Јеросхимонах Макариј-ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (извадок)
Сакаме ние или не, страдања ни се испраќаат, зашто се спасителни. Бог го прави тоа од љубов кон нас, откако ќе не симне од широкиот пат и ќе не постави на тесниот и мачен пат. Луѓето во светот, исто така, носат маки, и тоа, уште потешки од нашите. Ние имаме грижа само за себеси и за својата душа, а тие се сврзани со брачни врски и имаат деца!... И така, увери се, дека причината за нашите маки се нашите страсти - главно гордоста, а по неа и другите, кои не мачат безмилосно.