логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

TViTer803

Дмитриј Семеник

Како што знаеме, покајанието е способно и за повеќе - треба да го преобрази нашиот живот. Но, сме размислувале ли, како се одвива тоа преобразување?
Ако после покајничките молитви и исповед на душата ни е лесно и радосно, се појавила благодарност кон Бога, сме добиле желба и сили да се бориме со гревот, сме добиле љубов кон луѓето - значи, навистина се каеме.


Признаци на лажното чувство на вина
Ајде да ги разгледаме признаците на лажното или невротично чувство на вина подетално.


1. Речиси постојано чувство на униние.

Лесниот степен на униние ретко го забележуваме во себе. Негов признак е - мрзливоста кон спасителни дела. Тешко ни е да се натераме да го читаме утринското и вечерното молитвено правило, да постиме, да се воздржуваме од телесни наслади (кај некого наслади, кај некого алкохол, кај друг гледање телевизија или филмови, зјапање на интернет и друго).


2. Во нашето „покајание“, поточно во чувството на вина не се гледа светлина.

Тоа е неисцрпливо. Покајанието е слично на миење садови. Колку подобро миеш - толку садот ќе биде почист, поблескав, поубав. А „дејството“ на чувството на вина не принесува ниту најмало подобрување на состојбата. Дури ни после исповедта нема никакво олеснување и успокојување, само чувството на исполнет долг: после непријатната
процедура, која е зад нас.


3. Отсуствува вистинското чувство на Божјото милосрдие. 

Според книгите, според историите на другите луѓе, ние, се разбира, знаеме за милосрдието Божјо, знаеме за земниот подвиг на Спасителот. Но сето тоа како да не допира до нас. Во својата тага за своите гревови ние сме осамени. Бог не ни помага.


4. Тешко поднесуваме критика.

Еве што за ова вели психотерапевтот Карен Хорни: „Истовремено со изјавите за тоа, дека тој е недостоен, невротикот ќе покажува големи претензии на внимание и восхит и ќе покаже многу отворено несакање да се согласи ни со најмалата критика... Неговата чувствителност кон причината може да се прикрива со мислата, дека поднослива е само другарската критика или онаа која носи конструктивен карактер. Но таа мисла само се појавува и им противречи на фактите. Дури и другарскиот совет може да предизвика гневна реакција, бидејќи советот од било каков вид претпоставува критика во врска со несовршенството“.
Таквиот човек може да се вознемири дури и од изобличувањата од страна на духовникот, доколку духовникот зборува за гревовите, кои излегуваат од списокот, кој покајникот го изложил. Притоа таквиот човек често се осуетува од ситни гревови, кои ги спомнува на исповед, со кои му ја покажува на духовникот својата исклучителна внимателност кон духовниот живот и чувствителност кон гревовите.


5. Гордост, отсуство на смирение.

Освен неподносливоста кон критиката, кај човекот кој страна од лажни чувство на вина, присуствуваат и сите останати признаци на гордост: суета, униние, роптање и паника во моментите на испитување, осудување на други луѓе итн.


6. Неосвестена желба за казнување. 

Човекот кој страда од невротично чувство на вина, самиот не знаејќи го тоа, бара казнување, бидејќи казната делумно го ослободува од тежината на гревовите, кои тој не е способен да ги отфрли со вистинско покајание, а исто така се покажува како потврда на справедливоста на неговото чувство за вина.

Проверувајќи се себеси врз основа на овие точки, неопходно е да се запамти, дека секоја болест, притоа и психолошка, може да присуствува во нас во различен степен, и овде не дејствува овој пристап, како при настинката: ако настинката е слаба, ќе помине сама од себе. Душевните болести треба да се земаат предвид и да се лечат, дури и ако се присутни во слаб степен, затоа што усилбите за нивно надминување доколку се помали отколку самите проблеми, кои тие нам ни ги создаваат - како во духовниот живот, така и просто на степен на душевната благосостојба.


Својства на вистинското покајание


Иако оваа брошура е за луѓе кои се писмени во духовниот живот, сепак за целосност во раскажувањето да ги напомнеме основните својства на вистинското покајание.

1. Покајанието кое се базира врз чувството на сопствената немоќ самото ќе ги победи гревовите и страстите.


2. Покајанието нераскинливо е сврзано со чувството на Божјото милосрдие и Неговата подготвеност да ни помогне и да ни прости во истиот миг, кога сме се покајале.


3. Покајание кое е базирано врз свеста за Божјата семоќ, посебно нѐ ослободува од власта на демоните (страстите).


4. Покајанието кое е соединето со чувството на надеж на спасение. За ова прекрасно говорел преподобниот Јован Лествичник:

„Оној кој паѓа се скрушува, и иако е без храброст, меѓутоа со пофална бесрамност стои на молитва, како скршен, потпирајќи се врз жезолот на надежта и со него бркајќи го песот на очајанието“.


5. Покајанието носи чувство на олеснување, мир на душата и помага во победата над тие гревови, кои ги исповедаме.

Природата на лажното чувство на вина Во основа на лажното чувство на вина - егоцентризам. Т.е. човекот потсвесно се гледа себеси, а воопшто не Бога, како центар на светот и причина на сѐ што се случува со него. Оттука на природен начин произлегуваат два проблеми:
- невозможно е да се каеш, бидејќи да се каеш може пред некој повисок, а повисоко од мене не е никој;

- никој нема да ми помогне, затоа што јас сум поглавен од сите и единствено самиот на себе можам да си помогнам; Таквиот човек се наоѓа во безизлезна ситуација. Тој гледа дел од своите пороци и неуспеси, но не може ништо да стори со тоа, бидејќи во длабочината на душата не ја признава ни својата немоќ, ни силата и милосрдието на Бога.


Психологијата го поврзува егоцентризмот со инфантилноста. Еве како за ова зборува свештеникот и психолог Андреј Лоргус:
Детето според својата природа се чувствува себеси како центар на светот, центар на сѐ. Таквата свест за себе е природна за детето. Психологот Пиаже го нарекол тоа егоцентрична свест (да не ја мешаме со егоистичната). Детето до пет години е убедено дека сите го гледаат светот исто како и него. Детето не може да си претстави дека другиот човек гледа поинаку од него, не може ни со мислите тоа да си го замисли. Дури после петтата година кај него се формира реално мислење и свест, и тој од егоцентризам преминува на реализам.

Несреќата е во тоа што ние со еден дел на својата личност созреваме, а детските структури на личноста остануваат во емоционалната сфера и во сферата на односите“. Причината за формирање на инфантилност е иста како и причината за љубовна зависност, осудување, неприфаќање на себеси - недостаток на приемчива љубов од страна на родителите. При што, бидејќи појавата на неприфаќањето може да биде различна, овде  тие луѓе, со кои живеело детето, по сета очигледност, се занимавале со обвинување на детето. „Гледајќи ги таквите луѓе, веднаш си претставувам строга мајка или суров татко, кои го казнуваат своето дете. Или многу строга воспитувачка од градинка, или учителка, која стои во поза на осудување и обвинување и му укажува на несреќното дете на тоа, што тој си ја извалкал облеката или ја скинал, или скршил нешто“ - вели отец Андреј Лоргус. Психологот Елена Орестова: „Тебе те ставаат на масата и те тераат да читаш стих, а ти тоа не го правиш, и тебе поради ова силно ти се смеат и велат: „Лошо дете“.

Така малиот човек го навикнуваат на тоа, дека тој е виновен за сето тоа, со што тој, всушност, нема објективна можност самостојно да се справи. Со истото тоа во него воспитуваат гордост, бидејќи како да му велат: „Ти можеш сѐ, ти си семоќен“.

И со тоа чувство со кое го воспитале постарите, чувство на семоќност и вина за сѐ, човекот влегува во возрасниот живот. Последиците од неговите проблеми се појавуваат не само во односите со Бога. Преувеличувајќи го сопственото значење, тој е склон да види непостоечка меѓусебна поврзаност помеѓу своето однесување и однесувањето на другите луѓе. „Зошто си толку молчалив? Што згрешив јас сега?“ - го прашува жената својот маж, кој имал проблеми на работа. Таквиот човек постојано живее во страв од неодобрување и обвинување од страна на луѓето кои го опкружуваат и затоа живее неслободно, често не правејќи го тоа што сака да го прави, само од страв, што ќе помислат луѓето за него.


Исцеление од лажното чувство на вина


Како да се исцелиме од невротичното чувство на вина, во кој степен и да присуствува во нас? Многу може да се направи и без непосредна помош на психолог.


1. Исцеление на односите со родителите.

Како што, можеби, веќе се сетивте, бидејќи основна причина за проблемите се појавува недостатокот од приемчива љубов од страна на родителите, основниот рецепт е истиот како и во претходните две глави („Да ги посвоиш родителите“). Особено внимание да се потрудиме да посветиме на тоа, самите ние да не ги обвинуваме родителите (дури ни во мислите) за ништо, и кон нивните обвинувања кон нас да се однесуваме не како покажување  задоволство кон вселената од наша страна, туку како слабост на страдални луѓе.


2. Приближување кон реализмот преку расудување.

Егоцентризмот нѐ оддалечува од реалното примање на светот, а расудувањето може да ни помогне да ги прифатиме нештата пореално, трезвено. Затоа, чекор по чекор, многу пати во денот, со усилби на умот и волјата, да си напомнуваме за тоа, како стојат нештата во суштина.

Прво. Ние не сме семоќни. Повеќе од тоа, без Бога сме многу слаби и немаме никакви шанси да ги победиме своите слабости, општо- да живееме како што треба.

Второ. Во центарот на созданието не сме ние, туку Бог, Кој го создаде овој свет, толку близок на секој човек, како и нам, и Кој устројува разни надворешни околности за нашето спасение.

Трето. Бог е милосрден и заедно со тоа ни простува и нам уштево тој момент, кога сме искрени, од срце молиме прошка со свест за својата слабост и неопходност од Неговата помош.

Четврто. Нашата улога во животот на вселената и на другите луѓе е ништожна. Кај секој човек има илјадници разни мотиви, па дури и за блиските луѓе ние не сме единствен предмет на нивното размислување и објект на нивните чувства. Општо, во строга смисла, ние никому не сме му вистински неопходни, освен на Бога. Соодветно, и за својот живот и за својата душевна состојба другите возрасни одговараат сами, а ние одговараме само за себе и во голема мера за своите деца.

3. Контрола на својата душевна состојба

Ние треба постојано да ја следиме својата душевна состојба, да ја направиме мерка на правилноста на нашиот духовен живот. Ако очајуваме, доживуваме тревога или страв, не треба да го нарекуваме тоа „тага заради гревовите“ и да се помируваме со таа состојба. Треба да бараме и да ги поправаме своите грешки, кои ја предизвикале таа наша нездрава состојба. Ако не ги наоѓаме, тогаш нека ни биде тоа само уште еден повод да се сетиме на тоа, колку малку зависи од нас и колку силно имаме потреба од помошта на милосрдниот Бог. Да не ја оставаме борбата со унинието дотогаш, додека тоа не биде победено.

4. Борба со гордоста

На борбата со гордоста и суетата (заедно со наоѓањето на радоста) неопходно е да ѝ го посветиме главното внимание во својот духовен живот. Во светоотечката литература оваа тема е детално разработена, па може од делата на светите отци многу да научиме.


(продолжува...)

Превод од руски јазик:
Свештеник Јани Мулев

Јануари 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная