Се возобновува монаштвото во Пречиста Кичевска (12.12.2016)

Ова светилиште станало дом на многу наши просветлени духовници и учители и поради тоа одиграло особено важна улога во времето на Преродбата. Уште од самото свое создавање, како една голема Богородична светиња, Манастирот бил под посебна закрила на Пречистата Богомајка, и според нејзината чудесна промисла, никогаш не бил оставен без монаштво.










Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.
































