Синаксар во недела на светата Педесетница
Во овој ден, осма недела по Пасха, ја празнуваме Педесетницата. И овој Празник го примивме од еврејските книги. Како и тие што ја слават нивната Педесетница, оддавајќи му почит на бројот седум, и затоа што педесет дена по Пасха го примија Законот, така и ние, празнувајќи го педесеттиот ден по Пасха (Велигден), Го примаме Сесветиот Дух, Кој ни го дава Новиот закон, не упатува на секоја вистина