Митрополит Атанасиј Лимасолски: Бракот е љубов, а не диктатура – (III дел)
Зборовите на Црквата го искажуваат сфаќањето дека во бракот двајцата сопружници ја запазуваат својата личносност и индивидуалност и така можат да општат вистински и меѓусебно без едниот да го уништува другиот. Тоа е љубовта, не да го уништиш другиот туку да го сочуваш, како што Христос дојде и стана човек за нас, не уништувајќи нѐ, туку нудејќи ни спасение. Он го спаси нашето човечко суштествување и ни покажа како реално можеме да станеме совршени луѓе. Истото нешто се случува и во бракот. Човекот се спасува и усовршува во бракот само тогаш кога ќе научи да го љуби другиот.