БИГОРСКИОТ МАНАСТИР СО ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА ДЕЛ ОД БОГОСЛУЖБИТЕ
Ваквата ситуација придонесе православната Црква да развие и алтернативни начини за привремено следење на богослужбите. Еден од нив е и директниот пренос на богослуженијата на Фејсбук и Јутјуб, што започна да го практикува и нашата обител. Овој начин предизвика огромен интерес кај гледачите, така што богослужбите се следени од неколку десетици илјади луѓе, не само од нашата земја, туку ширум светот, вели сестра Ефимија.