логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА
НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 



Бог на земјата се јави
и со луѓето поживеа.1

 

Возљубени чеда во Господа,
Многубројни се тајните преку кои Бог се грижи за светот и човекот. Преку тие тајни созданието се облагодатува и воздигнува и е во единство со Бога. Нив Бог ги објавил и преку Црквата ги оставил заради спасение на човечкиот род. А најголема тајна во историјата на светот и човекот е таа дека – Бог се јави во тело2, дека Бог постана – Богочовек.
Токму празникот Рождество Христово е денот во кој се исполни таа најголема тајна, ветена од Бога – денот без кој ќе беше невозможно спасението на човечкиот род. Овој празник е денот на исполнетото време3, на остварените пророштва и очекувања, празник – матица на сите празници. Без Рождеството немаше да го има Воскресението, но и без Воскресението немаше да се исполни Божјото вочовечување4. Затоа Божик е празник на небоземната радост – денот кога сите битија Го слават Бога и се радуваат на спасоносниот настан!
Тој е највеличествениот ден, денот на неповторливата радост за севкупното создание: ангелите го објавија спасоносното рождество на Синот Божји и Му принесоа славословие; небесата – со болскотот на ѕвездата Му се поклони на Царот над царевите, а земјата Му дари пештера; мудреците од Исток и пастирите од Витлеем со радост Го прославија и Го даруваа Богомладенецот, а човечката природа Му ја дарува Пречистата Богородица – Неговата Мајка. Затоа, нашиот свети Климент, Охридскиот Чудотворец, така поучува: „Милостивиот Господ Бог наш..., Кој се облече во нашето тело сакајќи да го обожи со Своето Божество, денес се раѓа од чиста Дева и како дете се повива во пелени... и во јасли како сиромав човек се положува”5.

Возљубени празникољупци,
Празникот на Христовото рождество е празник на богославењето, празник на мирот и на добрата волја. Тој е денот кога, според предвечната одлука6, се родил Најкроткиот и Најсмирениот, денот во кој Бог му дарува мир на сиот свет. Тој е денот кога луѓето, кои во себе Го носат Христа Миротворецот, се придружуваат на светоангелската песна: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја7.
Свети Јован Златоуст, објаснувајќи ги значењето и улогата на мирот, истакнува: „Мирот е мајка на сите добрини, темел на секоја радост и извор на секаков успех”8. А ние ќе се покажеме како вистински христијани и миротворци – само ако мирот Божји владее во срцата наши9 и доколку градиме и го чуваме мирот, и во себе и околу нас. Таму каде што нема вистински мир со Бога, таму нема ни мир ни добра волја меѓу луѓето. Затоа, на овој ден, но и во сите денови од нашиот живот, за миг да се пренесеме во витлеемската пештера – која е симбол на Божјото смирение и на Божјата љубов, и да твориме и возвраќаме со богољубие и со човекољубие. Всушност, колку повеќе растеме, живеејќи ја верата во Бога, толку повеќе ќе имаме љубов и кон Него и кон луѓето!
Меѓутоа, во какви меѓучовечки и меѓународни односи живееме денес, како сè уште да не е слушната ангелската песна, како да не е разбрана пораката за мир на земјата и како да не допрел повикот за добра волја меѓу луѓето. Денес многумина зборуваат за мир, а сè повеќе тежнеат кон војна, зборуваат за благосостојба, а сејат кризи меѓу земјите и народите. Па има ли денешнава генерација морални и мудри луѓе, кои човештвото ќе го насочат кон искрено и вистинско човекољубие? Има ли денешново човештво пастири, кои народите ќе ги упатат по патот на вистината и животот? И има ли некаде, па и меѓу нас, слични на оние витлеемци, кои во срцата и душите свои ќе најдат место и ќе Му подарат пештера на Господа? Конечно, ќе го најде ли современото човештво вистинскиот пат, патот на мирот Божји што надвишува секој ум10, или, пак, ќе продолжи кон бездната на злото и гревот, кон раздори и војни?!

Возљубени чеда во Христа Спасителот,
Личноста на Богомладенецот, никогаш не му била попотребна на човечкиот род и на светот како денес. Тој прекрасен небесен Гостин дојде меѓу нас луѓето, за да влезе под покривот на нашите души, да почука на вратата од нашите срца и да влезе во секој дом. Бог постана Богочовек, за човекот да тргне по патот кој води кон Него, да ги разбере вистината, правдата и љубовта и вистински да живее според заповедите и законот Божји. И ова наше време е вистинско време за конечно да го најдеме и да тргнеме по патот Господов. А тоа ќе можеме да го направиме само доколку најпрво се помириме со Бога, потоа со самите себе и со сите околу нас. „Со ништо не можеме толку да Го подражаваме Христа, како со грижата за ближните“11, вели свети Јован Златоуст. Тоа ќе го направиме ако вистински се покаеме за нашите гревови, ако стариот грешен човек го замениме со нов – охристовен и облагодатен. А токму во личноста на Господ Исус Христос даден ни е пример12 и во Него имаме образец какви треба да бидеме. Преку Него ни се даде можност како да се преобразиме во нов човек, како да Го придобиеме Светиот Дух и како духовно да се издигнеме.

Возљубени во Господа,
Патот кон вечниот живот, води преку нашата борба со гревот. Секој грев оддалечува од Бога, па, затоа, потребно е да се спротивставуваме на секое зло, трудејќи се преку вера и добри дела да ја возобновиме заедницата со нашиот Создател. Бог го очекува нашето поправање, очекува да го отфрлиме гревот, па преку покајанието духовно да се препородуваме и воздигнуваме. Бог постојано чука на дверите од нашите срца и ни порачува: по примерот на Светиот кој ве повика, и вие бидете свети во сите ваши постапки13. Зашто „не постои грев од кој не можеме да се поправиме преку покајанието...“14. „Покајанието е лекарство кое го уништува гревот; тоа е небесен дар, чудесна сила... Тоа сè поправа и сè преобразува! Тоа не го одбегнува и не го осудува грешникот, туку го преобразува, затоа што тоа лекува од сите гревови”15.
Господ Исус Христос ни порачал: Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога16. Па, само со такви, охристовени срца, ќе можеме да постанеме вистински благовесници на мирот и љубовта, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот17 и тежнејќи кон заемно обединување со сите богољубиви и човекољубиви луѓе и народи. Впрочем, „на Бога се уподобуваме тогаш кога постапуваме во согласност со вистината, кога сме човекољубиви, кога покажуваме милосрдие кон ближните и кога сме исполнети со добродетели“18.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,
Во годината во која зачекоруваме, ќе одбележиме некои годишнини за настани и личности од нашето поблиско и подалечно минато, меѓу кои: 1150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски; 700 години од живописувањето на манастирот Зрзе; 200 години од раѓањето на Дичо Зограф; 60 години од хиротонијата на блаженоупокоените епископи, Преспанско-битолскиот Климент и Злетовско-струмичкиот Наум - членови на првиот Синод на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква...
Веќе 2000 години чекориме по нашата богоблагословена земја и ја следиме ѕвездата од Исток. Како чеда на Македонската православната црква, повикани сме да учествуваме во сеопштата Божикна радост со сите благочестиви христијани ширум светот. Без разлика каде и да живееме, во татковината или населени по светот, треба да ги примиме спасоносните пораки и да бидеме градители на мирот и добрата волја. И оваа наша генерација треба да се угледа на доблесните наши татковци и дедовци и да покаже достојна грижа за националните вредности и посебности што како народ ни се дарувани од Бога и оставени како аманет од нашите претходници. Да си ги чуваме верата православна и Црквата Светиклиментова, нашето духовно и национално единство, како и нашата татковина Македонија – за и тие да нè зачуваат нас. Амин!
Честит Божик и од Бога благословено Новото лето Господово! Христос се роди!



АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ И НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА
† С Т Е Ф А Н

Заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква - Охридска архиепископија
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
              администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и
                  администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Полјански
                                                                    

Божик, 2018 лето Господово

 

 



1  Варух 3. 38

2 1 Тим 3, 16.

3 Гал 4, 4.

4, Цит. сп Влахос, Јеротеј, Господовите празници, Скопје 2011, 20.

5 Сп. Свети Климент Охридски,  Собрани дела: Слова, поуки, житија, Скопје 2012, 83.

6 Еф. 3, 11.

7 Л­к 2, 14.

8 Цит. сп. Панчовски Иван, Живот и срећа у светлост хриш­ћан­ства, Ниш, 1975, 142.

9 Сп. Колос 3, 15.

10 Филип 4, 17.

11 Иоанн Златоуст, Творения,т. 10, Санкт-Петерсбург, 1904, 247.

12 Сп. Јн 13, 15.

13 1. Птр 1, 15.

14 Цит. сп. Ибрашимов, Г.,  Духовни бисери од светите отци, Скопје 2001, 36.

15 Цит. сп. Архимандрит Серафим, Заборавеното лекарство, Софија 1992, 19.

16 Мт 5, 8.

17 Еф 4, 3.

18 Иоанн Златоуст, Творения т. 6, Санкт-Петерсбург, 1904, 448.

 

 Извор:МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная