е наградата твоја на небесата.
Радувај се, зашто твоите молитви дејствуваат на земјата; радувај се, од силата твоја треперат подземјата.
 
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
 
Кондак 13:
О, света и многустрадална преподобномаченице Параскево! Прими го милостиво ова наше молење, и моли ја Светата и секогаш поклонувана Троица да нé избави од вечните маки, и да нé удостои заедно со тебе Царството Небесно да го примиме, и вечно на Создателот наш да Му пееме: Алилуја, алилуја, алилуја!!!
(овој Кондак се чита трипати, потоа првиот Икос, па првиот Кондак)
 
МОЛИТВА кон светата преподобномаченица Параскева:
     О, света и многустрадална преподобномаченице Параскево! Кон тебе, како топла молителка за нас кон Бога ти припаѓаме и усрдно ти се молиме, моли Го нашиот Господ и Владика да ја излее милоста Своја врз нас, недостојните слуги Негови, да ни дарува душевно и телесно здравје, плодност на земјата, благорастворение на воздухот, преуспевање во христијанското благочестие, насушното за привемениот живот и сé што е потребно за спасение, та откако ќе поживееме мирно и благочестиво, да се удостоиме да примиме добар христијански крај и наследство на Царството Небесно.
     Да, добра наша застапничке! Не ги изневерувај нашите надежи, зашто по Бога и Пресветата Богородица цврсто на тебе се надеваме, затоа биди ни покровителка на спасението, та со тебе и со сите свети да се удостоиме со радоста на вечното блаженство, за да ја славиме во твоето заземање големата милост на нашиот Бог, Отецот и Синот, и светиот Дух; сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

 

 Извор:

Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“

2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная