Св. Исак Сирин - За крсниот пат и маките во овој живот
Не му доличи на христијанинот удобно да живее и световно да се радува. Исто така, не треба лицето да ти се помрачува, ниту да сметаш дека не постојат маки на Божјиот пат. Зашто, Неговиот пат отсекогаш и во сите поколенија се среќавал со крст и смрт. И зошто ти мислиш дека удобно можеш да го изминеш патот Божји?