Од Верскиот календар на МПЦ - Преподобен Јоаникиј Ракотински (24.01.2021)
„Не времето и околностите ги провозгласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога Така запиша во синаксарот од богослужбата за Преподобниот Јоаникиј, химнографот на Великата Христова Црква, сепреподобниот јеромонах Атанасиј Симонопетрски. И несомнено, светоста не може да се ограничи во просторот и времето, бидејќи како исклучиво Божјо својство, таа ги надминува и…
Ретроспектива (2005-2020): Игумен Арсениј Бока: ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИ
Меѓутоа, зборовите на пророк Езекиил се попречени со еден зрак милост, кој опфаќа неколку исклучоци. За нас е од огромен интерес обновувањето на бедното генетско наследство. Следниот извадок е за еден татко, кој направил секакви лоши дела, но во услови на видлива и невидлива






Ни гладoт, ни ѕвeрoвитe нe му гo пoврeдилe тeлoтo вo пустината за мнoгу гoдини,
Непрестајната молитва доаѓа од љубовта, а се губи поради осудувањето на другите, празните разговори и невоздржувањето. Оној што Го љуби Бога, може да мисли на Него ден и ноќ, бидејќи на љубовта кон Бога не ѝ пречат обврските. Апостолите Го љубеле Господ и светот не им пречел во тоа, иако тие размислувале за светот и се молеле за него, и проповедале. А ете, на св. Арсениј Велики му било речено:
Он ни дава животворно помирување. Ние сме истоштени и бессилни, но ете пред нас стои Он неисцрпниот Источник на сите сили. И како што после ноќната темнина сета твар брза со стремеж да го улови првиот зрак на сонцето што изгрева, така и ние насочувајќи го својот духовен поглед кон спасителното Богојавление, жедно ги примаме од Него зраците на божествениот “
Многу христијани имаат желба да одат на реката Јордан и да се измијат во неа. Но без разлика колку пати да се капеме во Јордан, колку пати да пиеме од света вода, ако не се покаеме, нема да се спасиме. Јордан е покрај нас. Тој тече во црквата- тоа е слаткото покајание и исповест. Ако се измиеме со покајание- сите наши гревови ќе бидат избришани.
А кои луѓе биле сведоци на Богојавлението?
Денес, во раните утринските часови со молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во дорот на храмот – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините…
Бидејќи Крштението не е само богопознание, туку и обва и ги посочува секирата и вечниот оган: „Секое дрво, што не дава добар плод, се сече рска за преобразба и богоугодни дела, Христовиот Предвесник и Крстител не укажувал само на познанието на Бога, туку проповедал и покајание, барајќи достојни плодови на покајанието, односно праведност, милосрдие, скромност, љубов и вистина. 


"И кога излегуваше од водата, веднаш виде како Му се отвораат небесата. Гледате ли дека Светото Крштение претставува врата кон небото и дека таму ги воведува оние што се крштеваат? Заради тоа не вели едноставно ‘се отворија небесата’, туку ‘Му се отворија небесата’, и сѐ што се извршуваше на Него,
Потребен е хируршки пристап со голема претпазливост, вештина и љубов. Тоа е исто како, кога му приоѓате на заробениот лав да му ги одврзете оковите за да може сам да оди по патот на слободата. Младите луѓе имаат празнини, тие ја читаат книгата на животот со страници што недостасуваат. Се обидуваме да откинеме неколку страници, но на овој начин ја лажираме нивната животна приказна.
Крштението е Света Тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе, кој бил унакажан од гревот. Исто така, преку крштението се влегува во Црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5).
Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата. Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.
Првите шест дена се денови на творенија, на работа. Денот седми е ден за покој, ден Господов. Осмиот ден, пак, е симбол за идниот век, ден на вечното празнување со Христа. Господ Христос се обреза и го исполни во целост Стариот Завет, давајќи ни го во наследство новозаветното обрезание – крштението, кое е внатрешно, духовно обрезание, завет за заедница на човекот со Бога, и труд за зачувување на таа заедница.
На 15.01.2021 година, во Кочани, обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.
Тие покајани грешници стануваат побели од снег пред Божјото лице, бидејќи се очистени со Неговата благодат. Дојдете, вели Господ. Ако вашите гревови се црвени, ќе станат бели како снег.























