Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
ПРАЗНИК НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’ (06.11.2018)
Иконата „Радост на сите нажалени’’ се чествува на 06. 11 по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на Мојот Син; таму е иконата „Радост на сите нажалени“.