НАШИОТ НАЈГОЛЕМ СТРАВ
„Мојот најголем страв е да завршам сама, без никој да ме сака и да се грижи за мене“, рекла една госпоѓа кога и го поставиле ова прашање.
На прв поглед би рекле дека овој одговор е добар и точен. Но, ако духовно пристапиме на работите, ќе откриеме дека тој содржи во себе многу себичност.
Најголемиот страв на еден христијанин не треба да биде дали ќе го сакаат или дали ќе се грижат за него.
На прашањето „Кој е вашиот најголем страв? Христијанинот кој живее во Христа одговара сосема поинаку. „Мојот најголем страв е да не можам да ги сакам другите. Мојот најголем страв е да станам неспособен да ги сакам другите како крст, без ништо за возврат и без тенки сметки. Мојот најголем страв е да се покажам недостоен за љубовта на мојот Христос. Мојот најголем страв е да живеам во егоцентричност, поклонувајќи се на сопствениот самоидол, занемарувајќи го мојот ближен, кој и да е тој. Не се плашам дека нема да бидам сакан од одредена личност. Она што ќе ме чини скапо е да престанам да го сакам“.
Не, не е страшно што ти забележаа, што те вознемирија, што те навредија и понижија. Страшно е што не можеш да го заборавиш сето тоа, што не можеш да простиш, што не можеш да се смириш.
Твојот ум “го џвака” она што твоето срце не може да го заборави, независно од тоа дали е добро или лошо.
За да не се удавиш во мислите, исфрли го од твоето срце се што е токсично и штетно и дозволи во него да пуштат корен оние работи кои те поттикнуваат да се насмееш.
Не анализирај сè толку многу. Всади добри мисли и не дозволувај лошите да се вгнездат во твоето срце.
Не заборавај дека на крајот не можеш ништо да промениш или да се вклопиш со секого. Тоа е животот.
Стани приспособлив за она што доаѓа во твојот живот бидејќи егоизмот не прави тромави.
Смирениот човек лесно врви напред. Не затоа што е бесчувствителен, туку затоа што прифатил дека неговите сили стигаат само дотука и дека насила не може да биде сакан или да одговара со останатите.
Не лишувај се од можноста да ја доживеeш среќата останувајќи во минатото и во фиксациите на твојот засегнат егоизам, бидејќи среќата може да постои во твојата иднина. Подари си можност да се ослободиш од минатото на огорченост и безнадежност, негодување и очај и отвори се себеси за иднината која те повикува за да го доживееш Рајот.
Минатото е корисно само ако се користи за да нè направи помудри, избегнувајќи ги грешките што ги направивме.
Сите сме за Рајот. Сите сме таму за да ја доживееме среќата.
Не оправдувајте се себеси, затворајќи се во лоши помисли и лоши ситуации од минатото.
Не заборавај дека некој секогаш те сака и се грижи за тебе. Не заборавајт дека без разлика каква тешкотија го опкружува твојот живот, постои тивка оаза која се нарекува Христос. Тој секогаш те сака. Тој секогаш ти простува. Тој ти дава иднина без крај, без болка, без страдање, само со еден вечен бакнеж на прифаќање.
Автор: архим. Павел Пападопулос
Извор: богоносци.бг
За Преминпортал: Симеон Стефковски
10.09.2023