Здогледав (28.07.2018)
Зборот кој мирно се слеваше
од твоите усни како да самуваше,
до нас тивко наминуваше
на тивок летен ветер наликуваше.
Зборот кој мирно се слеваше
од твоите усни како да самуваше,
до нас тивко наминуваше
на тивок летен ветер наликуваше.
И повторно и повторно вителот на помислите ќе не однесе во темнина. Ќе го слушаме шепотот на демоните: Ти едноставно не можеш да се насладуваш и да се радуваш! А, навистина погледни добро, и на се` добро во твојот живот, и се`како ни заповедал Христос.
Кога императорот Јустинијан со 11 новела од 535 по Христа, ги оддели од црковна јурисдикција на архиепископот Солунски северните епархии на Илирик и ја издигна неговата татковина во Архиепископија, со име Нова Јустинијана. Архиепископ Солунски беше Аристид, којшто иако ја прифати промената, сепак се обиде да го сочува политичкото значење на градот,
Поради сиромашноста во повоените години, Старецот не можел да го згрижи отец Јосиф, дури ниту со самите најнеопходни работи за живот. Вообичаеното ракоделие не се продавало. Затоа, Старец Јосиф бил принуден преку неделата да го праќа во манастирите на работа за да се прехранат. Нормално, тоа било големо испитување за отец Јосиф.
Вистината е дека поради одредени недостојни клирици се обопштува лошиот глас врз целата Црква и се преувеличуваат грешките на свештениците, а тоа е природно, зашто народот има очекувања клириците да бидат без дамка, инаку не ги признава како свои духовни водачи. Повеќето не се во положба да ја разликуваат личноста од духовната служба...
Не чудете се на тоа. Тоа е жестока битка, и „ако Господ не изгради дом, напразно е залагањето на ѕидарот и ако Господ не го сочува градот, залудно е бдеењето на стражарите“. Треба да се предадеме на милосрдие во Божјите раце, гледајќи ја пред Бога својата бессилност и немоќ сами да се одбраниме од непријателите видливи и невидливи. Не плашете се! Ѓаволот не го прави она што сака, туку она што Господ му допушта. Прочитајте ја книгата за Јов.
Кога го гледаме Христа Каков што Е, почнуваме да се гледаме самите себе си, да се освестуваме колку големи и бедни грешници сме, и да заплачеме за себе си. Љубовта за целиот свет се раѓа по мерата на нашиот плач. Престануваат поделбите. Сите сме едно во Христа.
Само оној кој свесно му подава рака, потпаѓа под власта на ѓаволот. А кој му се противи, кој го призива на помош Господ Исус Христос, тој е безбеден, нему демонските искушенија можат да му бидат од корист, навистина, му одат во корист.
Господ нам ни заповедал да ги љубиме своите ближни. Не треба да нè засега дали тие нас нè љубат,
туку ние треба да се потрудиме нив да ги засакаме –
архимандрит Јован Крестјанкин
Монахот Му заблагодарил на Бога што го зачувал жив, а разбојникот го замолил да му дозволи да остане со него. Монахот го зел со себе, збогатувајќи се со совршен послушаник. Послушаникот поживеал многу години во пустината и при секоја прилика не пропуштал да се потсети на чудото, односно првата средба со својот...
Додека некој ја извршува целата работа, неговиот колега доаѓа само за да земе плата. Познавам човек кој беше директор. Кога се смениле работите, и него го смениле. Поставиле друг што бил од нивната партија, а кој немал завршено ни средно училиште. Го поставиле за директор, но тој не знаел ништо за работата, па така, ни претходниот не можеле да го постават на некое друго место.
- Оче, може ли во лагата да има вистна, и вистина во лагата? - го прашал младичот старецот.
Старецот одговори:
- Прашај го коњот нека ти одговори.
Младичот се збуни.
Спиеш ли
додека ноќта ме гуши ?
Дишеш ли
додека денот ме заслепува ?
Гледаш ли во виделина
додека те држам во темнина ?
Секој кој од Него ќе добие духовне вид, ќе појде по Него, и ќе Го прослави Бога. Затоа, да ја отфлиме од нашето срце гревовната напластеност, сета духовна нечистотија, а од нашите очи духовниот мрак, за да можеме да Го видиме и да Го прославиме Бога, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.
Ако си го победил злото во еден агол на земјата, си го победил по целата земја, и без да зборуваш, кога ќе се покаеш, стануваш најголемиот мисионер на светот. Ако таму каде што стоиш, во твојата соба, ќелија, дом, автомобил, се покаеш и се натажиш за себе си, за тоа каков си, каков би требало да бидеш, но не си таков – тогаш помагаш на луѓето, зашто стануваш смирен,
Сметам дека една од причините поради која младото поколение денес нема многу покајание, најмалку внатрешно, го потенцирам тоа – не внатрешното, туку надворешното – покажуваат непокорлив, бунтовен, рамнодушен, презрив дух кон возрасните, прават што сакаат, трошат сѐ, ништо не ги интересира
Се каеме лично, но нашите страсти се оние кои го угнетуваат светот. Следствено, она што го живееме не е одвоено од животот на светот. Полека – полека, природно, почнуваме да ја живееме нашата состојба како отсјај на состојбата на целото човештво.
Блажениот Старец Јаков Цаликис бил роден на 5 ноември 1920 година во Ливиси, Мала Азија (современа Турција), во семејство кое од седум поколенија имало епископ, јеромонаси и еден светител. На Крштението го добил името на неговиот дедо по таткова линија – Јаков.
Наутро немир подмолен
пладне замка на стишување
приквечер, на која страна сум навален ,
ноќта не е утеха на несмирените.
Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.