Архимандрит Софрониј: Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот
Срцето на Мајката Божја, нејзините мисли, целата нејзина душа, беа обземени со Господа. Меѓутоа, нејзе и беше дарувано уште нешто: таа ги љубеше луѓето и равносно се молеше за нив, за нови христијани, за Господ да ги укрепи. Таа се молеше за целиот свет, сите да се спасат. Во таа молитва Богородица наоѓаше радост и утеха тука на земјата.