Скопје, 4ти јануари 2019-храм Рождество на Пресвета Богородица
На 4ти јануари 2019, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка
и другите со неа
Светата маченичка Теодотија со трите деца
Старечник
Говореше авва Нистерој: „Неповреден од стрелите на ненавидникот останува монахот што го љуби тихувањето; а оној што се меша со мноштво луѓе постојано е рануван.“ И уште: „Слугата што не ги врши делата што му ги дал неговиот господар нека се приготви да биде биен.“ (Лука 12, 47)
На 4ти јануари 2019 година, според литургискиот типик, во во храмот на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, беше отслужено навечерието на Рождеството Христово, таканаречени царски часови.
„Се нарекуваат царски, затоа што во древното Источно Римско царство се извршувале во присуство на царот и завршувале со многолетствие за него, како и за патријархот. Главната особеност на царските часови се состои од пеењето на дванаесетте празнични тропари, со читање на Давидови псалми, старозаветни пророштва, апостолски и евангелски зачала, чијашто содржина ја претставува смислата и значењето на празникот. Претскажувачкото ехо на Стариот Завет наоѓа свој одзвук во апостолските четива и во прекрасните стихови на тропарите. Извадоците од Евангелијата, пак, веќе јасно го раскажуваат збиднувањето на големото таинство на воплотувањето на Словото Божјо.Царските часови се навистина едно благодатно богослужбено доживување на една особена празнична атмосфера, во која временото бледнее, речиси исчезнува и му отстапува место на вечното. Дверите на Рождеството Христово сега стојат пред нас отворени…’
Скопје, 5ти јануари 2019- хран на св.вмл Димитриј
На 5ти јануари 2019, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Тропар, глас 4.
Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави не од искушенија.
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Преминпортал (к.т.)