Блажени Симеон, Архиепископ Солунски - За светата молитва
Има многу молитви, но најважна од сите е онаа, која ни ја дал Самиот наш Спасител – молитвата „Оче наш“, како што е речено и во Светото евангелие, зашто ја опфаќа во себе целата евангелска вистина, а по оваа молитва, прва според значењето и важноста е спасоносното повикување на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Тоа е Исусовата молитва. Многумина од нашите преподобни отци се потрудиле да нѐ научат на неа.