† НЕДЕЛА ОД ТРЕТА СЕДМИЦА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ - КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА
На 22.03.2020 година, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Некатариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.